Аман доста правете споредби со Америка, Израел или Русија, ние сме мала држава 1 и пол милион народ, со буџет од 90 мил евра, за толку пари ја стварно не знам што очекувате, на пСО годишно му се потребни 30 мил евра буџет за да се модернизира.Ги направивте дека се мрзливи не знаат да одат, многу бил лесен селективниот, иди помини го штом е лесен, ја стварно не знам што очекувате боже ние сме некоја воена сила па сега ке правиме кој знае што.20 посто од бСН имаат поминато селективен за во Зелени Беретки или УСА Ренџери, чак што еден дечко Марјан беше најдобар во 2010 од сите странци.Голем дел од волците што се запослија во 1994 уште работат таму, имаат поминато и северна и западна граница 2001 и Ирак и Авганистан, точно е дека примањата се слаби, опрема имаат али не е ништо посебно.Моментално не им требаат регрути, затоа и не примаат веќе цивили туку само војници затоа што не им се исплати да земаат цивили кои немаат искуство, периодот 2009-2010 беше тежок зашто 20-30 луѓе се разбегаа по странство дури и еден мајор.Волците се расадник на луѓе во сите други единици во МКД, сите главни се бивши волци, во ЕСЗ заменикот е бивш волк во ЕБР командатот е бивш волк во другите служби има доста луѓе од таму, али тоа е подобро затоа што пак остануваат во МКД место да бегаат.Колку пари толку музика.