Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да одиме еден час понапред?


  • Вкупно гласачи
    206
Бидејќи се бориме за странски инвестиции кои ќе отвараат погони за полуфабрикати наменети за европскиот пазар, логично е овој потег да е добра варијанта.

При транспортот "заштедуваат" еден час, а близината на Македонија до европските земји е главниот адут на државата да биде избрана пред Кина за отварање на вакви погони.
 
На протести пред влада.

Не ми мења ништо. За ден-два ќе се привикнат сите.
 
Дефинитивно ЗА!
Уште да го укинат зимското сметање на времето, да бидеме цела година на летно, уште подобро ќе биде. Ќе имаме за користење поголем дел од денот, а не како сега, се преспиваат зората и утрото. А тоа позитивно влијае и на расположение и продуктивност. Плус заштедите на електрична енергија за осветлување и греење ќе се огромни.
Точно е дека географски поголемиот дел е во GMT+1 зоната, меѓутоа Бенелукс, Франција, Шпанија географски комплетно се во GMT0 а часовно се во GMT+1, плус првите две се и доста посеверно од нас.
 
Исти кур ти се фаќа, само ден-два ке е најголемата разлика додека да се прилагодиме и фактот дека треба да се навикнеш дека си во нова зона..
 
Да се укине промената зимско/летно сметање на времето и да се ставиме на варијантата со поголем ден (+1 час). Јас дури би одел на +2 часа, да биде во 22-23.00 дење
 
Ти го читаш воведниот пост, или мора во секоја тема да внесеш некоја „голема мисла“?
Дај без доскочици те молам, ако не ти се дискутира и немаш што да кажеш на одредена тема, подобро одмини ја и најди си нешто интересно во Играчница...

Назад на дискусијата.
Ок шефе како ќе кажеш ти така .
 
Сеедно ми е. Само не ми е јасно, што предности и негативности ќе испитуваат? Што толку менува еден саат? :)
 
Прашање е сега „швајцарскиот“ дел од државава (и од коалицијата) како ќе го доживее ова и дали планираат да го запалат Скопје и во овој контекст....дали може „нивните“ општини ќе си цепаат по свое као за све друго....
 
Не. Затоа што треба да си тераме проевропска политика. Патем, смешно е да викаш демек посончеви денови кога сите досеа сме се родиле коа Македонија е ставена во CET+1 и ова повеќе би го сметал за луксуз по цена на пропаднати бизниси затоа што ја имаме сменето временската зона.

On the other hand... кои па црни бизниси ги тераме? :pos:
 
Имаме поголема трговска размена и бизнис врски со ГМТ+1 од ГМТ+2. Германија Екс Ју Италија итн. значи се губи 1 час можност за комуницирање со бизнис партнерите.
 
Ова со бизнис комуникацијата отсекогаш ми бил смешен аргумент за оваа тема, особено во денешно време на мобилни и мејлови. Приватен бизнис не стои и не завршува со работното време, туку врти 24/7. Гледам, Европа и Америка со минимум 6 саати временска разлика мака мачат да тераат бизнис меѓусебно.

Промената треба да се воведе од практичен аспект за обичниот човек, за населението.
Оние што `рмбаат за туѓи бели дворови и си копаат црни гробови.
Дајте им на луѓето СОНЦЕ!!! :)
 
Да одговорам на сите на кои не им е јасно што би добиле со промената на временската зона.


Најбанален пример. Сијалиците сите ги палиме кога ќе се стемни, а ги гасиме пред да одиме на спиење, да речеме во 23 часот (настрана ноќните птици, кои се сепак малцинство). Во зима се стемнува во 16ч, значи светилката ќе работи 7ч. Ако прејдеме во гмт+2 ќе се стемнува во 17ч, значи светилката ќе работи 6ч, т.е. еден час помалку. Помножете го овој час со бројот на светилки и бројот на зимски денови и ете ви ја заштедата.
Истата заштеда ќе ја имаат и сите фирми кои работат до и по 17 часот.

Слична калкулација има и за греење и ладење, каде може да се остварат и уште поголеми заштеди.
 
да му ибам кујчата на сите , тие мене че ми крата од живото еден сат , ако треба во 7 да станувам че треба во 6 , кој се тие да одлучува за мене колку сато е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom