@
zeljko31 Најди компатибилна верзија на Deep Freeze со оперативниот систем кој го користиш. Некои постари верзии на Deep Freeze на пример може да се инсталираат и на понов оперативен систем ( Windows 7 пример ) но можат да ти направат таков проблем каков што опиша. Тоа се дешава поради начинот на кој таа програма работи - за да функционира мора да инсталира driver, е сеа ако тој драјвер е направен за постар различен оперативен систем од тој што го имаш ( пример правено за XP, а ти го инсталираш на Windows 7 ) и ако го инсталираш "на сила" - ќе напраеш каша попара.
Провери точно која верзија на Deep Freeze е компатибилна со перативниот систем што планираш да го користиш и не би требало да ти прави проблеми ( намерно пишав "не би требало" затоа што со такви програми што инсталираат драјвери ( пример за такви програми ти се и програмите за емулација на оптички уреди - alcohol, daemon tools и тн ) никогаш не си баш 100 посто сигурен дека нема да има конфликт со некој друг driver - пробај па кажи
) .
@
Nikolov82 Значи пробај прво стави само една плочка од 256 MB. Влези у BIOS и подеси го рамот да работи на некоја ниска вредност ( пример 266 ). Угаси го компјутерот и додај ја 512-ката. Ако работи тестирај со повисока фреквенција ако ти е мерак да работи на побрзо, мада нема да ти напрае разлика на толку стар систем. Ако не работи или работи нестабилно - дигни го малце напонот ( на рамот и/или меморискиот контролер/northbridge - у зависност од тоа какви опции ти нуди матичната ) и пробај пак. Пробај и во различен слот. Тоа е мање-више све што можеш да напраеш. Ако имаш среќа - ќе проработи.
А за тоа зашто не ти работат двете 256-ки на 400 Mhz - не се оптеретуј многу со тоа
. Можно е да се работи за различни плочки кои работат на 400 Mhz со различни latency-и, можно е да им треба различен напон за да постигнат 400 Mhz, можно е меморискиот контролер на плочата да е тапа и сл. Што и да е причината ако си запнал да работат на 400 Mhz можеш да пробаш да ги "опуштиш" latency-ите ( да ги ставиш на ПОВИСОКИ вредности - пример од 2 2 2 5 на 3 3 3 8 ) и да дигнеш напон на рамот/меморискиот контролер. Све се сведува на тоа мање-више - да жртвуваш брзина за стабилност - со "опуштање" на latency-и и со намалување на фреквенција накратко губиш брзина за да добиеш стабилност. Со дигање на напонот на меморискиот контролер обично* ( поготово на постари/budget плочи ) се добива на стабилност кога се користат повеќе слотови за рам. Затоа и ти ги предложив овие работи.
под обично* мислам во поголемиот број на случаи. Во некои случаи колку и да дигаш напон - пак нема да работи. Trial and error /: .