D
Daedalus
Гостин
Мислам дека ова е општо за многу луѓе. И женски тоа го прават. Али машките почесто. Мислам, (односно не сум сигурен) поради оваа причина:Многу голема мистерија од секогаш ми била зошто одеднаш, онака ничим изазвани им текнува на машките да исчезнат, ама баш онака кукавички, без да раскинат, да седнат, да направат муабет ко луѓе?
Не ми е муабетот, ниту намерата да генерализирам, зборувам исклучиво за конкретнава појава и ме интересира зошто истата се јавува, од машки аспект гледано...
Машките у принцип почесто се самоубиваат неголи женските. И сега кога ќе си речеш што по ѓаволите...ќе дојдам до поентата .
Кога машките чувсвуваат интензивни емоции кои се од негативен карактер, сметаат дека е слабост да ги кажат затоа што сме обдарени со вишок тестостерон и нашите социјални способности се сведени на минимум. Вие женските на пример полесно можете да зборувате со другите луѓе и вашите блиски за проблемите што ве мачат. Ситуацијата е иста тука. Машките бегаат пошто им е страв да станат емотивни и да го кажат тоа без срам.