Референдумот беше чиста манипулација. Лидер на Вмро Дпмне во тоа време беше Љубчо и сееше омраза кон Србија. Гледам од таа сеидба фатило и кај тебе. Среќна околност тоа семе не се фати ни кај 10% од Македонците.
Хаха, ме изнасмеа другар. А дали си се запрашал зошто е таа "омраза"?
И да не е случајно проблемот во Србија, т.е. тогашното југословенско раководство на чело со Милошевиќ (а претходно и Тито)?
Патем речено, референдумот беше природна последица на целокупната ситуација и распадот на федерацијата. Референдумот беше легитимно решение за стекнување на одамна посакуваната независност.
Ако слабо стоиш со историја (на Македонија), дозволи да те потсетам:
На I и II заседание на АВНОЈ,
ниту учествувале Македонци, ниту биле поканети. Одлуките за формирање на Југославија како федерација од 6 републики (вклучувајќи ја и Македонија), се донесени без било каква согласност од македонското раководство, АСНОМ. Тоа е најголемата манипулација во таа "квазифедерација".
За задебелените букви, јас не чувствувам омраза против Србите како народ, бидејќи и самиот имам блиски роднини во Белград и околината. И Србите ги чувствувам како близок народ. Меѓутоа, штом се отвори муабет за политика, не можам да ги слушам нивните националистички теории и заговори, нивните жалења за напатената нација, за изгубените "српски територии" и сл. срања.