Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Абе добро,земав кафеав ориз,се вари више 2 часа небива и небива несака да се свари колку вода дотурив и небива.Уште крцка.....а врие многу.Да бепе белиот,досеа ќе станеше каша
 
Обично кога се вари кафеав ориз не е лошо пред тоа да има одстојано во вода околу 2-3 часа, па после да се стави да се вари :)
 
Го фрлив.Шо само плинот ми истроши и внатре пак тврд.
 
Абе добро,земав кафеав ориз,се вари више 2 часа небива и небива несака да се свари колку вода дотурив и небива.Уште крцка.....а врие многу.Да бепе белиот,досеа ќе станеше каша
Чудно што не се вари јас секогаш правам кафеав ориз за помалце од саат е готов можеби до оризот е пробај друга фирма,јас купувам од Сончева Долина и супер е:)
 
Ај ве молам зеленчук и ориз комбинација на рецепти дајте ми:)
 
Оризот можеш посебно да го свариш. А во тавче да запржиш кромид и печурки, да им додадеш малку хопла пред да бидат готови, и како кремаст сос го поливаш врз оризот. Ако имаш кашкавал можеш малку одозгора да изрендаш.
 
Може место хопла кисела павлака?
 
Ај ве молам зеленчук и ориз комбинација на рецепти дајте ми:)

Две пачки свински ребра (Околу 3.5 кг)
200 гр ориз
неколку лути пиперки
јадра сол
црн бибер
вегета
сенф

Се загрева убаво фурната на 180 степени, на хартија на печење се истура јадра сол за да ја покрија целиот плех.
Се премачкуваат ребрата со сенф, се зачинуваат со сол и вегета и се ставаат на јадрата сол. Се оставаат да се печат околу два часа на таа температура или додека не се заруменат.

Оризот се вари во вода, додека пиперките се ставаат да се потпечат на рерна.

Се сервираат ребрата во чинија со мала топка од варениот ориз и по една лута пиперка.
 
Ребрата претпоставувам го претставуваат зеленчукот во оваа рецепта... :)
 
Ај ве молам зеленчук и ориз комбинација на рецепти дајте ми:)
Земи си онаа мешавина шо е со пченка, морков и грашок свари ја. После тоа запржи кромидче, додај ориз и мешавината сварена и стај вода па спушти во рерна да се запече. Вкусно јадење за брзо време ;)
 
Ај ве молам зеленчук и ориз комбинација на рецепти дајте ми:)

со ориз и не оди баш најубаво секој зеленчук, мене ми е најубав со рендам морков, кромид и пашканат се тоа запржено а одозгора оризот најубаво иде со парчиња брокула
кај нас брокула дома само така ми ја јадат со ориз :)
 
Рецепт за динстани печурки? Како што ги има по рестораниве кога служат даска со скара или слично?
sauteed_mushrooms_1.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom