Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Досаден сум а? :D
Чисто да си водам евиденција за тоа за колку време сме оделе до крст и назад сосе паузите :D
Нов рекорд 3 саати и 30 минути :icon_mrgr:
Само одењето и враќањето без седењето на крст 2 саати и 40-тина минути :icon_mrgr:
Плус ново патче си најдовме, многу полесно од она од средно што цепа нагоре. Од кај мене до крстот само со една пауза кај Марково крувче :cool:
Со побрзо темпо има за помалку од саат да сме на крст :sneaky:
Назад не фати дожд и имаше кал до колена затоа толку време испадна за назад, пошто ќе се утепавме по тоа карпите. Како маневрираме, велеслалом меѓу дрвјата, од едно на друго, само трчаш надоле :нинџ:
Ти се верува ли дека на патот пред крстот има НАКИТЕНА ЕЛКА???
76636_10200652144975260_1196637917_n.jpg
Каква кондиција сум набил сабајле на крст, доаѓам јадам па одам на баскет, доаѓам
се туширам и право на искачање и плус вечерта пешанка до дома.
Враќањето на формата од кога бев средно и основно особено :LOL:
Сега како сум уморен, легнувам и не се мрднувам.
А утре се знае што следува. Вардар :sneaky:

Доста беше за розовото. Ти ебам митинзите и изборите, преку тасета веќе.
Ги собрале денес цела Македонија во Скопје. Си ги донеле уште од сабајлето, наредиле 100 автобуси пред универзална, и цел град во хаос.
Опнале ранците, земале апаратите, сите трговски центри преполни, кој се слика, кој купува :facepalm:
Гордо застанати, цели ленти им ослободиле, извадени знамиња месен комитет бла бла, Македонски знамиња се орат, одат напред некои копачи разбацани.Поминува од друга лента некоја кола, свирнува и овие се палат, ајдеееее драње до посерување. Одење во групи, строго два по два. И така цела колона чекаме да помине улицца додека се прават редици до немај каде. Автобусите пренасочени сите во една иста насока, чекаш како вол.
Се мажишта во државава, ама сите се мажишта кога се препуцаваат со Грци или некои што неможе да им вратат, мажишта кога треба меѓу себе очи да си копаат за партии, а пред орелот викаат само... мјау...
Ги гледам како поминуваат и им давам само еден тежок фејспалм, мислам дека челово уште ме боли.
Греотакако се злоупотребува младината во Македонија.
 
Абе кајги овој грујо што не направи реформи во поглед на ноќниот живот во македонија,дај некој пион нека му сугерира нека пренесе,сигурно не му текнало на никој за ова !!!

Оваа недела нешто само политика а у ќе мислат членовите дека грујо не ме примил во администрација ради низок коефициент на интелигенција па сеа го хејтам тука :pos:


не сварно тапа е,ди-џе-и my ass пушта музика и он е ди-џеј немој бе така срамота е за народот.

реформи во клубовите одма.....да допре овој пост до грујо,нема потреба да идеме за ибица,грујо ќе ја донесе ибица во македонија :LOL:
 
"Јас знам сепак еднаш ќе го најдам својот дом и се ќе мине како сон, се ќе мине во еден час штом ке запрам јас, можеби не се лажам пак..." :(


Мислам дека се зацапав!
 
Не се надевав дека ќе ја начекам бивша ми на ургентен, дрво направена, незнае како се вика, па што убаво пееше и не можам да ти опишам колку беше awkward моментот кога ме виде и се залета, ало по друго дојдов. :icon_mrgr:

Нејсе, ја подружив малку, уствари не малку туку цели 2 инфузии, пееше, повраќаше, плачеше, се гушкаше...

Јебеш га, тоа ти е живот, некој сака да купи ден да поживее подолго, друг си се коцка со животот. Додека седев уште 4ца малолетници дојдоа.
 
недела, ден кога мајка ти ќе те разбуди во 10 да одите до КАМ маркет и да те натовари со 15кг+ ќе ти ги лупни сите кеси и ќе ти речи оди дома јас ќе си дојдам да купам од аптека нешто, таман ти се довлечкал дома да се испружиш на кревет влегува одма по мене немав доволно пари за лековите еве земи ти пари и купи ги ми требаат одма.
FML !!
 
драга Кајгана,

јас стигнах назад у ИТ и ја ме да ти пишам. Тие неколку дена шо бех доле убаво си ги поминах ама секојпат може се и подобро. Запознајах една колешка од тука од кајгана за која повеке ке напишам во соодветната тема.

Скопје кајги со рака на срце, не веруваах дека е толку грдо изградено... најозбилно.. дека и да се завртеш се нешто почнано да се граде ама нишш не е изградено. Покасно ко си стигнах дома у Струмица по незнам кој пат се докажа поговорката оти од дома нема поубаво! Нешш друго шо бех забележил е тава шо, как е можно да телевизиите со тие турски, индиски и не ти знам какви серии, успеваат да прават колективна лоботомија на мозокот на секоја една единка додека у програма одат как шо кажах тие серии? страшно...

јас денеска пак се врнах тука, ама до крајот на месецот пак ке треба да се вракам. ајде сега кајги, мислам оти стига беше за тие некои мои импресии и доживувања. сега те оставам да уживаш во убавиот неделен ден... :*
 
Д.
колку е убаво кога ќе се довериш некому. кога ќе си кажеш што ти лежи на срце на некој близок. без разлика дали е другар/ка, брат/сестра, близок комишија, мајка/татко, па дури и дедо/баба. колку полесно ти доаѓа на душа.
па плус и тој/таа да ти се довери или да ти каже слично искуство одма се расположуваш, ти иде сила и мислиш светот ќе го урнеш, се се врти околу тебе и сето ова да си го кажуваш додека го пиеш утринското кафе. милина.
инаку недела ко недела. сите чистат низ дома, генералки се прават, а тебе не ти се потстанува од компјутер. ;)
 
Драга,
Само што го изгледав Трето полувреме, а убаво ми викаа дека не е за мене. Не сум лигла по природа, но филмов ме расплака на неколку пати и ми се стегна грлото. Оние бедни гниди биле бедни и ќе останат бедни. Ако опишам бугар во моментов ќе добијам доживотен бан.
Искрено ги замолувам да не ме цитираат следните три недели додека ми поминат емоциите од филмот. Толку многу душевно ги мразам како народ ни сама неможам да опишам. Газењето на ногата кога ја тераше да проговори, ме потсети на газењето на рацете на нашите предци додека они овде беа на власт. Сите ја имале истата стратегија. До ден денес се исти, те газат по раце и нозе, а од друга страна ти зборат „пофални“ зборови.
И за крај:
 
Шо да ти кажам бре Мала :) ?! Грлото го оправив, ама носот ми е чешма и главата ме стега денеска. Ама занемарливо е ова во споредба со спектаклот на кој присуствував во петокот вечерта. На A State Of Trance бев и си поминав незаборавно. Тоа ќе ми биде one of the most epic moments in my life ! Си листам слики сега, гледам прикачени видеа, го вртам апаратот, преслушувам некои песни од вечерта. Многу, многу сум исполнет.

Плус, добив мејл дека Семинарски Рад дека уште работеле :vozbud: ! А мислев до пред некој ден дека ги имаат хакнато ....

72639_520409758002330_1386247399_n.jpg
 
И така драга, се стемнува пополека и денес, а јас после денешната прошетка чувствувам дека 400 мг дневна доза ибупрофен не е доволно за моето колено. И ко што вика Перса од New Police State „Е така е сеа. Се` се заебуе у животот, шо да прајш“ така и ја викам. Или ќе појачам доза или ќе појачам нервоза.
 
Колку само ништо не е како порано, а нема ни да биде.
Можеби никогаш не ни било, можеби јас сум била слепа...
:(
 
Ајдее Кајги од утре го вадам точакот, ја започнувам пролетната сезона на возење велосипед. Абе пукнав зимава без него. Ако полагам за кола, точак си е точак, Најбољи рекреација. (y)
 
Драга,
продадени души... Продадени души насекаде околу нас... :facepalm:
Неповрзано со продадениве, ме интересира какви ќе бидат денешниве тинејџери како родители? Што им кажат на нивните деца? Сигурно ќе биде нешто како : „Леле, сине, кога бев на твои години(15/16/17) секој втор викенд завршував на токсикологија.“:facepalm: Нема погрда слика од пијани девојчиња што не знаат што прават. :sick:
Така Драга, еве ти една заразна:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom