Не е должност само спрема тебе туку и спрема сите во државата зошто демократијата се ослонува на демосот за да се донесат правилни одлуки и да се одбранат вистинските вредности. Како беше таа поговорка: All it takes for evil to prevail is for good men to do nothing. Со тоа што дозволуваме да имаме зачмаен електорат ги потпомогаме истите оние лопови политичари што не лажат и крадат со години наназад пак и пак да се враќаат на власт поддржани секако од своите партиски војници кои како и своите лидери работат исклучиво во своја лична корист а не во корист на државата. Затоа државата ни е на вакво дереџе. А со самото тоа што луѓето цело време ги гледаат истите фаци како не ги стига политичка одговорност за нивните недела, губат верба во системот, губат верба дека нивниот глас значи нешто и може да смени нешто. Се создава feedback loop, една надолна спирала, каде овој беден изговор за демократија во кој живееме само дава илузија дека се работи за општество во кое владее народот.
За крај запамти дека изборот што го правиш на избори не те засега само тебе, оттука и должноста не е само спрема тебе. Должноста е кон сите граѓани затоа што со тоа им ја одредуваш судбината. Должноста е спрема системот, зошто ако не партиципираш, тогаш системот дава субоптимални резултати.
Паричната казна или можеби награда ќе ги натера луѓето да се заинтересираат за работата на државата, затоа што во спротивно последиците ги трпат сите.
Јас се согласувам со логиката на тоа ЗОШТО треба да се гласа. Јас од мои 18 години, т.е откога стекнав право да гласам, не сум пропуштила изборен циклус и верувај дека сум против апатија и неизлагање на избори.
Но, друг ми е муабетот.
Ако јас, ти и останатите кои излагаме на гласање, имаме такво мислење, не значи дека сите треба да имаат. Некои луѓе не сакаат да бидат дел од системот, некои луѓе не се замараат, едноставно не ги интересира да бидат дел од политичкиот и социјалниот живот на државата.
Не одредува никој туѓа судбина. Поентата на гласањето е секој да го искаже своето мислење и да си одлучи за тоа што тој човек ИНДИВИДУАЛНО мисли дека е најдобро. Некој ќе гласа за Петко, некој за Станко, некој ќе го поништи ливчето од револт, а некој нема да излезе, затоа што не сака да учествува.
Пак ќе ти кажам, правата е битно да ги имаш, а дали ќе ги искористиш е веќе твоја лична одлука.
Муабетот ми е дека не сите сакаат да учествуваат во политичкиот и изборниот процес и тоа е сосема во ред. Не можат сите да бидат заинтересирани.
крејзи, НИЕ одлучуваме за иднината, сите заеднички. и од тука е разидувањето во мислењата.
НИЕ живееме тука, НИЕ учиме тука по некои закони, а не секој сам си учи нели? едноставно сите ние допринесуваме за оваа држава на некој начин. кој повеќе, кој помалку, но СИТЕ сме инволвирани во тој допринос.
тоа со индивидуални примери е супер (слобода на избор), но се само индивидуални. еве уште еден пример, за парното се донесе некаков закон кој те обврзува како прво да побараш дозвола од другите станари за да после тоа можеш да се исклучиш од системот. а и тука не е крај, него иако си исклучен, ти пак ќе мораш да плаќаш на топлификација некој паушал кој само они знаат како го одредуваат. а се работи за “индивидуален“ избор кој и не е така слободен и индивидуален. а овој пример е мал во споредба со одговорноста на гласањето.
Овој пример што го даде со парното е апсолутно пример за тоа како НЕ треба да биде. Јас бев прва која се побуни против тоа. Не може мене државата да ме тера да плаќам нешто што не го користам. (Мислам очигледно е дека може, овде може е во друг контекст употребено) Тоа е во спротивност на интересите на граѓаните. Индивидуално е дали ти ќе користиш парно или ќе се мрзнеш. Ако сакаш и кревет нема да купиш и ќе спиеш на паркет. И сега ај нека да донесат закон дека сите луѓе мора на кревет да спијат.
Сите допринесуваме за државата, секој на различен начин.
Не значи дека ако излезеш да гласаш дека повеќе придонесуваш за државата отколку не би излегол да гласаш.
Пак ќе речам, злоупотреба секогаш може да има, а за спречување на злоупотреба на правото на глас треба правните механизми и државата да го спречат, а не да ги тераат луѓето да излезат да гласаат.