Еве отворено писмо до Кандидатите за градоначалници во Скопје, кое го одразува духот на нашите дискусии. Што мислите: Дали некој од Кандидатите ќе прифати овој предлог кој ќе му донесе сигурна победа на локалните избори?
............................................
Oтворено писмо до Кандидатите за градоначалник во Скопје
Од Смрт за зони и пајак возила – Форум Кајгана, Скопје
Предмет: Предлог како сигурно да победите на Локалните избори
Во Скопје секој месец пајаците подигаат околу 2500 илјади возила. Овој податок е точен и потекнува од Советот на Градот Скопје. Имено на почетокот на 2010 Советникот Г-дин проф. д-р Зоран Шапуриќ, за ова постави советничко прашање. Одговорот на тоа советничко прашање е објавен во сите медиуми на почетокот на јуни 2010. Тој одговор е: За 9 месеци во 2009 година се одстранети 14 825 возила или 1650 месечно.
Оваа информација во целост можете да ја проследите на следнава адреса:
http://www.ldp.org.mk/LDPnizMakedonija.asp?rb=90
Денес бројот на подигнати возила е зголемен. Во меѓувреме се набавени 3 нови пајака и Општина Центар набави уште 2 пајака. И времето на „ работење“ на пајаците зголемено – сега е нон стоп 24 часа „ турбо работење “ и делник и празник. Скромна проценка е дека денес месечно се подигаат 2500 возила.
Според Законот за безбедност во сообраќајот, за неправилно паркирање се предвидени парични казни. Овие казни воопшто не се мали и се движат од 45 до 250 евра. Одстранување на возило со пајак е предвидено само ако возилото представува непосредна пречка или опасност за одвивање на сообраќајот. Тоа е предвидено со член 400 од Законот кој гласи:
„ Ако возилото е паркирано на место на кое тоа представува непосредна опасност за учесниците во сообраќајот или пречка за нормално одвивање на сообраќајот или е паркирано на зелена површина, униформираниот полициски службеник може да нареди возилото да се одстрани, а по потреба и да се пренесе на друго место, на трошок на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото. “
Иако одредбите на овој член се сосема јасни, директорите на двете ЈП, ги подигаат сите возила што се неправилно паркирани, бидејќи на тој начин заработуваат или како што самите велат „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
2500 подигнати возила месечно, представува 30000 илјада возила годишно. Што значи само во минатата година 30 илјади граѓани на Скопје, платиле за пајак, трчале до депота кај Железничка станица и биле малтретирани и понижувани. Затоа бидете уверени дека најмалку 30 илјади гласови ќе добиете на следниве Локални избори, ако ветите дека за време на Вашиот мандат, немаа да дозволите злоупотреба на пајак возилата. Овие 30 илјади гласови Ви се сосема доволно да ги победите противкандидатите уште во првиот круг.
А тоа значи ако го прифатите овој предлог, ќе станете НАШ Градоначалник
Во Скопје на 18. 03. 2013. Со почит : Смрт за зони и пајак возила