Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Очекувано.
--- надополнето: 6 март 2013 во 00:12 ---

Турчинот го сјеба дури и тој дуел, САФ vs Жозе.
Го ослабна Фергусон, па нормално тоа повлекува со себе, нереален резултат на крајот.

Има вистина и во ова. Потегот да не игра Руни беше одличен, само дечурланава не разбираат. Исто така потегот Модриќ наместо Арбелоа после картонот, а не напаѓач или Каљехон беше одличен и вроди со плод.
 
Манчестер не беше овде оштетен, беше оштетен првата утакмица ко не им даде црвен на Реал, на Варане мислам... За овај црвениот не би рекол дека е чист црвен, ама судиска одлука е ова, 50-50 и да дадеше жолт немаше да погреши, а и вака не погреши според мене...

Првата утакмица недосуден чисти црвен за Реал + Црвениот кој немораше да се даде ако сака судијата + Диего + Малце несреќа = Елиминација

Овде не победи подобриот, туку посреќниот, се гледа дека тимовите се тука-некаде по квалитет. Манчестер заслужи да оди понатаму, ама пак исто толку и Реал си заслужи и то е то.

Спорт е, јебига. Мора некој да изгуби и така...
 
реал постигна два гола манчестер ниту еден. без разлика каде бил упатен погледот на нани - удар во гради/стомак со отворена копачка = црвен картон.

Ова е клучно во такви ситуации, дали Нани го има видено Арбелоа...
Ако го има видено, и продолжил со отворен ѓон, тогаш е заслужен црвен картон, во спротива жолт без приговарање...

Кажете ми еден навивач неутрален кој помисли дека ке има црвен картон? Го гледав натпреварот во кафиќ, и сите, буквално сите се изненадија од одлуката да покаже црвен...

Видиќ и му сугерираше на судијата дека Нани гледал во топката, но тоа е што е ...

Не поминуваше Реал понатака со 11 играчи на Јунајтед на терен...

Мора да се пофали и Мурињо, кога го извади бек, а пушти централен што веднаш му вроди со плод, и обратна замена откако имаше резултат...

Горчлив пораз, ни фалеше и среќа, ама тоа е... Да бев на место на Видиќ, веројатно ке го фатев турчето за гуша и од земја...
Мала кривица и на Ферги што не направи замени по црвениот на Нани, туку продолжи да се брани кога Реал имаше вишок играч од средина и баш тој ни даде гол...

Тоа е...
 
Има вистина и во ова. Потегот да не игра Руни беше одличен, само дечурланава не разбираат. Исто така потегот Модриќ наместо Арбелоа после картонот, а не напаѓач или Каљехон беше одличен и вроди со плод.

Да и судискиот потег беше одличен,го реши натпреварот.Каков Ферги каков Мурињо,Чакир е фацата :)
 
Има вистина и во ова. Потегот да не игра Руни беше одличен, само дечурланава не разбираат. Исто така потегот Модриќ наместо Арбелоа после картонот, а не напаѓач или Каљехон беше одличен и вроди со плод.
Двајца одлични тактичари се судрија(тоа што едниот е гомно карактер, нема врска во оваа ситуација), така да очекувано беше да се одигра ваков интересен, одличен за гледање натпревар. Еден од подобрите натпревари во ЛШ сезонава(се до глупоста на Турчинот).
 
Карактер... малце е глупаво да зборуваме за него и неговиот карактер, а го познаваме само од ТВ и од медиуми.
Многу луѓе зборуваат дека Мурињо бил одличен човек пред се и сето тоа го правел за да си го заштити клубот и играчите.
Слично прави и Фергусон, само во малце подзавиена форма. И Фергусон е малку полош лузер. Ете не ни се појавил на пресот вечерва.
 
Прво, сакам да им го честитам пласманот понатака на фановите на Реал Мадрид.

Второ, дали вие тука што се прашувате каде со Гигс, Велбек и остали а Руни на клупа, да ве прашам, ја гледавте утакмицата? До 60 минута се` си беше супер, Мурињо беше исфрустриран, не знаеше што, офанзивата на Реал Мадрид беше без идеи. Сигурно тогаш не се прашувавте каде со овие, нели? Гигс и Велбек играа како на батерии да се, се утепаа од трчање, Гигс сто пати му помогна на Рафаел во удвојување на Роналдо, го издрибла 2-3 пати Коентрао, сто контри ги започна тој. Е да ми извините, крила на 20 години не го прават тоа, не па на 40. Знаеме за Велбек дека има лош финиш ама цело време му пречеше на Чаби Алонсо и токму заради тоа го стави Фергусон. Да го гледавте Манчестер Јунајтед неколку утакмици пред ова, ќе видевте дека Руни почна многу често да губи топки, во саботата против Норич иако даде ремек дело гол, сто пати изгуби посед, подаваше на противничкиот тим, концентрацијата му е 0, и остај што го прави сево ова туку ги крева рацете во вис и не се враќа да ја исправи грешката. И ајде еве во 20 поста под мојов пак прашајте зошто Руни седеше на клупа.

Трето, судијата уништи одличен двомеч, тоа е факт. Немојте сеа со тоа отворен ѓон, затворен ѓон, ваков ѓон поготово вие навивачите од други тимови зошто на првата утакмица Варане кога направи фаул а беше последен играч тука на форумов испопишавте дека на ваков двомеч не се давало црвен. Барем имајте исти критериум кога зборите за нешто. Сепак не се бунам за црвениот, незаслужен ама тоа е, после тоа имавме доста шанси и требаше да ги реализираат од која пенал ситуацијата на Руни ама како што пишав погоре, концентрацијата на Руни му е 0 и не ме чудеше што ја утна.

Четврто, премногу сум горда на мојот тим, покажаа дечките дека можат да се држат рамо со рамо со тим вреден милијарда евра, поготово од помладите играчи како Клеверли, Рафаел, Велбек, Еванс од првиот дуел итн.

Петто, иако Реал победија, имаат сериозни дупки во екипата. Се докажа дека ако на Роналдо не му оди или е затворен, Реал е безидеен. Фаци ко Рамос, Бензема и Игуаин (ова триово ќе го тагирам) по мое не заслужуваат да го носат дресот на таква екипа а на овој првиов па и капитенска лента му дале :facepalm::facepalm::facepalm:.

Тоа е тоа, со среќа на другите екипи во другите фази од натпреварувањето.

П.С. И повеќе од јасно е дека по сето ова на Мурињо следната станица ќе биде Олд Трафорд.
Vise koga go kritikuvas Runi za koncentracija sto treba da se zbori za Persi? Nula za 2te utakmici i taa vo Madrid i ovaa denes...
Nerezonski e igrac kako Runi da sedi na klupa na vakva utakmica so vakov protivnik vo ova natprevaruvanje kade sto se nema utakmica kako taa sto ja zboris ti so Norwich kade sto se nema 15 boda prednost pred durektnite konkurenti... Nomozes ti na takva utakmica da mu sudis na Runi...

Za crveniov... koga vise ova go narekuvaat elitno natprevaruvanje ... Pa neka stavat i elitni arbitri, siguren sum deka turcinov vo negova liga za vakov start ke progledal niz prsti

Sent from my GT-S5830i using Tapatalk 2
 
Абе признај си дека имаш комплекси од Ливерпул и од Арсенал, не ми врти сеа со муабетот ваму-таму :D
Шо не ги спомна фановите на Челзи, него ни едно ни две одма туп Ливерпул и Арсенал...

Незнам дали примети ама се шалам и нема потреба од зборови како идиоти, идиотски. Chill out ;)
Види вака значи пред се јас не навивам за ниту еден тим од Островото(како може да имам комплекси ,остај тоа да прашам пола од тие што го користат тој термин не ни знаат што му е вистинското значење), ми се допаѓа нивниот фудбал тоа е несомнено ... но кога збориме за фудбалот на островото нема многу екипи што стварно го играат тој стил на игра тоа се мал број на екипи како Норич,ВБА,Стоук има и други не е ни време ни место сеа за нив .. Челзи ? речиси и да нема во Македонија прави навивачи на тој тим се е ова овде ебиветер навивачи од пред 5-6 години и тоа сите од нив освен Челзи имаат уште мал милион други тимови што навиваат за нив како Сити и ред други дури и од други првенства значи не зборам воопшто за навивачи на Челзи затоа што тие ги нема ги нема посебно тука односно во Македонија тие на прсти можат да се избројат ... Chill out пријателе и ако толку сакаш да знаеш да за кого навивам би ти било смешно ама јас навивам за Парма .
 
Vise koga go kritikuvas Runi za koncentracija sto treba da se zbori za Persi? Nula za 2te utakmici i taa vo Madrid i ovaa denes...
Nerezonski e igrac kako Runi da sedi na klupa na vakva utakmica so vakov protivnik vo ova natprevaruvanje kade sto se nema utakmica kako taa sto ja zboris ti so Norwich kade sto se nema 15 boda prednost pred durektnite konkurenti... Nomozes ti na takva utakmica da mu sudis na Runi...

Za crveniov... koga vise ova go narekuvaat elitno natprevaruvanje ... Pa neka stavat i elitni arbitri, siguren sum deka turcinov vo negova liga za vakov start ke progledal niz prsti

Sent from my GT-S5830i using Tapatalk 2

Ама Димче брат не беше само Норич за Руни, дури и со Саутемптон пред месец ипол иако даде голови беше очаен од тогаш датира сето тоа, заради него Керик милион пати досега има правено опасни фаули (а не е прљав играч) за да спречи контри а овој не се ни враќа туку ги крева рацете само. Е само тоа не му чини на Руни. Велбек размислува порезонски од Руни и не додава на противникот по сто пати, па и ако изгуби топка трча ко луд за да ја врати и во 90% од случаите, ја враќа топката. Се очекуваше ете извор на голови да е РвП потпомогнат од Нани.

За РвП се сложувам, се изгуби.
 
Карактер... малце е глупаво да зборуваме за него и неговиот карактер, а го познаваме само од ТВ и од медиуми.
Многу луѓе зборуваат дека Мурињо бил одличен човек пред се и сето тоа го правел за да си го заштити клубот и играчите.
Слично прави и Фергусон, само во малце подзавиена форма.
Добро, сега нема смисла(а ни потреба) да коментираме за Жозе на темава. Ама, кога веќе спомна, да, точно е. Го знаеме само од медиумите.
Ама, од медиумите доволно ни беше да дознаеме дека има многу променлив карактер(Барса засекогаш во неговото срце-1997ма, кои се денес неговите мислења за тоа, знаеме сите). Исто така, не може никако да се оправда неговото брцање прст во око на помошник тренер на противнички асистент-тренер, без никаква причина.
Толку, нема потреба повеќе да одиме оф-топик.
Честитки до Реал и до Борусија Дортмунд. Утре Јуве и ПСЖ треба само да ја заверат предноста која ја направија на гостувањата.
Штета е што тим како Манчестер Јунајтед отпаѓа уште во 1/8 финале, посебно во ваква сезона, каде реално и заслужено можеа да стигнат до завршницата на самото натпреварување, меѓутоа тоа е тоа.
 
Добро, сега нема смисла(а ни потреба) да коментираме за Жозе на темава. Ама, кога веќе спомна, да, го знаеме само од медиумите.
Ама, од медиумите доволно ни беше да дознаеме дека има многу променливи мислења(Барса засекогаш во неговото срце-1997ма, кои се денес неговите мислења за тоа, знаеме сите). Исто така, не може никако да се оправда неговото брцање прст во око на помошник тренер на противнички асистент-тренер, без никаква причина.
Толку, нема потреба повеќе да одиме оф-топик.
Честитки до Реал и до Борусија Дортмунд. Утре Јуве и ПСЖ треба само да ја заверат предноста која ја направија на гостувањата.
Штета е што тим како Манчестер Јунајтед отпаѓа уште во 1/8 финале, посебно во ваква сезона, каде реално и заслужено можеа да стигнат до завршницата на самото натпреварување, меѓутоа тоа е тоа.

Па и променливо е тоа. Плус, во најголемиот ривал е тренер, што очекуваш, сеуште да кажува дека Барселона му е во срцето? Мислењата некогаш се менуваат, во зависност од ситуацијата.
Ете, Бенитез зборуваше се најлошо за навивачите на Челзи, откога дојде во Челзи, им се лижеше подолго време. Но тие не го прифатија.
И не е офтопик, зборуваме за тренерите на Реал и Манчестер, кои секако играа во ЛШ.
 
Добро, сега нема смисла(а ни потреба) да коментираме за Жозе на темава. Ама, кога веќе спомна, да, точно е. Го знаеме само од медиумите.
Ама, од медиумите доволно ни беше да дознаеме дека има многу променлив карактер(Барса засекогаш во неговото срце-1997ма, кои се денес неговите мислења за тоа, знаеме сите). Исто така, не може никако да се оправда неговото брцање прст во око на помошник тренер на противнички асистент-тренер, без никаква причина.
Толку, нема потреба повеќе да одиме оф-топик.
Честитки до Реал и до Борусија Дортмунд. Утре Јуве и ПСЖ треба само да ја заверат предноста која ја направија на гостувањата.
Штета е што тим како Манчестер Јунајтед отпаѓа уште во 1/8 финале, посебно во ваква сезона, каде реално и заслужено можеа да стигнат до завршницата на самото натпреварување, меѓутоа тоа е тоа.
:icon_lol: Штета викаш? :icon_lol:
 
ajde ajde, persa pred nekoja godina dobi crven za sut 2 sekundi posle sudiski svires, a ova od nani bese kikboks udar, sto bara da ja kreva nogata tolku pri glava na ramenja. i da videl i da ne videl crveniot si go zasluzi.

p.s. reakcijata na ferguson bese epska :)
 
Незнам шо очекувате од Ван Перси, кога излага со формација Фергусон со две крила кои не се нешо по асистирањето, двајца деструктивци и Гигс кој сите го прифаќаме како легенда на светскиот фудбал, но не е за вакви утакмици. Неможеше едноставно Ван Перси, Варан и Рамос колку и да се подложни на brainfarts се многу брзи штопери. Тоа е тоа, да играа Кагава и Руни подруга ќе беше причата за Ван Персие, кој е најдобриот напаѓач моментално.

Многу ќе кажат дека генијална била поставеноста на Фергусон вечер, јас не се согласувам со тоа.
 
Па и променливо е тоа. Плус, во најголемиот ривал е тренер, што очекуваш, сеуште да кажува дека Барселона му е во срцето? Мислењата некогаш се менуваат, во зависност од ситуацијата.
Ете, Бенитез зборуваше се најлошо за навивачите на Челзи, откога дојде во Челзи, им се лижеше подолго време. Но тие не го прифатија.
И не е офтопик, зборуваме за тренерите на Реал и Манчестер, кои секако играа во ЛШ.
Секој со своето мислење. Тешко дека едниот ќе го убеди другиот во нешто, дури и цела ноќ да се убедуваме.
За мене, бодењето прст во окото на Тито, плачењето дека УЕФА работи против него(por que?) и многу честите провокации ми е ептен глупо понашање.
Од друга страна, како тактичар и работник, тешко може да му се забележи. Тоа го има докажано неколку пати.
--- надополнето: 6 март 2013 во 00:31 ---
:icon_lol: Штета викаш? :icon_lol:
Не требаше да испаднат, барем не во 1/8 финале. Без разлика какви се нашите 'чувства' спрема Манчестер. :icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom