1. Слобо не ја подари независноста на Македонија. Македонците сами си ја изборија, т.е. тоа им е нешто што природно им следуваше по колапсот во СФРЈ и играњето улога на 78ма виолина во истата таа федерација.
2. Независноста е плод на илјадници Македонци уште од времето на АСНОМ, подоцнежните нелегални ВМРОа, преку легалните политички партии во првите избори (меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, чии цели се јасни: независност и сувереност). Независноста е најголем интерес за македонскиот народ и држава.
3. Пак ќе повторам, по не знам кој пат: Слобо да можеше ќе ја нападнеше Македонија и ќе отвореше војна. Меѓутоа и самиот беше свесен каков домино-ефект ќе предизвика таа војна. Бидејќи отсекогаш и секогаш Македонија била јаболко на раздорот. Не се само Србите заинтересирани за неа, сите соседи се, а верувај она што тогаш ќе беше балканска, за брзо време ќе прераснеше во европска, да не речам светска војна/криза.