и во МК влези со куп печати од Азија- гол ќе те соблечат и дури далеку повеќе ќе те тресат од русите, а за Америка да не збориме
--- надополнето: 14 март 2013 во 20:57 ---
ПС
Прво незнам што очекувате од CNN-кога станува збор за Русија?
второ Русија е огромна држава - која располага на два континента.Во неа се наоѓа буквално Европа и Азија во мало.
Од друга страна е во постојана војна со по некоја муслиманска држава, од трета страна има голема наезда на странци од коишто неможат да се одбранат како од вошки.
Тоа е исто ко да кажете дека во Европска унија се негостопримливи- Русија е широк поим.Во Моска дневно 3-4 милиони странци поминуваат, така што они се многу добро настроени особено кон словенските народи и они ги делат - не по балканци и не балканци.Ги делат народите по словени и несловени и по Азијати и останати.
За големите градови ако може нешто да се каже сигурно не е негостопримливоста - повеќе би рекол дека е рамнодушност- а,кон азијатите и муслиманите можеби да, ама кон нас никако.
Азијатите и муслиманите се народи од коишто Русија страдала- со коишто била во војна и сеуште е .Против кинезите- заради огромната наезда на гастербајтери ,на второ место се оние од Кавказот -додека пак, кон јапонците не се -иако и они се азијати ама тие доаѓаат како туристи. И трета група дојденци - господа од Западот од типот на Сорос - којшто постојано инвестираат во некакави невладини организации кои се наводно многу загрижени за човековите права..... еееее нив русите навистина не ги сакаат .Тоа се тие три групи кои нема да бидат пречекани со насмевка во Русија.
за крај ќе кажам дека русите се многу културен народ- дека има многу пијаници е исто точно, дека може да изеде ќотек некој е исто така точно- но многу зависи во кои области се шетал и во кое време од денот( ама тоа го има во сите големи градови)
зборувате за МК - дека е гостопримлива- што е и нормално кога ретко гледа странци - тоа исто важи и за други држави каде што ретко стапнува странец таму се многу многу погостопримливи.
ај доста е....