Искрено покајување и неповторување на гревот е лекот за се
Посебно за немуслиманите кои примаат ислам,почнуваат од нула
Што се однесува стриктно за тетоважата,не е услов да се тргне по секоја цена ако тоа би ти нанело штета.
Но доколку може да се тргне медицински без притоа да ти нанесе штета тогаш е пожелно да се тргнат
првото болдирано, имам две прашања. прво, зошто ПОСЕБНО за немуслиманите кои примаат ислам? што сум јас ПОпосебен од некој друг (муслиман). второто е дека делува ко лицемерно, само за да смени вера затоа сум привилигиран. збунка ми е тука тоа “посебно“.
другото болдирано, кој ќе одлучи дали е штетно или не? верското лице? лекар?
Па не е исто за муслиман,кој живеел во муслиманска фамилија,знаел дека е забранет алкохолот,но го пиел.
знаел дека треба да се обавува 5 пати молитва,но не ја обавува.
и ред други работи,кои ги знаел но свесно ја одбивал вистината.
затоа пак велам,искрено покајување е лек за се,Аллах знае на кого ќе му ги претвори лошите дела во добри заради покајувањето.
За немуслиманите реков дека е посебно добро,затоа што си израснат како немуслиман,не си имал никакви допирни точки со исламот,не си запознаен со исламското верување и со исламските забрани и дозволени работи и слично.
Не би било фер да бидеш казнет за она што не си знаел нели?
Аллах е милостив и многу простува.
Во сура Худ,114 ајет Аллах вели: "
Добрите дела,навистина ги поништуваат лошите"
За вториот дел,ако со тетоважи заминеш кај верско лице и му кажеш дека сакаш да примиш ислам и го прашаш Што е потребно за да примиш ислам,никој нема да ти рече Потребно е прво да ги тргнеш тетоважите
туку ќе ти рече треба да го изговориш шехадетот(сведочење дека нема друг Бог освен Аллах и Мухаммед е негов пратеник)
Бидејќи со самото искажување на шехадетот и примањето на исламот значи дека си се покајал за тоа што си го правел пред да го примиш исламот,ако по примање на исламот прашаш што да правиш со тетоважите,верско лице ќе ти каже дека тетоважите се забранети за тебе како муслиман,но ако веќе си ја имал таа тетоважа тогаш ќе ти рече дека треба да се консултираш со доктор,ако ти каже дека е штетно отстранувањето тогаш нема да ја отстрануваш.
Ако не е штетно по здравјето,тогаш е пожелно да ја отстраниш.