Салвадор Аљенде (1908-1973) бил чилеански политичар, социјалист. Како таков, поради својата политика не им бил по ќеф на многумина, посебно не на САД, кои го претпочитале Августо Пиноче, чија фотографија е веќе постирана на темава. Во септември 1973 година, кога Пиноче извршил државен удар во Чиле, Аљенде кој се бранел затворен со дел од свои приврзаници во претседателската резиденција, наводно извршил самоубиство.
Алдо Моро (1916-1978) италијански политичар, премиер, претседател на Демохристијанската партија. Киднапиран и ликвидиран е од Црвените бригади, лево ориентирана терористичка организација.
Кастро=Куба, Куба=Кастро, а пред Фидел?
Фулгенцио Батиста (1901-1973) бил кубански диктатор, близок со САД, а според некои извори и со мафијата. По победата на Кастро во 1959 година, бега во Шпанија, каде што го минува остатокот од животот.
Сергеј Киров (1886-1934) значаен руски болшевик, врз кого бил извршен успешен атентат. Со оглед на тоа што имал големо влијание, и што бил најсериозниот соперник на Сталин, нималку не е неверојатно последниов да го нарачал убиството.
А сега, малку религија.
Џим Џонс (1931-1978) да ти бил верски водач, мистик, харизматичен манипулатор со голем авторитет. Основач е на сектата Peoples Temple, и веројатно на кованицата „апостолски социјализам“. Сега не е толку познат, како на пример што е Чарли Менсон (сепак, Чалс е посредно заслужен за смртта на една, бремена од Роман Полански, холивудска ѕвезда, Шерон Тејт). Џонс, пак, се насочил кон обичните смртници.
Така, изложен на критиките од дел од амриканското општество, поради неговиот начин на работа, Џими решил да најде прибежиште надвор од САД, каде што ќе може да прави што сака, и каде што никој нема да му пречи. Во јужноамериканска Гвајана, заедно со над 1000 следбеници си формирал заедница која сосем скромно ја крстил по себе, Џонстаун. Арно ама, пустите Американци пак не го оставале на мира, па морал да го ликвидира конгресменот Лео Рајан, кој му дошол на гости, и кој не бил премногу воодушевен од животот на заедницата на Џонс. Натамошното комплицирање на состојбите, ќе го натера светецов на уште порадикални мерки. Бидејќи не сакал никој да му се маша во неговото општество, реши да ги скрати маките. И своите и на општеството. Резултат на тоа биле 913 самоубиства и „самоубиства“.
a