Banged up abroad

  • Креатор на темата Креатор на темата Пепси_
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
П

Пепси_

Гостин
Можеби сте ја гледале емисијава на National Geographic,станува збор за луѓе кои патуваат во странство но нивниот престој не завршува така среќно. Поради илегални работи кои тие ги прават намерно со цел да заработат брзи пари,но дел од нив се жртви на нивни "пријатели"/познаници кои ги измамиле,тие завршуваат најчесто во затвор.

Па дали ви се случило вас да заглавите во странство ?

Дали сте направиле некој по голем прекршок (намерно/не намерно) за кој сте морале да одговарате пред тамошните власти ?

p.s. пишете и некој "soft" пример,не мора да е затвор :icon_lol:
 
Сум ја гледал оваа емисија, има многу Мексиканци кои одат во САД на илегален начин.
Инаку не ми случило фала богу до сега па се надевам дека нема и понатаму.
 
Не само на National Geographic, туку и на Discovery ја даваат. Обично даваат вечер епизоди и онака се добри за пред спиење за да те натераат да сватиш колку ти е добро и удобно во твојот кревет. Се на се интересен серијал. :)
 
Редовно ги следам, а ако имав нешто за споделување ќе ги исконтактирав National Geographic и ќе бев фаца :D
 
На дискавери почнаа скоро да ја емитуваат и има друг концепт емисијата мислам,таа е trouble in paradise
Редовно ги следам, а ако имав нешто за споделување ќе ги исконтактирав National Geographic и ќе бев фаца :D

Не е целта да бидиш фаца,туку поука што да не правиш во земја каде што си обична мравка.

Јас во Виена пробав да се предутнам низ оние што се за плаќање во тоалет (како во маркетите што ги има). Пред мене видов 2-3 како го сторија тоа,а гледаш да заштедиш што можеш па те тера психата и ти да го направиш тоа.
И јас фатив се предутнав, но вработена една почна да ми зборува нешто да се кара,се правев дека не ја разбирам и само си влегов во тоа кабината. :facepalm:
 
На дискавери почнаа скоро да ја емитуваат и има друг концепт емисијата мислам,таа е trouble in paradise
Порано идеше и оваа пред trouble in paradise, а таа точно дека има друг концепшт. Повеќе киднапирања се и слично. :)
 
Се случило на некој кој го познавам.....цела работа е дури и на црно да останеш нема да те чепкаат се дур не направиш некој престап...е тогаш одма депортација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom