Прашање за Христијанството III

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
прашањава се топ
добро ти текнале
ама од христијански аспект неможам јас да ти одговорам
ама ке пробам од мој аспект да ти ги одговорам
Верувам дека има такви што може да направат лошо ( ова го кажувам поради што моја ептен блиска личност има пропатено), таквите демони (пошто за мене не се луѓе) може да наштетат многу а за лек секако дека има, како свети води, манастири итн. За казна на таквите незнам што да кажам има кој да ги казни и на овој и на оној свет ( луѓето нетреба ништо да преземаат)
А таквите па влада работат со се и сешто незнам точно да кажам со што или пак дали се џинии или демони ( јас во практика ги нарекувам демони)
Навистина инересна тема е оваа, но сепак благодарам пред се на искрениот одговор, ЈАС ГО ЦЕНАМ ТОА КОГА НЕ СЕ ЗНАЕ ДА СЕ КАЖЕ ЗА ИСТОТО ОТКОЛКУ ДА СЕ ФИЛОЗОФИРА ЗА ТАА РАБОТА, (y)
Сепак твоето мислење го земам во предвид како твој став за истото, а се надевам можеби и ќе добиам некое мислење покрепено со христијаснки верски аргументи.

Поздрав и се најубаво.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Прашање до христијаните:
Зошто христијанството не оправдува лечење на стерилитет, и посебно вештачко оплодување.

Истово прашање и за муслиманите, има ли потреба да го поставам и во дргата тема? Ако не пречи дајте и тука одговор.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прашања до сите христијани:
1. Дали во христијанството се верува дека постојат сихирбази-маѓионичари кои со маѓија која ја прави маѓионичарот може да му наштети на човекот за која е намената таа маѓија?
2. Доколку се верува во претходното прашање, дали личноста на која му е направена маѓија има некои проблеми од самата маѓија?
3. Кои се последиците кои може да ги стекне личната на која му е направена таа маѓија, и дали вопшто има лек за таа маѓија и проблеми?
4. Дали маѓионичарот заслужува казна за проблемите кои му ги нанесува на луѓето и доколку има казна која е таа казна?
5. Со што работи тој маѓионичар за после направената маѓија лицето кое му е направена маѓија има потешкоти, дали тоа се џинните или демоните?
1. Да, постојат магионичари, кои имаат способност за чинење зло врз друг луѓе.
2. Да, оној на кого магијата му е фрлена, може да биде оштетен, но под услов ако ја примил магијата доброволно, но нема штета ако магијата не ја прима свесно.
3. Последиците се најразлични: од добивање лични проблеми (нарушено здравје...) па се‘ до ѓавоопседнатост.
4. Да, магионичарот може да биде казнет, и тоа јако, доколку не се покае соодвето. Магионичарите се луѓе кои се блиски со ѓавилите и од таа блискотпрозилегува тежината од гревове кои ги прават магионичарите.
5. Магионичарот го користи злото (злонамерата) т.е. злата енергија, која магиоичарот ја добива од ѓаволите.

П.С.
Под „магионичари„ подразбирам и трик-магионичари, не само деомонопседанти магиончари, т.н. „канализатори„, и гатачи, бајачи, екстрасенси, астролози и сл.
--- надополнето: 2 март 2013 во 15:28 ---
Прашање до христијаните:
Зошто христијанството не оправдува лечење на стерилитет, и посебно вештачко оплодување.
Лечењето стерилитет, како и вештачкото оплодување, се состојби кои Севишниот ги допуштил на одредена личност, од причини кои само Севишниот ги знае а и Црквата до извесна мера, така да човековото мешање и искривување на Божјата волја од страна на медицината, не е потег кој е благословен од Црквата.

Ова е најкраток можен одвовор, но има уште...

Се надевам дека не си задоволен од дадениот одговор...:)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Се надевам дека не си задоволен од дадениот одговор...:)
Ма бистар момак си ти не се сомнењвам, убо си знаеш дека нема да бидам.
Лечењето стерилитет, како и вештачкото оплодување, се состојби кои Севишниот ги допуштил на одредена личност, од причини кои само Севишниот ги знае а и Црквата до извесна мера, така да човековото мешање и искривување на Божјата волја од страна на медицината, не е потег кој е благословен од Црквата.

Ова е најкраток можен одвовор, но има уште...
А допуштил ли Бог канцер? Зошто тогаш оправдува хируршки интервенции и хемотерапија за негово отстртанување? Нели и тоа е мешање во божјата воља? Ако му е нему воља ќе си го земе човекот и готово, чуму хирургија и хемотерапија?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А допуштил ли Бог канцер?
Да, секоја тешка болест е последица од гревот и се именува како „...Божја посета...„ до пацинетот.
--- надополнето: 2 март 2013 во 16:00 ---
Зошто тогаш оправдува хируршки интервенции и хемотерапија за негово отстртанување? Нели и тоа е мешање во божјата воља? Ако му е нему воља ќе си го земе човекот и готово, чуму хирургија и хемотерапија?
На ова прашање , одговор има дадено еден современ руски хирург, кој е воедно и теолог. Тој вели: луѓето добиваат канцери, несомнено, како еден вид казна Божја за нивнта огревовеност, а самото хируршко отстранување на канцерот значи дека на пациентот може само да му се продолжи животот во извесна мерка, но пациентот нема да живее природно долго, како кога не би имал канцер.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да, секоја тешка болест е последица од гревот и се именува како „...Божја посета...„ до пацинетот.
Чудна работа, Стертилитет не бил божја посета ама канцероот бил. Пази богати.....
Што ако од некоја таква божја посета (од тие дозволените) е последица за стерилитетот? Или пак има случаи кај што со минорни интервенции се отстранува тој стерилитет, некогаш дури и со обични витамини. И тогаш ли е мешање во божјата работа?

....а самото хируршко отстранување на канцерот значи дека на пациентот може само да му се продолжи животот во извесна мерка, но пациентот нема да живее природно долго, како кога не би имал канцер.
Овде бил грешка тој русот. Оти имало случаи, зависно кој орган е зафатен, кај што е успешно отстранет и луќето после тоа доживеале длабока старост.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Овде бил грешка тој русот. Оти имало случаи, зависно кој орган е зафатен, кај што е успешно отстранет и луќето после тоа доживеале длабока старост.
Да де, ама требаше да кажиш дека постојат и бенигни и малигни тумори, кои кај пациентите не праат иста „последица„, така?...
Према томе, ако нешто тврдиш, биди коректен до крај и не „земај„ само колку што Ти требит, колку за да бидиш во право, а „останатото„ го отстрануваш...:sneaky:
--- надополнето: 2 март 2013 во 16:19 ---
Чудна работа, Стертилитет не бил божја посета ама канцероот бил. Пази богати.....
Што ако од некоја таква божја посета (од тие дозволените) е последица за стерилитетот? Или пак има случаи кај што со минорни интервенции се отстранува тој стерилитет, некогаш дури и со обични витамини. И тогаш ли е мешање во божјата работа?
Не ги мешај работите: и стерилитетот и ракот се допуштени од Бога.

Пациентите, кои се воедно и верници, имаат неколку можности:
1. Тешката болест да ја примат со трпение и со смирение, како Божја волја кон нив лично.
2. Да бараат помош за болеста од Црквата и од Бога (не од медицинаа) и
3. Да бараат помош од медицината, која може да помогне само во извесна мерка, и да се надеваат на добар исход од медицинскиот третман., согласно волјата Божја.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
3. Да бараат помош од медицината, која може да помогне само во извесна мерка, и да се надеваат на добар исход од медицинскиот третман., согласно волјата Божја.
Упс.......... кора од банана, пази да не се лизнеш.

Имаат можност велиш. ОК.
Ете стерилитетот во najголем брoj случаи се лекува без in vitro. Не треба ли тие луѓе да пробаат да се “спротивстават“ на “божјата волја“?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Упс.......... кора од банана, пази да не се лизнеш.
Бап!...:pos:
--- надополнето: 2 март 2013 во 16:38 ---
Имаат можност велиш. ОК.
Ете стерилитетот во najголем брoj случаи се лекува без in vitro. Не треба ли тие луѓе да пробаат да се “спротивстават“ на “божјата волја“?
Стетилитетот не се лекува „..во најголем број случаи...„, како велиш. Лично знам луѓе кои цел живот останаа без деца, но такви кои превземаат се‘ и се‘што и пак немаат деца!
--- надополнето: 2 март 2013 во 16:38 ---
Не треба ли тие луѓе да пробаат да се “спротивстават“ на “божјата волја“?
Не е многу мудар тој потег: Бог може да им допушти пород, но...:unsure:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Стетилитетот не се лекува „..во најголем број случаи...„, како велиш. Лично знам луѓе кои цел живот останаа без деца, но такви кои превземаат се‘ и се‘што и пак немаат деца!
Не е многу мудар тој потег: Бог може да им допушти пород, но...:unsure:
Не знаеш Мики, знаеш неколкумина. Одговорно ти тврдам дека не си во право. Но тоа уз пивце, вака не.

Велиш не е мудар потез а? Због ради чега, ако е проблемот отстранлив, без таа ин витро?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не знаеш Мики, знаеш неколкумина. Одговорно ти тврдам дека не си во право. Но тоа уз пивце, вака не.
А уз пивце, сигурен сум дека ќе ми ги покажеш сите излечени слуачи, кои се побројни од луѓето кои јас лично ги знам?

А што мислиш, тие кои ги знам, нели се само дел од поголемата бројка од живи луѓе, кои јас лично не ги знам, а кои бараат чаре за нивниот проблем, а тоа барање е најчесто на погрешни места?....
--- надополнето: 2 март 2013 во 17:57 ---
Велиш не е мудар потез а? Због ради чега, ако е проблемот отстранлив, без таа ин витро?
Да, не е мудар потез, затоа што задира во волјата Божја, односно, оној кој упорно бара чаре за својот проблем а нејќе да се помири (и смири) со проблемот кој му е од Бога испратен, таквиот, тврдоглаво се инаети на она кое Бог му го одредил. Не исклучувам можност од успешно лечење (т.е. крпење...) на тешки болести, но со тоа, пациентот, доколку е верник, сам си ја намалува можната голема награда на Небесата, а можеби и целосно губење на истата...

За верните, животот не се сведува само на овосветовно краткотрајно битисување, туку за верните, овосветовново време ни‘ е дадено како време за подготовка за вечноста, крај нашиот Творец, кој (Творец) не прима ликови во Рајот, кои само изразиле желба за Рајот, а ни малку не се помачиле или ни малку не ги прифатиле она кое Севишниот им го допуштил.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Јас прв пат слушам дека хриатијанското учење темелено на записите од Библијата е против медицинско третирање на стерилитетот и ин витро методот. Ај ако може да ми се посочи каде во Библијата, поточно во Новиот Завет е дадено објаснување кое би го поткрепило ова тврдење?!
 
M

Muranyi

Гостин

Јас се извинувам што се дрзнувам да одговорам на твоево прашање,иако не сум деклариран Христијанин,но во право си,никаде не е забрането третирање на стерилитет или ин-витро оплодување,ниту во Стариот ниту во Новиот завет.Тоа е дело на Црквата,истата таа која го лаже народот дека е посредник помеѓу човека и Бога,истата таа која ти наплаќа за погреб,венчавка,крштевка.
Уствари,најголемите лицемери и лопови ти кажуваат дека Христијанството го забранува ин-витро оплодувањето,као демек тоа било божја волја,акумулиран грев и слични глупости кои вреѓаат човечка интелегенција.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас прв пат слушам дека хриатијанското учење темелено на записите од Библијата е против медицинско третирање на стерилитетот и ин витро методот. Ај ако може да ми се посочи каде во Библијата, поточно во Новиот Завет е дадено објаснување кое би го поткрепило ова тврдење?!
Нема проблем, ево, ја‘ ќе Ти посочам таков цитат, а Ти, за возврат, ќе ми посочиш цитат од Светото Писмо во кое е запишано моето име. Договорено?...:)
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Нема проблем, ево, ја‘ ќе Ти посочам таков цитат, а Ти, за возврат, ќе ми посочиш цитат од Светото Писмо во кое е запишано моето име. Договорено?...:)
Нема потреба да се осеќаш загрозен.Титулата “поставувач на неодговорени прашања“ не ми е воопшто примамлива :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom