Како живеат Ресенчани...
Главна | Општоод Paladin на 5 мар 2004 - 17:11
Долго време имав желба да го опишам накратко животот на Ресенчани. Не затоа што е "многу убав" туку дека ми оди на нерви и не се поднесува. Можеби постојат и други градови, слично загрозени, но Ресен е некако посебе. Ќе Ви опшиам како во Ресен се доживуваат најважните настани од животот...
Општо за животот
Најпрво би го издвоил озборувањето, и би им дал златна медаља на ресенските жени - за озборување. Друго, сите Ресенчани имаат ист сон - да изградат по една куќа за челатот, децата да им завршат факултет и да ги мажат/женат (тупнат) во фамилија што ја бие добар глас во Ресен. За пари, градов е доста богат и не разговарам за таа тема повеќе, но никогаш не му е доволно на народот.
Раѓање на новороденче
Е за ова е посебна тема за разговор.
И да ви кажам за ова можам да напишам и цела сторија, но ќе скратам малку. Штом се роди новороденче, веднаш комшиите и подалечните пријатели одат кај мајката, и даваат коментари за нејзината линија (кај подебелите жени, лажат), а потоа го "напаѓаат бебето". Застануваат над крошната и го скенираат од глава до петици барајќи некоја физичка мана. Ако во скенирањето најдат - тогаш со животот на бебето е свршено. Ќе го бие лош глас уште од пелени. Ако пак не најдат ќе почнат да го фалат и ќе го надгледуваат како се развива за да најдат некоја негативност кај него. Ете тоа е накратко за раѓањето на нов член во Ресен.
Ноќниот живот
Ноќниот живот е катастрофа. Полош не верувам дека некаде постои. Во парк излегува само 5% од населението. (10000 жители) и тие што излегуваат по никоја цена не седнуваат по кафулиња. Девојката фаќа дечко на минимум 18 год, ако е поотракана може и на 17, 16. А за корпи, да не зборуваме-даваат ненормално многу.
Запослување на некоја особа
Штом се запосли некоја особа од туѓа фамилија, веднаш се зема ливчето во рака и започнуваме со математика. Таткото зема Х денари, мајката Х денари, имаат и дуќан, роднини во Америка, стан во Скопје, и + на тоа се додава и ресенско ДДВ и ќе дојде дека тој е мултимилјардер и не треба да биде на работа.
Завршување на факултет
Е сега доаѓа на ред крај на факултетот. Штом се чуе дека некој завршил факултет одма се даваат критики за тој факултет, најлесен е, има мито, може секој да го заврши. И ќе дојдеш до заклучок дека факултетите се 4 години уживање во Скопје.
А ако веќе е некој потежок, ќе најдат мана на детето, тој имаше 4-ки, бегаше од часови, се знаеше со наставниците и пак ќе дојдеш до заклучок дека детето е е*иветар.
Смрт
Кога ќе настапи смрт кај некој од фамилијата, први дознаваат комшиите, а потоа поблиското семејство. Комширите ги шират гласините за смртта како поленов прав, и уште вечерта цел град знае кој починал, од што, какво наследство оставил и тоа информации од прва рака.
Епа драги баграџии, толку ми беше инспирацијата, сега приготвувам и втор дел. Се надевам дека некако Ви го доближив поблиску животот во Ресен, а можеби и некој веќе се соживеа со мене...
еве ви и втора верзија:
Како живеат Ресенчани (втор залак)
Главна | Општоод Asfalt на 23 авг 2005 - 20:47
Ej, па јас скроз изумиф дека ви ветив нов дел од сторијава. Епа си го баравте еве ви го:
Али подобро е прво да го прочитате стариот дел:
http://bagra.org/node/1151 и коментарчињата и како за кука се закачите на секундарниов дел. Првата сторија бев под Paladin, али се сум алијас Асфалт. ))
Си решил да се оплакниш во градот на Унеско, а љубиш да врвиш низ Плетвар, знај дека не ти бега Ресен. Го минуваш правото, насадено со огромни дрвја долж патот, и тап - полиција! Ти го покажува легендарното стоп. Ти не застануваш! Ти го покажал од спротивната страна а ти не знаеш да читаш латиница, STOP! Те запира полицијата што е на 50-тина метри подолу.
„Абе ти пуљиш или нафиксан си а?„
„Знаеш дека ќе те зеам ф станица и ќе ќофтам ко на филмојне?„
Не, се шалам, не е толку строга полицијата де.
Моторџии
Епа како на времето во Скопје, еве сеа и во Ресен има моторџии, само мора да се напомене дека целата екипа на актери (повеќе глумат на моторот отколку возат) е од Јанковец (веднаш после Ресен, ако одиш за Охрид). Пристигнуваат во Ресен и веднаш зад собрание. Знаеш дека стигнале, се крева магла од тоа маслото (препорачливо 4%/ литар, а овие 50%/литар, па поефтино им е маслото од бензинот, се исплаќа есапот). Моторите им се Томос, серија Тарга, тоа им е стандард. Али има исклучоци - и Колибри. Прави дизел момци, Јакна Дизел со тренерки Акдидас )). Туку ај да не ве замарам со ова толку.
Теретана
Е ова е веќе многу поинтересна тема. Многу е парадоксална. Теретана е табу тема во Ресен. Ако си почнал да одиш знај дека има огромни чешити на твој рачун. А 80% од тинејџерите испуштиле м`длаци до земја, значи сите ставиле кајш околу половината. )) Сум почнал и јас, не негирам, али... И тамаш што си седнал на правата за гради, ти дошол некој да ти соли памет, демек не кревај вака, зошто се гледаш горе кога креваш ))...
Турбо фолк
Сте дошле на вистинското место. Вистинска долина на турбо фолкот. Со исклучок на барот ”Меџик” каде има само мали примеси на грандофките. А се друго е секс, дрога и турбо фолк.
Такси
Сполај му на Господа, некој понудил кеш за тие ”бродовите”, коли со големина 3 на 3 (практично кажано, една лента и пол од џадето). За бучавата пак, не може да се изразе во мега децибели. Просто -болест за уши. Чадат како оџакот на топилницата, таа во Велес. Возачите, пак, сите се искусни-ветерани (нема помлади од 60 год). А за другите такси нема лоши зборови, сите се свака им част, шо би рекол дедо ми кога влезе во пежо 206 такси - ”каква машина вика , ова само германците можат да го произведат”. )
Есен
Се чека како дожд после суша. Есента. Е тогаш се добива поинаков изглед. Патиштата преку ден преполни со трактори, кој со празна приколица, кој со аргати на истата, сеедно. Сите установи се празни. Нема ниту еден пациент во амбулантата, и болните оздравуваат за бербата. )) Ноќе по улиците е пустина. Сите легнале порано, ум(о)рени од работа. Има повеќе да се пишува на оваа тема, али другпат...
Економија
Е за ова, срамота е да се жалам. Али ако некој ви каже дека има дома просек по 4 мобилни, комјутер, кола просечна, 4000-5000 евра под перница, и уште 2-3 бафчи сопствени, и почне да ви се жали дека нема пробиен денар, е навистина ве излжал. Вечен идеал(сон) на едно просечно ресенско семејство - две деца, машко и женско, женското да го омажи во странство(друг да и го бери гајлето), за машкото да се направи нова куќа, двете да завршат факултет, барем едниот доктор, да посади 2-3 бафчи, кола просечна и по две внучиња. И после, лепо спавај... Убав сон, нели?
Главната улица
Патувате ли по главната улица-имате осет како да сте во Чикаго. Застанува кој кај ке му прдне, се паркира на сред улица, растоварува роба, го остава точакот на сред лента и слични потези кои му одговараат само нему. Значи штом неа сте ја поминале можете да се опуштите вие што сте зад(пред) воланот.
Чаршијата
Површина од 100 метри2, поплочена, мал парк, јаболко на сред центар, качено на минаре )), на плочките гледаш залепени мастики чиниш монети од 2 денари се. Светилките ту се палата, ту се гаснат, гледаш пред тебе електричен спој, куршлук направила. Абе жива романтика, шо да ти расправам...
Епа толку ме служеше инспирацијата засега, се надевам ви доловив малце во какви услови, растам и се развивам. Повеќе другпат... А верувајте ми, ќе има! Па Ресен не е така обичен град... (
www.asfaltce.blogspot.com)
Баравте, гледајте! Само шо ова не е МТВ, да се разбериме!