Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Фала за конструктивната критика. Само што тешко ми е да примам совети од луѓе што имаат оваков пристап како твојот. ;)
Не беше целта давање совети, само обид за дискусија. Тоа е она што во времето пред интернетот се викаше муабет и се практикуваше по кафани, по гости, итн. И за разлика од форумите немаше секој еднаков пристап на тие маси (гледаш, ни тогаш немаше ништо од хоризонталата :D), а битно беше муабетот да има поента ( до душа и не мораше, ама тогаш муабетот добиваше друго име -пијанка :)) .

А поентата на постов девојче е дека освен чисто срце и добра волја немаш ништо друго потребно за промовирање на анархијата. А тоа не е доволно. Не е ни забрането, нормално, само што слабо придонесува за „каузата„.;)
 
Gee tnx! :icon_mrgr:

Знам дека немам „моќ за убедување“, затоа имам купови со теорија. Кој сака да учи, ќе научи. ;)
 
Gee tnx! :icon_mrgr:

Знам дека немам „моќ за убедување“, затоа имам купови со теорија. Кој сака да учи, ќе научи. ;)
Па тоа е тоа што штека бе девојче, купови со теорија без пракса ;). Движењето не е од вчера, твоите „претходници„ имаа ихаха време да си ја пробаат теоријата во пракса. Па едно чудо „системи„ си ја пробаа среќата во изминативе 10000 години, некои од нив водени од тешки будали. Некои од нив траеле со векови, некои со денови. Во колку случаи е пробана и проверена анархијата како модел? И не зборувам само за формирање држави, нека била заедница од било каков вид. Нула, ништо.

А тоа е така затоа што човекот не е створен за анархија, како што не е створен ни за комунизам. Со нула обиди во пракса, куповите со теорија ќе си останат токму тоа - купови теорија.
 
И еве зошто се откажувам од објаснување после 84 страни (штета, понекогаш можам да налетам на ок особа). Значи постојано, на 84 страници, јас и други мои истомисленици кажуваме како ова е воведено во пракса, кажуваме и каде... Се до новата страна. Никој не се навратил наназад да прочита, а моментот што најмногу ме фрустрира е кога за темава најмногу какаат луѓе што имаат само општо познавање од оваа област. Ајде, не моа да имате прочитано барем една книга, кога би гуглале, би виделе дека анархизмот е спореведен во пракса милон пати.
 
Се спремате вие за боргови или што е работава? :DДоста више ме ставаш у множина и се криеш позади генерализирање, кога ме цитираш мене ваљда ми се обраќаш мене :D.Ваквата пракса е карактеристична за оние против кои се „борите„:D.
Вака на пример:
AnFem девојче, за разлика од тебе, која по два мои поста заклучи дека: „сум роб на власта, какам, појма немам„и сл., јас ги исчитав твоите постови на темата и заклучувам дека немаш поим за што зборуваш (значи не „јас и моите истомисленици мислиме дека некои овде појма немаат„, туку јас сметам дека дискутантот AnFem нема поим за што се залага:D). Кратко, јасно и поштено.

Ако заврши со мене, да преминеме на „моите ставови„ за анархијата:D. Сметам дека човекот не е создаден за тоа. Ќе ме убедиш ли во спротивното (ама онака во духот на хармонијата и почитување на слободата, онака - анархистички;)).
 
Не генерализирам. Не те ставав тебе во множина и не, не значи дека ако тебе те цитирам дека целиот пост се однесува на тебе, им се обраќав и на останатите дискутанти на темава, затоа и е множина, нели?
Да, немам појма за што се залагам. Јас сум тинејџерка што е во некој бунтовен период и целото мое знаење се базира на текстовите од Википедија.

Не ти ветувам дека ќе пробам да те разубедувам, ама би сакала поопширно да ги образложиш твоите ставови.
 
Не ти ветувам дека ќе пробам да те разубедувам, ама би сакала поопширно да ги образложиш твоите ставови.

Касни малку одговорот, комбинација на технички проблеми и добар фудбал :).
Едноставно е за објаснување - така е скроен човекот, тоа му е во природата. А дали тоа е добро или лошо се уште не знам.
Прво за „омразената„ хиерархија - неизбежна е во секоја група, па макар била и од двајца. Не ги ни земај за пример војската, полицијата, фирмите, каде тоа е и на хартија уредено. Еве земи го за пример друштвото во школо (ако учиш) или во кафич. По извесно време се издвојува еден кого сите го/ја следат. Не мора ни да е најсилниот, може да е најзабавниот, најлукавиот...Не е ни важно како се издвоил, важно е дека станал лидер, водач, иако никој не го назначил за тоа. И нема потреба, бидејќи тоа е вродено. Еве нека се и двајца - ти и другарка ти на пример. Ти си лидерот, ти предлагаш каде да одите, што ќе правите, таа те следи. Нормално дека некогаш ќе биде по нејзино, ама пак ти си таа што пресекува. И тој однос се створил сам по себе, никој на писмено не те назначил за лидер. Си приметила дека секоја година истите луѓе организираат излети или збираат пари за нова година? Има милион примери, ама мислам дека ја доловив сликата. Има луѓе што сакаат да водат, има луѓе на кои им е покомотно да бидат водени.

Да не ни почнувам за тоа дека цело човештво се базира на споредба - ако ти ја кажам површината на Вајоминг нема да ти значи ништо, ако ти кажам дека е колку Македонија веќе стекнуваш претстава за големината.

Следно и најважно - многу ја преценувате свеста на човекот. Доволни се 24 саати без струја за скептиците да се уверат, а останатите да се потсетат на тоа.

Ова е само дел, има опасност да отиде постот во долги и досадни па ќе го скратам тука :).

Еве и покрај се, да речеме дека сум расположен за експеримент со анархизмот. Сегашното е срушено, што е алтернативата?
 
Ipsissimus - Исто така можам да кажам дека и ти глупави аргументи даваш за материја која не ја познаваш доволно (темава). Да би ја простудирал темелно, и кога би ја разбрал, не би го делел истото мислење кое го имаш сега, за анархијата.
Тоа што другите не го познаваат во врска со телемата, јас го објаснив, тоа што мене не ми е сватливо во врска со анархијата, никој од вас не успеа да го објасни.
Значи се согласивте дека сегашниов степен на зрелост кај човештвото е на далеку низок степен за да може да функционира без хиерархија, а и покрај тоа се залагате за општество без хиерархија....
Поправиме ако не е така.
@Ipsissimus
Спомна канцер, епа јас канцерот го гледам во поголем дел од „луѓето“ кои заборавиле што се и избегале од својата суштина, не во оние кои се бунат за слобода. Пак ќе кажам, треба да бидеш луд за да плукаш на луѓе кои сакаат општо добро.
Општо добро во овој момент во кој се наоѓа човештвото ни одблиску не е општествено уредување во кое нема хиерархија. Тоа е нешто за кое веќе се согласивме:
Значи веќе се согласивме дека со денешниве луѓе не е возможно овакво општество, затоа што ќе настане хаос. Да не се повторуваме.
Епа јас зборам за ова, не за некое друго. ;)
 
Oh dear... Too much mental orgasm! :)

6721353_700b.jpg
 
Man is free to choose not to be conscious, but not free to escape the penalty of unconsciousness.
 
Немам намера да се карам со анархисти на форумов, бидејќи сте бајги начитани. Само ќе кажам дека Анархијата во идеален случај ниту може ниту ќе постои, сметајте ја како Перпетум Мобиле, совршено, а не постои.
 
Што подразбира тоа идеален?
 
Што подразбира тоа идеален?
Нешто што нема мана. Гледано од друга точка и Анархијата има свои мани, ама барем нема никој да ти седи/сери над глава.
 
Само ќе кажам дека Анархијата во идеален случај ниту може ниту ќе постои, сметајте ја како Перпетум Мобиле, совршено, а не постои.

Во идеални услови, единствената социјална опција Е анархија. Во право си, начитај се, па врати се да дискутираме.
--- надополнето: 6 март 2013 во 19:01 ---
Нешто што нема мана. Гледано од друга точка и Анархијата има свои мани, ама барем нема никој да ти седи/сери над глава.

А тие се?
 
Останатите.

Во право беше погоре, ќе си се повлечам настрана - и така немам доволно информации на темава. Извинете за потрошеното време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom