Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е тој момент, кога навивачите на Барселона дочекаа да мрчат за судиска одлука во полза на Реал.
Се подмочаа во гаќи.

Некни не мрчевме бе, а чист пенал не ни судија против Реал. Специјално за тебе постираме на темава, само тебе те мава в психа кога ќе отвориш некоја тема и гледаш некој од фан клуб Барса напишал нешто. :love:
 
Не можете да знаете кој ќе идеше понатаму и да не се случеше црвениот. Сепак го имавме Модриќ и Бензема на клупата кои можеа да сменат нешто. Муабетот ви е ако баба беше машко.

Сега за црвениот. Најпрво си помислив дебилот ја расипа утакмицата. Потоа со гледање на повеќе снимки заклучив дека горе доле си беше заслужен (мое мислење). Можеше и да му прогледа низ прсти и да му даде жолт али во најмала рака, али секој судија си има сопствен критериум. Некој ќе даде само жолт (Веб на светското кога де Јонг го удри Алонсо в гради), додека повеќето даваат црвен. Немаше да погреши и да дадеше жолт картон, значи 50/50 ситуација, али сепак искуството си го прави своето (на судијата).

Како и да е Реал иде понатаму, заслужени или не ќе видиме на крај. Реално очекувам да се сопне од Баерн единствено, бидејќи тие се еден вид на Манчестер со појака средина.
 
Некни не мрчевме бе, а чист пенал не ни судија против Реал. Специјално за тебе постираме на темава, само тебе те мава в психа кога ќе отвориш некоја тема и гледаш некој од фан клуб Барса напишал нешто. :love:

Не можам при себе да си дојдам. А замисли па да ти ја видам фацата :ROFLMAO:
 
Прво, сакам да им го честитам пласманот понатака на фановите на Реал Мадрид.

Второ, дали вие тука што се прашувате каде со Гигс, Велбек и остали а Руни на клупа, да ве прашам, ја гледавте утакмицата? До 60 минута се` си беше супер, Мурињо беше исфрустриран, не знаеше што, офанзивата на Реал Мадрид беше без идеи. Сигурно тогаш не се прашувавте каде со овие, нели? Гигс и Велбек играа како на батерии да се, се утепаа од трчање, Гигс сто пати му помогна на Рафаел во удвојување на Роналдо, го издрибла 2-3 пати Коентрао, сто контри ги започна тој. Е да ми извините, крила на 20 години не го прават тоа, не па на 40. Знаеме за Велбек дека има лош финиш ама цело време му пречеше на Чаби Алонсо и токму заради тоа го стави Фергусон. Да го гледавте Манчестер Јунајтед неколку утакмици пред ова, ќе видевте дека Руни почна многу често да губи топки, во саботата против Норич иако даде ремек дело гол, сто пати изгуби посед, подаваше на противничкиот тим, концентрацијата му е 0, и остај што го прави сево ова туку ги крева рацете во вис и не се враќа да ја исправи грешката. И ајде еве во 20 поста под мојов пак прашајте зошто Руни седеше на клупа.

Трето, судијата уништи одличен двомеч, тоа е факт. Немојте сеа со тоа отворен ѓон, затворен ѓон, ваков ѓон поготово вие навивачите од други тимови зошто на првата утакмица Варане кога направи фаул а беше последен играч тука на форумов испопишавте дека на ваков двомеч не се давало црвен. Барем имајте исти критериум кога зборите за нешто. Сепак не се бунам за црвениот, незаслужен ама тоа е, после тоа имавме доста шанси и требаше да ги реализираат од која пенал ситуацијата на Руни ама како што пишав погоре, концентрацијата на Руни му е 0 и не ме чудеше што ја утна.

Четврто, премногу сум горда на мојот тим, покажаа дечките дека можат да се држат рамо со рамо со тим вреден милијарда евра, поготово од помладите играчи како Клеверли, Рафаел, Велбек, Еванс од првиот дуел итн.

Петто, иако Реал победија, имаат сериозни дупки во екипата. Се докажа дека ако на Роналдо не му оди или е затворен, Реал е безидеен. Фаци ко Рамос, Бензема и Игуаин (ова триово ќе го тагирам) по мое не заслужуваат да го носат дресот на таква екипа а на овој првиов па и капитенска лента му дале :facepalm::facepalm::facepalm:.

Тоа е тоа, со среќа на другите екипи во другите фази од натпреварувањето.

П.С. И повеќе од јасно е дека по сето ова на Мурињо следната станица ќе биде Олд Трафорд.
 
реал постигна два гола манчестер ниту еден. без разлика каде бил упатен погледот на нани - удар во гради/стомак со отворена копачка = црвен картон.
 
реал постигна два гола манчестер ниту еден. без разлика каде бил упатен погледот на нани - удар во гради/стомак со отворена копачка = црвен картон.


Јас се прашувам дали овој член го гледал натпреварот или само видел снимка од фаулот и од лајвскор резултат.. :unsure:
 
Многу напатени души од Ливерпул и Арсенал во темава... Четврток е ваш ден, или wait? ....
Во среда играме, исто како вас. Барем уште една, исто како и вие што изигравте. Се изглупира малку со муабетов.
 
реал постигна два гола манчестер ниту еден. без разлика каде бил упатен погледот на нани - удар во гради/стомак со отворена копачка = црвен картон.


Зашто тогаш Де јонг не прими црвен при удар со отворена копачка во гради а и плус го гледаше играчот дека иде накај него ?
 
Како прво како примети чив фан сум ?
Второ комплекси од арсенал ? поидитско нешто немам слушнато од времето на Тито , па кој жив човек има комплекси од Арсенал .. може самите вие навивачи на истоимениот тим ?
Трето финтато со Бранко некако веќе е излитена и не пали .. ајде и јас едно смајли како тебе да не речеш туу што катил човек :D
Абе признај си дека имаш комплекси од Ливерпул и од Арсенал, не ми врти сеа со муабетот ваму-таму :D
Шо не ги спомна фановите на Челзи, него ни едно ни две одма туп Ливерпул и Арсенал...


Незнам дали примети ама се шалам и нема потреба од зборови како идиоти, идиотски. Chill out ;)
 
Во среда играме, исто како вас. Барем уште една, исто како и вие што изигравте. Се изглупира малку со муабетов.

Барем вие самите знаете какво е чувството на немоќ, Ве ишибаја дома како во туѓо маало да сте биле. :icon_lol:
 
Барем мило ми беше што се судрија двајцата најголеми тренери на денешницава и имаа потези за во учебник.
 
Барем мило ми беше што се судрија двајцата најголеми тренери на денешницава и имаа потези за во учебник.

Едниот е најголем,другиот си го призна то ;)
 
Очекувано.


Барем мило ми беше што се судрија двајцата најголеми тренери на денешницава и имаа потези за во учебник.
Турчинот го сјеба дури и тој дуел, САФ vs Жозе.
Го ослабна Фергусон, па нормално тоа повлекува со себе, нереален резултат на крајот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom