- Член од
- 16 декември 2008
- Мислења
- 391
- Поени од реакции
- 125
Благодарам на одговорот.Ако и ставил седатив можно е од седативот да била дезиорентирана и изгубена,мускулатурата да и е олабавена па затоа се измокрила додека подуен стомак најчесто укажува на зголемување на некој орган најчесто е бубрег или црн дроб бидејќи напомена дека го исфрлила фецесот и бил тврд (не укажува на паразитарно или стомачно заболување како и застој во перисталтиката на цревата затоа што нема дијареа ниту повраќање).Можно е да се работи само за инфекција(заради зголемената температура он ќе открие при дијагностиката каде е жариштето) или гасови во стомакот.
За жал, потоа мачето доби нови напади кои траеја долго дооолго околу 3-4 часа, морав да и дадам диазепам за да ја смирам (по препорака на ветеринар), бидејки дијагнозата (по телефон зошто беше доцна вечерта) беше епилепсија. Се смири но остана како парализирана, исповраќа се, и желудечна сок и се (повраќаше нешто темно кафено, црно, ветеринарот рече дека тоа било желудечна сок), имаше 2-3 пати пролив не функционираше нити со очи нити со ништо, само на звук но ретко, па се воспостави нова дијагноза вироза или тровање. Премина на витаминска терапија и инфузија, почна малку од малку да се движи, сакаше да оди и со моја помош одеше ама се вртеше во круг на лево, а на десна страна паѓаше, ама и кога ја придржував по неколку чекори почнуваше да се тресе и паѓаше на земја, и по некое време повторно со сите сили се обидуваше да стане. Се воспостави дијагноза удар и продолжи со инфузијата и витамини, но за жал не издржа.
