Баш ме интересира и мене кои се условите за добивање, колку чинат и дали можеш да ги продадеш...
Не можеш да ги продадеш. Значи не можеш.
Еве некој оглас - чисто да ги разгледаш условите.
Инаку, државата гради 2 типа на згради
1. Станови кои ги продава по многу ниски цени и со долг рок на враќање на парите
2. Станови кои ГИ ДОДЕЛУВА БЕСПЛАТНО НА КОРИСТЕЊЕ на луѓе кои се социјално загрозени - односно деца без родители (кои според мене треба да се секогаш ПРВИ на листите) и останати семејства кои немаат имот на свое име и имаат мали месечни (или никакви) примања.
Станот останува на КОРИСТЕЊЕ се до оној момент додека лицето или некој член на семејството (мајка, татко, сопружник итн...) не се стекне со имот на свое име.
Социјален стан не се купува и не се продава. Се користи.
--- надополнето: 13 март 2013 во 02:51 ---
Баш ме интересира и мене кои се условите за добивање, колку чинат и дали можеш да ги продадеш...
--- надополнето: 13 март 2013 во 02:44 ---
А ако им дале двособен стан кога семејството имало едно дете па после се родиле уште две деца да речеме, значи пораснало семејството, нема да може да си го продадат тој стан па да си купат поголем?
Не затоа што не е нивен станот. Го користат.
Ако сакаат да купат стан - и купат, овој ќе го изгубат и ќе го користи некој што нема никаков дом.
Затоа е социјален стан, создаден од данокот на вработените во земјата, за оние без покрив над глава да имаат кај да ја стават главата. Не станува тука збор за проширување на семејство и приватност - секое дете своја соба, туку за гола егзистенција.