иако слабо знам босански сепак видеото е добро и да прашам дали додека му биле последните денови од живот тој сепак знаел дека има нешто недокажано па го кажал пред да си замине од овој свет?
сакав да те прашам за оваа вест што мислиш ти
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/moderen-vahabizam-preku-kosovo-se-shiri-i-vo-makedonija
посебно за делот
Аналитичарите што ги следат состојбите со ширењето на исламското учење на вахабистите велат дека на овие простори се развива балканска варијанта на овој правец, пософистицирана и со поинакви духовни пораки од оние во арапскиот свет
Локалните вахабисти уште кон крајот на 2008 година почнале да им се закануваат на малобројните католици на Косово, иако само вербално. Сепак, за католиците тоа било доволен повод да почнат да се иселуваат од Косово. Случајот со местото Јањево на Косово, каде што живеат Хрвати-католици, е драстичен пример за иселувањето.
Странските аналитичари што ги следат случувањата на Косово, во Албанија и во западниот дел од Македонија забележуваат дека во пристапот, организацијата, во зборувањето и целите, вахабизмот на Косово во многу нијанси е поинаков, модерен и пософистициран од вахабизмот во другиот исламски свет
сакам да знам која е разликата меѓу овој ислам кај нас и оној во арапскиот свет ?
за болдираното:
На опростниот хаџ(на последниот хаџ) пратеникот Мухаммед меѓу останатот го завршува говорот со зборовите:
О верници! Секогаш говорете ја вистината,нека омразата никогаш не ве заведе од патот на правдата и праведноста. Праведноста е сестра на побожноста. Плашете се од Бога,Тој вашите дела ги познава.
Понатаму Мухаммед с.а.в.с. викнал:
О Боже мој! Дали ја исполнив задачата и доверената мисија?
Околу 150.000 хаџии во еден глас повикаа: Божји пратениче. Ти верно ја исполни мисијата и ни соопшти тоа што Бог ти го поверил.
После овој говор е објавен последниот ајет од Куранот:
"Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен сум исламот да ви биде вера."(сура Ел-Маида,3)
Така да,објавата е потполна,исламот е потполна вера,нема веќе ни пратеници ни објави до Судниот ден.
Разлика меѓу исламот овде и исламот во арабија нема,Куранот 1400 не е променет и ќе остане непроменет до Судниот ден.
Разлики има само во толкување и практикување,и некои традиции кои не се косат со исламот.
инаку веќе реков,алкохолот,каматата,блудот и останато е забрането за муслиманите како овде така и во арабија така и во босна и секаде каде што живеат муслимани.
Намазот(молитвата) е задолжителна пет пати на ден секаде каде што живеат муслимани.
Сурите од Куранот на арапски се исти и овде и во арабија и во индонезија и во босна и во бангладеш и секаде каде што живеат муслимани.
Нема заостанат и модерен ислам,Исламот е ИСЛАМ,кој се темели врз Куран и суннет(делата и зборовите на Мухаммед) и тука нема ни одземање ни додавање.