Нема да обвинуваш никого само ќе се потсеќаш на болката, на она чувство кога ти било најболно или пак зборувај за тоа со некој (сето ова те прави похрабар) и со тек на време ти ќе се навикниш на неа па дури и можеш да ја разбереш причината. И ако ова дете би го правело сето ова еден ден кога ќе биде доволно зрело можеби ќе ја свати причината зошто сето тоа се случило и сигурно би бил добар родител. А повеќе огорченост и бес себираш само ако ги потискаш чувствата во себе, постојано бегаш, плашеќи да се соочиш со нив.
Toa e лага. Ако нешто вистински претставува траума за една личност, таа личност не може да ја потисне и сокрие. Траумата е нешто што ја следи личноста до крајот на животот.
Детето оставено од мајката секако ќе ја обвинува. Не може да не ја обвинува. И нормално е, додека е дете, да ја обвинува.
Но ќе собира огорченост и бес се додека, не се помири со тоа. Не може да и прости, што е простувањето? Простуваме во име да зачуваме некоја врска, некоја личност, но не е дека длабоко во себе ние сме простиле некому. Секогаш ќе не болат постапките на личноста.
Но, ако успее да се помири, да, тогаш веројатно ќе престане толку да се плаши од слични ситуации.
Ова дете ради оваа траума веројатно нема да се врзува со никого. Оној ден кога ќе се помири, ќе може да живее со траумата. Се додека не се помири, таа ќе го прогонува.
Лошо е да се лажеме ние, или да лажеме некого, дека таквите лузни поминуваат, затоа што не поминуваат. Некои работи се ,,простуваат,, , учиме да живееме со нив, но не се забораваат.
Убаво рече ти - навикнување. Точно, ќе се навикне да живее со таа болка. До тој степен што нема ни да ја приметува.
Но сепак, ,,лечење,, тука не постои. Туку учење да се живее со нештото. Одење напред.
За ова дете најголема храброст ќе биде, утре да биде во емотивна врска со некого, без да се плаши на секој чекор дека ќе биде напуштено. Да си ја поврати довербата во луѓето.
А тоа ќе успее да го направи, само тогаш кога ќе сфати дека светот не се врти околу него, и дека секој човек има причина за своите постапки.