Која е разликата помеѓу BDRIP, HDRIP, DVD, DVDRIP и X264?

  • Креатор на темата Креатор на темата ElderWizard!
  • Време на започнување Време на започнување
Немам намера ниту јас да се повторувам, и генерално нема потреба од тонот на дискусијава.

Јас имав двд од еден македонски филм, додека истиот уште не беше на кино репертоарот. Лично ми го даде еден од екипата што работеше на постпродукција. Јас можев да го конвертирам во xvid, mp4 или кој и да е формат, и да го закачам на интернет. И така ќе го имаше филмот во квалитетна копија, од дигитален извор, уште пред да заигра на кино. И тоа ќе беше скринер, а не камрип. Од почит кон авторите не го направив тоа.
Да живеев во Холивуд, можеби ќе ги имав во таква верзија и филмовите кои ги именуваш. Како што впрочем и ги имаат многу што се таму. И од исти причини не ги поставуваат на интернет.

Доволно оспорено?
Не.

Секогаш има исклучоци. Пример со македонски филм, каде безбедноста е непостоечка, не е показател за целокупната состојба. Скринер (по дефиниција, кои гледам ги љубиш) не е нелегална копија шверцана од член на филмската екипа. Скринерите се за критичари и некои други категории, за да го оценат филмот и да напишат критики (и со тоа да го изрекламираат филмот).
Фактот си стои, доста години наназад на интернет нема копии на скринери од дигитален извор. Се додека не испаднат тие филмови на двд/блу-реј.

Нормално можеби јас не знам за што зборувам и ти пошто подобро знаеш, без проблем ќе најдеш копии на скринери што се од дигитален извор, од филмовите што ги наведов погоре како пример.
 
Знам дека и ова или ова нема да се доволно за тебе, затоа што ќе речеш дека е од кино а не е од дигитален извор или ќе најдеш некоја друга причина.

Интернет е преполн со скринери, само пребарај.

А како би ја нарекол ти копијата од случајот што ти го опишав?
Имај во предвид дека тоа е истата копија што се праќа на критичари, дистрибутери или во мојов случај, спремена за праќање на селектори на фестивали. А и не беше прошверцувана, туку легитимно ми беше дадена, така да безбедноста нема врска со целава работа.
 
Јас имав двд од еден македонски филм, додека истиот уште не беше на кино репертоарот. Лично ми го даде еден од екипата што работеше на постпродукција. Јас можев да го конвертирам во xvid, mp4 или кој и да е формат, и да го закачам на интернет. И така ќе го имаше филмот во квалитетна копија, од дигитален извор, уште пред да заигра на кино. И тоа ќе беше скринер, а не камрип. Од почит кон авторите не го направив тоа.
Да живеев во Холивуд, можеби ќе ги имав во таква верзија и филмовите кои ги именуваш. Како што впрочем и ги имаат многу што се таму. И од исти причини не ги поставуваат на интернет.
.

Koj филм македонски си го имал ?,онака ме интересира :)
 
Знам дека и ова или ова нема да се доволно за тебе, затоа што ќе речеш дека е од кино а не е од дигитален извор или ќе најдеш некоја друга причина.
Интернет е преполн со скринери, само пребарај.
Се што велам јас е дека секогаш вреди да се почека и да се гледаат исклучиво филмови копирани од БлуРеј медиум (или барем од HDTV ако се работи за нови серии или постари или поретки/постари/поегзотични филмови). На нетот има цел куп сомнителни снимки кои ни ги сервираат под имиња како двдскринер, блабласкринер и слично. Единствен начин да дознаеш дали навистина се од скринер на ДВД медиум е да ги симнеш и провериш лично. Губење на време и ресурси во време кога има толку нови филмови за гледање (од БлуРеј) да проблем е слободно време а не немање што да се гледа во тоа слободно време.

На страна што огромен дел од луѓево денес имаат или големи телевизори со голема резолуција или пак филмови гледаат на компјутерски монитори, повторно со голема резолуција. Дури и да предпоставиме дека снимките од торентите што ги линкаш се вистински дигитални ДВД копии... дали приметуваш дека се upscale-ирани на 720p HD резолуција?
Слика со 720 × 480 DVD резолуција е еднакво квалитетна со слика од 1920×1080 BluRay резолуција?

Кој му бива да гледа лоши снимки, нека повели и нека пребарува и симиња скринери, и се остало снимано со камера од платно. А ти дефинирај и именувај ги како сакаш, ништо не се менува во фактот дека квалитетот на тие филмски копии е лош. Во најдобар случај добиваш снимка со лоша резолуција а тоа што најчесто го добиваш е снимка со лоша резолицја плус снимана со камера од платно.

Се надевам дека нема потреба да го спориме и ова?
Во евентуален таков случај, спори го примеров доле пред било што друго во таа насока.

HD_vs_SD_resolutions.png
(кликни ја сликата за зум во целосна големина)
 
Не ги извртувај тезите. Целата дискусија започна околу твоето дврдење дека camrip i SCR се една иста работа и дека се со ист квалитет. Повели, потсети се
Јас со тоа не се сложив и го оспорив.
Никаде не спомнав дека квалитетот на двд и ХД е ист, ниту некаде ги спомнав резолуциите на снимките.
ниту стана муабет за лажни наслови, насоки во кои сега се обидуваш да ја однесеш дискусијата и да ги замениш тезите.
Само ти дадов линкови до скринер копии од филмовите, за кои ти тврдеше дека неможе да се најде квалитетна снимка. И во нив јасно пишува дека се двд копии, не ХД. И како што и претпоставив, пак им најде маана. Не биле со квалитет како снимка 1920х1080. Не ни требаше да бидат.
А еве уште една тема каде се објаснуваат разликите меѓу разните типови на снимки. Можеби таму е подобро објаснето, па ќе разбереш.
Толку од мене.
 
Не ги извртувај тезите. Целата дискусија започна околу твоето дврдење дека camrip i SCR се една иста работа и дека се со ист квалитет. Повели, потсети се
Јас со тоа не се сложив и го оспорив.
Целта на темава е информација за широките народни маси. Од мноштвото опции со разноразни имиња и називи достапни на мрежата, што е добар избор на квалитет на снимки од филмови.
Дефиниции и обемни елаборати повеќемината или нема да можат да ги сфатат или ги мрзи да го направат тоа. За 90% од тие што им треба ваква тема потребно е нешто што е кратко и јасно како: симнувајте само BDRIP или барем HDTVRIP копии, и ништо друго.

Од тој аспект темава донекаде потфрли со непотребни дрвења, за што делумно и јас сум крив: пречесто дозволувам да ме вовлечат во демагошки натпревари (како на пример дискусии за разликите во поимање и „дефиницирање„ на интернет акроними), и разно-разни мерења на виртуелниот онаков.
 
Целта на темава е информација за широките народни маси. Од мноштвото опции со разноразни имиња и називи достапни на мрежата, што е добар избор на квалитет на снимки од филмови.
Дефиниции и обемни елаборати повеќемината или нема да можат да ги сфатат или ги мрзи да го направат тоа. За 90% од тие што им треба ваква тема потребно е нешто што е кратко и јасно како: симнувајте само BDRIP или барем HDTVRIP копии, и ништо друго..
Целта на темава е одговор на прашањето од самиот наслов, што беше одговорено во првиот пост, и надополнето во следните, се додека ти не даде погрешна информација, на која јас укажав.

Значи никој не бараше совет што да симнува, туку објаснување (да не речам „дефиниЦИрање“) на соодветните термини.

А за некој што прашува нешто што незнае, не гледам зошто би мислел деке е мрзлив или глупав за да неможе да ги разбере одговорите на прашањата што ги поставил?
 
Ова би било точно кога ОП би ја отворил темата со излагање дека треба да напише детален елаборат на тема различни формати и видови на филмски копии, присутни на интернет.

Но реалноста на едната реченица од која се состои целиот пост со кој е отворена темава, е дека ОП едноставно прашува што е разликата меѓу сите тие формати. Зошто би го прашувал тоа на таков едноставен начин ако не очекува едноставен одговор за разликата (а не дефинции и теорија), нормално за да знае што да избере за симнување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom