Духови, сеништа (сенки)...

Член од
18 февруари 2013
Мислења
4
Поени од реакции
3
Pak sakam da kazam nesto. Pred malku go prasav tatko mi dali nekogas ima videno duhovi i mi kaza deka mu se ima sluceno da vidi toj e sofer sega e vo penzija sigurno nema da laze ima 55 godini i videl mnogu soobrakajki po patistat, cesto vozel navecer sleperi po evropa i zatoa go prasav i mi kaza deka vo Kumanovo kaj sto ziveel kako dete vo blizina na bolnicata videl nekolku pati covek kako sedi se na toa mesto i sekoja vecer se pojavuval, potoa toa so sigurnost go tvrdi deka ednasmu izlegle bradavici na racete mnogu imalo i nekoj mu kazal da otide na nepozn grob i da kaze kolku sto jas ne go znam ovoj grob tolku i bradavicite da mi gi snema, bil so dvajca prijateli i po 1 den mu gi snemalo site, epa sega kazete kako covek da ne veruva deka sepak ima nesto, ke mi kazese uste nesto a;li vika deka nee za kazuvanje mislaam deka ke go nateram da mi kaze nesto poveke. Toj ne e lesno ubedliv covek, ne veruva vo mnogu raboti ali za ova so sigurnost tvrdi deka videl so svoi oci.Mene bas me interesira kako moze vo sv. nikole da proverime vo taa kuca stav mi e koga pominuvam pokraj nea koj se zanimava so trazenje duhovi neka kaze nisto ne e smesno samo koga ke se proveri ke moze da se znae.
 
Член од
19 февруари 2013
Мислења
60
Поени од реакции
19
И што бидна? И јас бев пешки...
Slusam deka nesto trca pa asfaltot po nas, znaci go greba asfaltot i vika uuuuuuuu,aaaaa WTF begame ko ludi a ne samo toa nego osekas kakvo nesto ladno doaga sprema tebe zboruvam za juli mesec prikvecer vo Dojran. Sreka dojde edna kola i bukvalno go natervme da zastane stoevme na sred pat. Kako covek sum mnogu pragmaticen ali toa sto ni se sluci bese nesto neobjasnivo. A sto bidna kaj tebe?
 
A

AnFem

Гостин
Slusam deka nesto trca pa asfaltot po nas, znaci go greba asfaltot i vika uuuuuuuu,aaaaa WTF begame ko ludi a ne samo toa nego osekas kakvo nesto ladno doaga sprema tebe zboruvam za juli mesec prikvecer vo Dojran. Sreka dojde edna kola i bukvalno go natervme da zastane stoevme na sred pat. Kako covek sum mnogu pragmaticen ali toa sto ni se sluci bese nesto neobjasnivo. A sto bidna kaj tebe?
Ништо. Бевме двајца, црна темница пред нас, единствен страв што го имавме беше да не не’ собере некоја кола. :)
Ај сега биди искрен, бевте во потполно трезна состојба?
 
Член од
19 февруари 2013
Мислења
60
Поени од реакции
19
Ништо. Бевме двајца, црна темница пред нас, единствен страв што го имавме беше да не не’ собере некоја кола. :)
Ај сега биди искрен, бевте во потполно трезна состојба?
Секако дека бевме трезни, само пафнаме една многу добра од смрдлива вода пред да тргниме.:свиркам:
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Јас ко мала со другарки две имам повикувано духови..и ги натерав да купат благо и сок, за ,,гостите'' и овие купија се што треба, и ги натерав да изгаснат светло за да го изведам ритуалот да ги повикам, тие се молат да дојдат...:tapp: јас си го изедов благотоо... после таа случка до ден денес раскажуваат дека постојат духови :DDDDDD. Не ми се случило ништо чудно до сега!Не верувам во духови.
 
Член од
23 февруари 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јас ќе ви кажам две случки, едната му се случуваше подолго време на другар мој, а на другата заедно со другар бевме сведоци...

Мислам дека нема кој не ја знае куќата на стравот на средно водно...епа бевме со другар на Водно, и се задржавме подолго него ли што очекувавме, додека се враќавме по козји патеки се стемни...стигнавме кај куќата на стравот, надвор прст пред око не се гледа, од дворот на куќата на стравот доаѓа светлина...гледаме натака, што да видиме, силуета на ќелаво, згрбавено старче кое стои во дворот на куќата. Само што го здогледавме, почна премногу силен ветер да дува, класично невреме фати, како самата планина да те брка, да ти дава знак дека си непожелен...како грешни ѓаволи бегавме од Водно надоле, бидејќи таква језа во живот не немаше фатено...

Втората случка му се случи на мој добар другар...долги години он живееше во Карпош, кај пазарчето, во стан под кирија. Дечкото се враќаше во 3 саат вечерта накај дома, од град и одеше по една уличка по која редовно си крати кога иде накај дома...само што влегува во уличката сите улични сијалици во ист момент престануваат да светат...како он проаѓа покрај секоја сијалица, така секоја се пали...додека оди така по улицата, се врти назат и гледа силуета како прелетува од едната на другата страна на улицата...нормално, како и секој човек што не верувал во такви работи, не смета дека е вистина тоа што го видел, смета дека му се причинило...само што го врти грбот за да си продолжи накај дома, истата силуета прелетува пред него во спротивен правец...со трчање стига дома и откако се смирил си легнал. Наеднаш, во ниедно време, околу 5 часот ненадејно се буди, гледа во собата силуета на човек како брои пари...силуетата на човекот му рекла на другар ми:„ Не ми обрнувај внимание мене, јас само да ги добројам парите и отидов за Словенија“. Другар ми, малце го фатило језа, ама нема везе, пак мислел дека му се чини...им кажал на неговите, кои нормално не му верувале, се додека наредната вечер и самите они не ја виделе силуетата на човекот, кој потполно истите зборови им ги кажал:„ Не ми обрнувај внимание мене, јас само да ги добројам парите и отидов за Словенија“. Откако се случило ова, другар ми и неговите отишле и се и раскажале на газдарицата на станот, која им кажала да не се плашат, дека тоа бил нејзиниот покоен маж, кој требал да оди за Словенија, но го удрил воз и загинал...исто така им кажала дека мажот и на неа и се појавил само еднаш, и и ветил дека повторно ќе се врати, но го немало се додека не им се појавил на другар ми и неговите...им кажала доколку повторно им се појави, да му кажат да дојде кај нејзе, и да не се плашат бидејќи неговото појавување пред нив значело среќа...
 
Член од
7 март 2013
Мислења
149
Поени од реакции
41
Еве јас ќе ви кажам жива вистина.
Ми го има кажувано ова баба ми, кога имала некаде 20 години некоја жена не можела да има деца и све ќе направела за дете. Незнам како се случило ама починала.
После смртта се чудни работи им се случувале, братучед од баба ми бил бебе оваа го земала во раце го нишала, бебево во воздух а никој нема да го држи. Земала машата промешувала во огнот носела жар овие се чуделе машава како лебди. Бебево го земала го криела во подрум и се такви работи. Зеле работите нејзини што имала ги фрлиле во Вардар, некоја торбичка и парталки, некој човек од друго соседно село ги начекал ја зел торбичкава убава му се видела и почнале од тогаш да му се случуваат чудни работи и него.
Заради ова верувам. Може и имате слушнато за ова, женава се викала Каралинка, и ден денеска ја спомнуваат.
Не е жива баба ми за жал, да беше би ја испрашал сега уште појќе за ова .....
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Духот на мајка си го бара детето предизвикувајќи сообраќајни несреќи

пред 11 час 0
Што е тоа што ги преплашува возачите и причината за неколкуте сообраќајни несреќи на патот Зајечар- Бор, се уште не се знае, но само постои една страшна и морничава претпоставка.
Дали некој солено се шегувал на темниот пат или навистина дух на мајка која си го бара детето е она што до смрт преплаши неколку возачи на 30 август пред точно една година.
Неколку возачи за само една ноќ го имале истото искуство, сите опишале дека нешто им излегло на патот. Дека била жена, дека изгледала како дух и ги преплашила поради што сите на речиси истото место направиле сообраќајна несреќа, некој излетал од патот, некои се удриле во дрвата крај патот. Некои само се престрашиле. Случајот го крена на нозе населението во Тимочка краина.
Првобитно полицијата сметала дека се работи за шега на млади момчиња кои на возачите им пуштиле кукла наполнета со хелиум – па затоа изгледало како да лебди. Полицијата изјави дека некои граѓани се јавиле со информација дека чуле неколку млади луѓе како се фалат во кафуле во градот.

Полицијата нашла и остатоци од запален невестински фустан, сличен на описот на фустанот кој го носела ,,жената дух,, претпоставиле дека момчињата се исплашиле кога виделе дека предизвикале несреќи па сакале да ги уништат доказите. Но до ден денеска ниту се најдени момчињата, ниту со сигурност, барем не официјално, се утврди што ги предизвикувало несреќите.
Неименуван извор од полицијата за Ало изјавил дека сторителите биле познати, но нема да се поднесе пријава бидејќи никој од оштетените не сакал да тужи.
Отогаш помина една година, а возачите сеуште го избегнуваат овој дел од патот, посебно ноќе.
-Си возев одеднаш се појави, лебдеше, на прозорот од мојата страна, ја испружи раката кон автомобилот. Беше на половина метро од нас. Само го стегнав воланот и се обидов да држам правец. Не сум луд, не ја видов само јас, во автомобилот беше и мојата сопруга – вознемирен изјавил за неговата средба со ,,нештото,, еден од возачите. Ми се следи крвта од страв, рекол.
Низ градот се зборува дека постои некоја влашка магија. Баба Десанка тврди дека жената е всушност Muma Paduri (шумска мајка). Дека позната легенда е дека си го загубила детето на патот, дека починало, го удрило нешто. не е прв пат возачи да видат жена во бело како пружа рака кон нив, вели Гатачката за Ало
-Секој маж кој сонува убава жена, како ја допира, мисли дека сонува нешто убаво но тоа е ѓаволот. Јас вчера видов еден дух на жена, тука преку патот од мојата куќа, вели баба десанка една од најпознатите гатачки во Источна Србија.

-Шумската мајка е немилосрдна. Никој не смее да и се спротистави инаку ќе го повреди. Вели баба десанка.
Дух или шега, не се знае, но со сигурност мештаните не сакаат ниту да дознаат. Велат посигурно им е да не возат таму ноќе.

http://denesen.mk/web/2013/08/20/duhot-na-majka-si-go-bara-deteto-predizvikuvajki-soobrakjajni-nesrekji/
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
Сте пробале ли некој од вас да снима ЕВП -EVP електро воис феномена преведено феномен на електричен глас дома или кај што повеке пати ви се случуваат паранормални работи? Јас спремам еден уред за такво снимање. А спремам и изненадување за духови кои траскаат врати така да следен пат нема да му текне да и се доближи на вратата, ова со вратата сега за сега тоа е само проект не е реализиран а сакам да го пробам.На едниот дел од вратата вратата ке биде обложена со фолија за печење -(пример како златцето од чоколадо) се налепува исцело на надворешниот дел на самата врата и се врзува на маса уземјување. надворешниот дел од вратата -касата што е од другата страна се става ментеши и се прави уште една врата али како рамка-врата со ситна железна мрежа за ситни инсекти што поситна да биде која ке биде под висок позитивен напон на 22киловолти кои ке ги ставам од високонапонско трафо од ЦРТ 72-КА телевизор.Кога ке дојде духот помеѓу двете врати во самата каса на вратата ке го очекува изненадување,зашто ке му треба многу голема енергија за да ја отвори јас имам ЕМФ метар со него ке го детектирам и ке ги активираме тие 22илјади волти позитивен напон а додека тие кои прават бељи духови се со негативен набој ке има пукотници.Ке го спржам. сега за сега ова е само проект незнам дали ке функционира.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
168
Поени од реакции
408
Сте пробале ли некој од вас да снима ЕВП -EVP електро воис феномена преведено феномен на електричен глас дома или кај што повеке пати ви се случуваат паранормални работи? Јас спремам еден уред за такво снимање. А спремам и изненадување за духови кои траскаат врати така да следен пат нема да му текне да и се доближи на вратата, ова со вратата сега за сега тоа е само проект не е реализиран а сакам да го пробам.На едниот дел од вратата вратата ке биде обложена со фолија за печење -(пример како златцето од чоколадо) се налепува исцело на надворешниот дел на самата врата и се врзува на маса уземјување. надворешниот дел од вратата -касата што е од другата страна се става ментеши и се прави уште една врата али како рамка-врата со ситна железна мрежа за ситни инсекти што поситна да биде која ке биде под висок позитивен напон на 22киловолти кои ке ги ставам од високонапонско трафо од ЦРТ 72-КА телевизор.Кога ке дојде духот помеѓу двете врати во самата каса на вратата ке го очекува изненадување,зашто ке му треба многу голема енергија за да ја отвори јас имам ЕМФ метар со него ке го детектирам и ке ги активираме тие 22илјади волти позитивен напон а додека тие кои прават бељи духови се со негативен набој ке има пукотници.Ке го спржам. сега за сега ова е само проект незнам дали ке функционира.
Другар батали тоа јави се на некој психијатар закажи си термин подобро ќе се осеќаш верувај ми
 

Kajgana Shop

На врв Bottom