Социјални станови

  • Креатор на темата Креатор на темата Хоуп
  • Време на започнување Време на започнување

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.677
Поени од реакции
10.086
Локација
Sunset Blvd.
Ќерка сум на самохрана мајка и добивме социјален стан оваа година, па ме интересира се во врска со тоа кој знае да каже. Сеуште не сме преселени, не ги знаеме ни условите ни што како. Секаде се нервозни за прашања, па доколку некој е запознаен со ова еве и тема. Ви благодарам
 
Не дека и јас сум запознаен многу добро ама да пренесам колку што знам т.е ми имат кажувано. Значи ги има основните работи каде што ги има секаде опремено е за сите потреби со добри услови и можност за уште подобро за кој може
 
Фала ти, секоја информација ми е добродојдена.
 
Јас колку што знам е дека не смееш да го оттуѓиш (продадеш) станот.
 
Ако неможеш да го продадеш значи не е твој. Само можеш да живееш во него? :eek:
 
Не е скроз бесплатен и социјалниов стан барем колку што знам, го исплаќаш доста време секако со цена помала од нормалната вредност плус владата субвенционира дел од цената за исплаќање. Ваљда тек после тоа можеш да го продаваш..
 
Ако го продадеш значи имаш кај да живееш, и не ти треба социјален стан, и тој социјален стан може да се даде на некој кој нема кај да живее и му треба.
Да, намерно е тоа направено, за да не се профитира од оваа ситуација.

Не може некој (колку и да обесправен) и има каков - таков дом да добие стан, а некој и гол и бос и башка на улица, да не добие.
 
Баш ме интересира и мене кои се условите за добивање, колку чинат и дали можеш да ги продадеш...
--- надополнето: 13 март 2013 во 02:44 ---

А ако им дале двособен стан кога семејството имало едно дете па после се родиле уште две деца да речеме, значи пораснало семејството, нема да може да си го продадат тој стан па да си купат поголем?
 
Не можеш да ги продадеш. Значи не можеш.
Еве некој оглас - чисто да ги разгледаш условите.

Инаку, државата гради 2 типа на згради

1. Станови кои ги продава по многу ниски цени и со долг рок на враќање на парите
2. Станови кои ГИ ДОДЕЛУВА БЕСПЛАТНО НА КОРИСТЕЊЕ на луѓе кои се социјално загрозени - односно деца без родители (кои според мене треба да се секогаш ПРВИ на листите) и останати семејства кои немаат имот на свое име и имаат мали месечни (или никакви) примања.
Станот останува на КОРИСТЕЊЕ се до оној момент додека лицето или некој член на семејството (мајка, татко, сопружник итн...) не се стекне со имот на свое име.

Социјален стан не се купува и не се продава. Се користи.
--- надополнето: 13 март 2013 во 02:51 ---
Баш ме интересира и мене кои се условите за добивање, колку чинат и дали можеш да ги продадеш...
--- надополнето: 13 март 2013 во 02:44 ---

А ако им дале двособен стан кога семејството имало едно дете па после се родиле уште две деца да речеме, значи пораснало семејството, нема да може да си го продадат тој стан па да си купат поголем?

Не затоа што не е нивен станот. Го користат.
Ако сакаат да купат стан - и купат, овој ќе го изгубат и ќе го користи некој што нема никаков дом.

Затоа е социјален стан, создаден од данокот на вработените во земјата, за оние без покрив над глава да имаат кај да ја стават главата. Не станува тука збор за проширување на семејство и приватност - секое дете своја соба, туку за гола егзистенција.
 
Ќерка сум на самохрана мајка и добивме социјален стан оваа година, па ме интересира се во врска со тоа кој знае да каже. Сеуште не сме преселени, не ги знаеме ни условите ни што како. Секаде се нервозни за прашања, па доколку некој е запознаен со ова еве и тема. Ви благодарам
Во Скопје добивте стан?
 
Значи становите не се продаваат и ако сум добро информиран и не се сосема бесплатни. Но цената е ептен мала од квадрат демек тоа било за одржување на истите
 
Ова е најточниот одговор на темава .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -G-
Како знаеш дека темава е на македонски форум?

Одма се почнува со продавање/правење пари муабети од нешто што содржи социјален во него.
 
Знам дека кај нас за стан од некои 50-60 квадрати плаќаат од 500-700 ден месечно како кирија во првите 4 години. За понатаму не знам.
 
Како знаеш дека темава е на македонски форум?

Одма се почнува со продавање/правење пари муабети од нешто што содржи социјален во него.

Дечко јас само прашав да не е информиран некој да знае, не ми требаат твоите бисери. Имаш над иљада други теми нема што да ме читаш мене..
--- надополнето: 13 март 2013 во 16:24 ---
Во Скопје добивте стан?

Не, во Битола.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom