Дигитализацијата на Тв сигналот во Македонија треба го донесе квалитетот пред се , но и услуга достапна за сите .
Тоа значи дека фирмите во Македонија кога ќе плаќаат за реклама , таа реклама на Тв каналот истовремено (паралелно) ќе биде достапна како услуга на слепите преку нарација (раскажување и опишување) на тв содржината , како и за глувите кои (паралелно) ќе ја прочитаат Тв содржината ( рекламата, вести, филм, ...). Досега имавме медиумски маргинилизирани сограѓани затоа што спортот , културата или информацијата им била недостапна со изговор дека се ослободени од претплата на Тв такса.
Многу значајно е што со подигнување на квалитетот , пеачите, политичарите , новинарите и сите други јавни личнсти ќе се представувааат (или ќе не представуваат) пред светот во ново многу поубаво светло .
Дигиталниот ТВ сигнал е достапен, пред 10 дена на еден 3Д телевизор видов дека има 59 Тв канали и 5 радио канали. Се гледа МТВ 1,2, собраниски,Телма, Боом инфо, мислам дека ја видов и Алфа, другите беа кодирани . Верувам ако имам Боом Тв карта и ако ја ставам во во делот за Тв карти во телевизотот, ќе ги гледам и кодираните од Боом Тв канали. Од радио каналите мислам дека ги прочитав: Македонско радио 1 и 2, Метрополис, ... ,
.
И за крај мој коментар за последната понуда од Оне за Боом Тв.
На Оне може да му се претплатам за з (три) Боом Тв карти и да ги вметнам по дома во телевизорите , но за ТВ содржина која нема да ми биде достапна од процесот на дигитализацијата. Во таа Тв листа на канали тие се ХБО , Анимал плнет , Спорт клуб, Прајвт спејс или Тв канали од Скај Англија наместо регионалните Тв. Регионалните Тв канали со години копираат Тв содржини, емисии или начин на работа од нив , затоа никогаш не може да ми бидат атрактивни .
И едно прашање до Оне како спроведител на дигитализавијата .
Во најавата пред спроведувањето на дигитализација, беше најавено дека луѓето кои гледаат Тв на сателитска , нема да имаат потреба од купување на дигитални рисивери. Дали тоа значи дека сите Македонските телевизиски канали ќе бидат достапни на едно место на одреден сателит и ќе бидат слободни ?