CNN: Македонија четврта најпријателска земја кон туристите

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ова е многу интересна тема, денес никна по нашите портали, еве ја и оригиналната вест на CNN.

Топ 10 најгостопримливи земји се:
1. Исланд, 6,8
2. Нов Зеланд, 6,8
3. Мароко, 6.7
4. Македонија, 6,7
5. Австрија, 6,7
6. Сенегал, 6,7
7. Португалија, 6,6
8. Босна и Херцеговина, 6,6
9. Ирска, 6,6
10. Буркина Фасо, 6,6

Додека пак топ 10 најнегостопримиви земји се:
1. Боливија, 4,1
2. Венецуела, 4,5
3. Руска Федерација, 5,0
4. Кувајт, 5,2
5. Латвија, 5,2
6. Иран, 5,2
7. Пакистан, 5,3
8. Словачка, 5,5
9. Бугарија, 5,5
10. Монголија, 5,5

Повеќе прочитајте тука.

Покрај тоа што би сакала да продискутираме за гостопримливоста, ме интересира и вашето искуство надвор, односно каде сте биле вие најдобро дочекани, каде најлошо?

Инаку се сложувам дека сме гостопримлив народ, сите странци што дошле тоа го потврдуваат, имаме ние проблем што меѓу себе не сме гостопримливи, па очи си вадиме, инаку со странците сме секогаш љубезни. :)
 
За Русија ми кажувале, не сум бил, дека многу биле непријателски расположени кон странци, посебно кон Азијати.
 
За Русија ми кажувале, не сум бил, дека многу биле непријателски расположени кон странци, посебно кон Азијати.

Па и се. И јас сум слушал за тоа.
 
Русија е катастрофа. Во Владивосток еднаш ме држеа оти имав АУС пасош, балканско име и еден куп печати од азија. Не им беше јасно 2 саати ме тресеа ко џемс бонд да сум.

Монголија е точно. Неќат странци.

Чудно ја нема Саудиска Арабија за мене најлоша држава за тоа. На аеродром ми кажаа да сум си го приберел крстот на ланчето.

Листата на гостопримливи е смешна без Тајланд - LOS, land of smiles.
 
Ретко позитивен контекст од страна на CNN(освен рекламите кои дебело си ги плативме)...и се надевам дека и во иднина ќе си ја читаме земјава во други позитивни топ 10 категории.
 
То шо викаш, да не беа охриѓаните, на прво место ќе беше Македонија.

Охриѓаните се супер, ама ако те чуе дека си од Скопје.... некако алергични се на скопјанишча :) :) :)
 
Македонче со македонче опасна реакција, експлозив C4, ама македонец со странец како со брат...:icon_lol:
 
За Русија ми кажувале, не сум бил, дека многу биле непријателски расположени кон странци, посебно кон Азијати.

Се, дури и во авион стујардесите се арогантни, однос како да те мразат.

А гледам и Бугарите добро котират на листата...Од искуство што имам со Бугари можам да кажам дека се многу див народ кога си со нива како на криво да те гледаат цело време. Така да не ме чуди дека се меѓу најнепријателски расположени кон туристите (молам да не ме цитират Бугари и да ме убедува дека тоа што го гледам со свои очи не е така).

Монголците се такви затоа што се номадски народ научен да живее осамен и плус не се навикнати на странци, многу малку имале можност за контакти со немонголско население.

Пакистан тоа е јасно.

Е сега најчудно ми е за Боливија мене не ми оставиле таков впечаток но и тие се народ кој немал многу контакт со надворешноста па така веројатно живееле изолирано и тешко им е да прифаќат странци. Мислам дека може да се спореди со Берово кај нас.:)
--- надополнето: 14 март 2013 во 19:16 ---
Охриѓаниве изглеа само према нас се ѓубриња :D Еве странциве задоволни.


Не бе друже да не беа Охриѓаните ќе бевме први.
 
Хм, и овде читам за Русија негативно...
Јас пак отсекогаш сум мислела дека се топол, весел народ, огромна желба ми е да одам во Русија и секад сум имала претстава во главата дека се гостопримлив народ.
 
Хм, и овде читам за Русија негативно...
Јас пак отсекогаш сум мислела дека се топол, весел народ, огромна желба ми е да одам во Русија и секад сум имала претстава во главата дека се гостопримлив народ.


Епа очигледно едно е тоа што човек го има у главата друго е она што се случува на „терен„.
Русите воопшто во Македонија ги бие добар глас иако многу малку луѓе знаат дека и историски ни се едни од најголемите душмани.
 
Епа очигледно едно е тоа што човек го има у главата друго е она што се случува на „терен„.
Русите воопшто во Македонија ги бие добар глас иако многу малку луѓе знаат дека и историски ни се едни од најголемите душмани.
А бе не зборам сега историски/политички гледано. Си ја знам историјата. :)
Настрана тие односи, муабетот ми е дека имав некоја замисла дека се гостопримливи како народ, ич не ми делуваат дека се намргудени. А Русија според мене е многу убава држава за да ја посетиш, особено Москва, а желба ми е и на Сибир да одам, ама еве веќе се повторува приказната т.е муабетот дека не се гостољубиви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom