- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 5.704
- Поени од реакции
- 3.266
Со истото право со кое не си излегол да гласаш.Од друга страна, ако не излезеш да гласаш, со кое право ќе се буниш да се смени власта подоцна или да плукаш по неа?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со истото право со кое не си излегол да гласаш.Од друга страна, ако не излезеш да гласаш, со кое право ќе се буниш да се смени власта подоцна или да плукаш по неа?
Со истото право со кое не си излегол да гласаш.
И со неизлегување на гласање се искажува незадоволство и тоа незадоволство од сите понудени опции.Незадоволството од кандидатите не се искажува со седење дома, гледање холограмски слики на Сител, следење на проценти кои се движат со вртоглаво темпо и јадење чипс.
Незадоволството се искажува надвор.
И со неизлегување на гласање се искажува незадоволство и тоа незадоволство од сите понудени опции.
па муабетот е дали ТРЕБА да биде задолжително. во мом во уставот е ИЗБОР, а јас само го изнесов својот став дека ТРЕБА да биде задолжително со аргументите што ги кажав. а ти, со споредбатата за крушите, ....... не е на исто ниво држава и круши. со крушите се засегнати 2-3, производител, продавач и купец. а со изборите, сите сме засегнати. секој еден кој е жител на државата ги сноси последицците од правилно или погрешно избраните политичари. непостои некој кој е имунт на тие избори. тоа ми е причината зошто треба да бидат обврска.Абе ајде... Запишано е у Устав, право на глас, тоа не значи обврска.
Иначе јас сум против задолжително гласање. Затоа што, неизлегувањето на гласање истотака е избор, едноставно на еден човек не му се допаѓа понудениот избор, и ИЗБИРА да не оди на гласање. Како на пазар, одиш да пазаруваш круши, не ти се допаѓа, на една тезга, не ти се допаѓа на друга, на трета, и на крај се одлучуваш да не купуваш![]()
Која должност према државата?Некои на темава многу се насекираа за слободата па само да ги прашам кај им е слободата да речат не, кога ќе ги викнат да ја бранат државата, кога ќе треба да сведочат за кривично дело....
Кога е во прашање должноста кон државата слободата паѓала и ќе паѓа во втор план, така да, аргументот ви е невалиден.
Не е должност само спрема тебе туку и спрема сите во државата зошто демократијата се ослонува на демосот за да се донесат правилни одлуки и да се одбранат вистинските вредности. Како беше таа поговорка: All it takes for evil to prevail is for good men to do nothing. Со тоа што дозволуваме да имаме зачмаен електорат ги потпомогаме истите оние лопови политичари што не лажат и крадат со години наназад пак и пак да се враќаат на власт поддржани секако од своите партиски војници кои како и своите лидери работат исклучиво во своја лична корист а не во корист на државата. Затоа државата ни е на вакво дереџе. А со самото тоа што луѓето цело време ги гледаат истите фаци како не ги стига политичка одговорност за нивните недела, губат верба во системот, губат верба дека нивниот глас значи нешто и може да смени нешто. Се создава feedback loop, една надолна спирала, каде овој беден изговор за демократија во кој живееме само дава илузија дека се работи за општество во кое владее народот.Која должност према државата?
Дали ќе излезам да гласам или не е МОЈ избор и должност према САМАТА СЕБЕ, а не према државата. Тоа е исто ко да го забранат самоубиството со закон. Пошто должност му е на некој да работи и да плаќа даноци на државата, како смее да се самоубива?!!
Неизлегување на избор и прешкртување на ливче ја носат ИСТАТА порака.
Истата порака е, со разликата дека тие што неизлегуваат, одлучуваат попаметно да го искористат СВОЕТО време.
...
Истото е и со едното и со другото, со таа разлика што никој не ме тера да одам да гласам, него сама си одлучувам за својата иднина.
Јас се согласувам со логиката на тоа ЗОШТО треба да се гласа. Јас од мои 18 години, т.е откога стекнав право да гласам, не сум пропуштила изборен циклус и верувај дека сум против апатија и неизлагање на избори.Не е должност само спрема тебе туку и спрема сите во државата зошто демократијата се ослонува на демосот за да се донесат правилни одлуки и да се одбранат вистинските вредности. Како беше таа поговорка: All it takes for evil to prevail is for good men to do nothing. Со тоа што дозволуваме да имаме зачмаен електорат ги потпомогаме истите оние лопови политичари што не лажат и крадат со години наназад пак и пак да се враќаат на власт поддржани секако од своите партиски војници кои како и своите лидери работат исклучиво во своја лична корист а не во корист на државата. Затоа државата ни е на вакво дереџе. А со самото тоа што луѓето цело време ги гледаат истите фаци како не ги стига политичка одговорност за нивните недела, губат верба во системот, губат верба дека нивниот глас значи нешто и може да смени нешто. Се создава feedback loop, една надолна спирала, каде овој беден изговор за демократија во кој живееме само дава илузија дека се работи за општество во кое владее народот.
За крај запамти дека изборот што го правиш на избори не те засега само тебе, оттука и должноста не е само спрема тебе. Должноста е кон сите граѓани затоа што со тоа им ја одредуваш судбината. Должноста е спрема системот, зошто ако не партиципираш, тогаш системот дава субоптимални резултати.
Паричната казна или можеби награда ќе ги натера луѓето да се заинтересираат за работата на државата, затоа што во спротивно последиците ги трпат сите.
Овој пример што го даде со парното е апсолутно пример за тоа како НЕ треба да биде. Јас бев прва која се побуни против тоа. Не може мене државата да ме тера да плаќам нешто што не го користам. (Мислам очигледно е дека може, овде може е во друг контекст употребено) Тоа е во спротивност на интересите на граѓаните. Индивидуално е дали ти ќе користиш парно или ќе се мрзнеш. Ако сакаш и кревет нема да купиш и ќе спиеш на паркет. И сега ај нека да донесат закон дека сите луѓе мора на кревет да спијат.крејзи, НИЕ одлучуваме за иднината, сите заеднички. и од тука е разидувањето во мислењата.
НИЕ живееме тука, НИЕ учиме тука по некои закони, а не секој сам си учи нели? едноставно сите ние допринесуваме за оваа држава на некој начин. кој повеќе, кој помалку, но СИТЕ сме инволвирани во тој допринос.
тоа со индивидуални примери е супер (слобода на избор), но се само индивидуални. еве уште еден пример, за парното се донесе некаков закон кој те обврзува како прво да побараш дозвола од другите станари за да после тоа можеш да се исклучиш од системот. а и тука не е крај, него иако си исклучен, ти пак ќе мораш да плаќаш на топлификација некој паушал кој само они знаат како го одредуваат. а се работи за “индивидуален“ избор кој и не е така слободен и индивидуален. а овој пример е мал во споредба со одговорноста на гласањето.