Boomerang
Немој CTRL+W.
- Член од
- 18 јуни 2006
- Мислења
- 3.709
- Поени од реакции
- 809
Кое е вашето мислење во однос на Студентските Организации? Зборувам за организации од типот на BEST, Aiesec, EESTEC, итн. Дали навистина мислите дека студентот има бенефиција од самата организација? Дали добива некои комуникациски вештини, развива вештини за работа во група, презентациски вештини и слично, или нема воопшто никаков ќар од членувањето во ваква организација. Според мене, членувањето во ваква организација, и одењето на состаноци нема никаков +, освен тоа што имаш можност да се прошеташ низ Европа, ништо повеќе. Додека има JobFair, посебно ме иритира кога ќе ги видам уфилмани, пицнати у сакоа, џоа се врвни менаџери во некои странски фирми, и зимаат плата од 6.000 + евра, а они местат штандови. Па уште кога ќе ги видиш ти го вртат муабетот од типот: "Еј брат, извини у гужва сум со JobFair-ов, у фрки сум, нешто сум у организација". Па уште и имаат распределено луѓе, еден за HR, друг за PR, џоа господ за муда го фатиле. Според мене чисто уфилмавање, ништо повеќе. Ајде да го чуеме вашето мислење.