Доколку е точен хороскопов, општо генерално гледано за ракот, точно е дека многу сме чувствителни.
Ама прочитав дека голема улога има и подзнакот (јас сум скорпија). Па ако може
Plavooka или некој што повеќе се разбира да каже поконкретно.
Пошто гледам голема галама се крена околу Раковите, еве:
http://astro-zona.com/index.php/astro-eros/11-rubriki/eros/29-vljuben-rak
Ракот е голем емотивец, исто и Шкорпијата (која за разлика од Ракот, емоциите умее успешно да ги скрие, бидејќи со неа владеат Марс и Плутон). Подзнакот би требало да ти се активира после 30-тата година од животот, но не мора да значи, бидејќи можеш и порано да ги осетиш неговите ефекти.
Штом си Рак-Шкорпија, еве што треба да развиеш кај себеси: емоции, внимателност, сочувство, интуиција, заштитнички инстинкт (Рак), моќ, решителност, страст, заводливост и издржливост (Шкорпија).
Пази на осветољубивоста, непростувањето, дрскоста, депресијата и меланхолијата!
Гледај да ги искористиш позитивните особини од знакот и подзнакот, минимизирај ги негативните, за твое добро (и за добро на околината, секако
П.С. И да, многу сте чувствителни, бидејќи со вас владее Месечината, која постојано се менува, па така и вие со неа