Наидува 31.05.2013, гасење на Аналогниот сигнал. Колку што гледам, гледачите кој што со стари ТВ апарати со антени гледаа МРТВ , ( а каде има и други МК телевизии), сега освен Радиодифузната такса ќе мора да плаќаат задолжително и месечна претплата на некој Оператор. ОНЕ, кој ја врши дигитализацијата излезе со понуда Мини БООМ ТВ, но и тоа е со задолжителна претплата, 199мкд месечно и задолжителен Договор на 24 месеци. Потребно е правно толкување, кој треба да понуди на пазарот уреди ( Сет Бокс конвертори) со кој ќе може да се прати некодираната дигитална програма на МРТВ. Посебно што има реони НЕПОКРИЕНИ од ОНЕ. Не се работи само за 199 мкд месечно, туку со ова ОНЕ е во привилегирана и монополска позиција. Дали може некој надлежен орган да го натера ОНЕ или МРТВ да им понудат на граѓаните решение со еднократно купување на соодветен Сет Бокс уред со кој ќе може да гледаат МРТВ со постојните телевизори, а врз основ дека на МРТВ и плаќаат Радиодифузна такса ???
Друго решение е УКИНУВАЊЕ на Радиодифузна такса и кодирање и на МРТВ, па наместо Радиодифузна такса граѓаните ќе плаќаат МиниБООМ ТВ, а МРТВ нека си зема дел од ОНЕ
Друго решение е УКИНУВАЊЕ на Радиодифузна такса и кодирање и на МРТВ, па наместо Радиодифузна такса граѓаните ќе плаќаат МиниБООМ ТВ, а МРТВ нека си зема дел од ОНЕ