Најдобри дизел мотори...

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Сеуште немам сретнато болесник што се трка со дизел, се надевам нема ни ти хехе...
Он-Топик... Комшијава има Зелено Рено 1994 година, дизел али незнам дали е 1.9... Штом ти е за да ти врши работа ќе ти врши, али знаеш по мое како што имам слушано повеќето ми велат бегај од Пежо и од Рено... Никогаш не сум возел едно од овие за да кажувам, но ми изгледаат како солидни автомобили...
( СЕПАК БЕНЗИНЕЦ ) :icon_lol:
Знам дека деловите за француските се да дуваш и да бегаш, но немав некое позитивно искуство ни со другите кога сме кај тоа, се работеше за нијанси.
Така да издржливоста и економичноста на моторот повеке ме интересираше,а не колку ке ме кошта преден лев фар или лагер на задно тркало.
 
Сите тие цди,тди,црди,хди.... се е тоа комон реил.
Тој комон реил е измислен од Алфа Ромео и Магнети Марели. Така да сите оние компании што денеска се маваат во гради и кажуваат дека измислиле којзнае што...лажат.
Второ,сите автомобилски компании користат мотори од две компании што се специјализирани за производство на мотори. Па затоа ќе видиш многу слични зафатнини. За дизелите 1.4 1.6 1.9 2.0....и за бензин 0.8 три цилиндри и 1.0 три цилиндри.... 1.2 1.8 (1.4 и 1.6 разликата е во одот на клипот) 2.0....
Трето, моторната електроника е на бош , сименс или магнети марели одприлка 90% застапеност
Е сега нека каже некој дека има разлика помоеѓу ХДИ на пежо и цди на мерцедес:)
Можеби...разлика во штрафовите и шајбните. Се друго испаѓа од исата фабрика.

Од друга стрна, сите дизел мотори издржуваат приближно исто. На 200 000 Км настануваат кваровите на пумпа, дизна...а моторите се конструирани да издржат до 700 000 Км. Одприлика,зависи дали е од жена возено или од доктор :)

Бајаги неточни работи пиша,
Не е сето тоа комон реил,туку технологија слична на комон реилот што е за првпат вграден во Алфа Ромео (точно),Самите кратенки кога ке видиш што значат,ке ти стане јасно дека се работи за различни мотори но сите со директно вбризгување но не на ист принцип.
VW до пред некое време имаше мотори со Бош пумпа,па еден сегмент мотори без Бош пумпа,или познати како помпа дјуза,за да во најновата генерација примени комон реил.
Зафатнината на моторот нема врска со тоа дали е дизел или бензин,туку повеќе за тоа колку ке платиш за таа кола,не само цената туку и осигурањето.Само кај нас нема врска колку кубика е,цената е нешто различна дали е 1.4 или 3.0 ако едното е 100 евра другото е 200.Додека во западните земји разликата е огромна.пример за кола со мотор од 5.0 ке платиш некои 500-800 евра годишно,додека за 1.4 ке платиш 200-400. таму се мерат издувните гасови и колкав загадувач си.
Последниот болд,можеби тоа важи за моторите на Шевролет или некои корејштини што за разлика од нив,Ауди,БМВ и Мерц имаат доживотна гаранција на мотор,кои се херметички затворени.Ако го одржуваш како што треба,ке помине и 3 милиона,нормално ке мењаш турба,дизни и такви некои ситници.Зет ми има Мерц 124ка што го вози такси неколку години,го купил со 800.000 а он за 20 години му наврте уште милион.Има само еднаш ремонт напраено.
 
Е и? Да им дадат златен медал? И ајфон беа први шо го напраја тач скрин екранот па никому ништо.
Јок - IBM Simon,iPAQ,HTC,Apple - кратка хронологија


Те молам просветли ме... кои се тие компании?
Не се баш две, ама не се ни кујзнае колку. Генерално се на прсти да ги изброиш, само работата кој до каде ке оди со развој на системите за гориво и слично. Заглавивме во времето на OTO јебига :)
 
Јок - IBM Simon,iPAQ,HTC,Apple - кратка хронологија
Добро де, епл го испопуларизираја уредот... знам јас дека имаше тач уреди и пред ајфон (имам дома моторола MC 35 на Win Mobile 2.0 со 200 Mhz процесор), мада тачот беше сосема поинаков.


Не се баш две, ама не се ни кујзнае колку. Генерално се на прсти да ги изброиш, само работата кој до каде ке оди со развој на системите за гориво и слично. Заглавивме во времето на OTO јебига :)
Мерцедес, БМВ, ВАГ, ПСА, Рено, Форд, Опел, Фиат/Алфа/Ланчиа . Само европските. Додај ги тука и Хјундаи, Киа, Хитачи, Коматсу, Тојота, Мазда, Нисан + америте...

Две беа?

Инаку, дури има нафта, ќе останиме во времето на Ото... иднината е хибрид, електрично - пневматски мотор, ама дали ќе доживејме да го видиме е прашање.
 
Добро де, епл го испопуларизираја уредот... знам јас дека имаше тач уреди и пред ајфон (имам дома моторола MC 35 на Win Mobile 2.0 со 200 Mhz процесор), мада тачот беше сосема поинаков.


Мерцедес, БМВ, ВАГ, ПСА, Рено, Форд, Опел, Фиат/Алфа/Ланчиа . Само европските. Додај ги тука и Хјундаи, Киа, Хитачи, Коматсу, Тојота, Мазда, Нисан + америте...

Две беа?
Да, ок, фиат+пса+опел јтд, киа+хјундаи црди, нисан+рено+дачија(плачи ја) за dci, доџ+фиат+крајслер бензин,бмв+мини бензин. Во поново време 1.6 па нагоре цитроен+бмв (беше во најава, дали стварно се случи незнам). И кога ке свртиш пак се мал број на мотори - голем број на брендови
 
Idninata e metan,go ima za barem najmalku vo narednite 500 godini site koli na planetava na metan ako se napravat,i plus sam se obnovuva. Vistinsko ekološko gorivo.
 
Idninata e metan,go ima za barem najmalku vo narednite 500 godini site koli na planetava na metan ako se napravat,i plus sam se obnovuva. Vistinsko ekološko gorivo.
Е да де, уште Макпетрол да дигнеа повеке станици низ македонијава
 
Сеуште немам сретнато болесник што се трка со дизел, се надевам нема ни ти хехе...

Еве ти неколку болесници да сретнеш. Ако не разбираш италијански сеатите се сo TDI мотори и освојуваат мислам два пати по ред титула во Wtcc.
 
Еве ти неколку болесници да сретнеш. Ако не разбираш италијански сеатите се сo TDI мотори и освојуваат мислам два пати по ред титула во Wtcc.
улав е возачот :D
 
Да, ок, фиат+пса+опел јтд
Беше помина, замина.
Сега се само Фиат и Опел, 1.3 CdTi.
PSA работат со Ford на 1.6 TdCi.
Мазда работи со Форд на бензинските мотори, исклучок Rotary.
киа+хјундаи црди, нисан+рено+дачија(плачи ја) за dci, доџ+фиат+крајслер бензин,бмв+мини бензин. Во поново време 1.6 па нагоре цитроен+бмв (беше во најава, дали стварно се случи незнам). И кога ке свртиш пак се мал број на мотори - голем број на брендови
Киа + Хјундаи, не сум запознаен, мада корејци се логично делува... BMW и Mini се иста компанија, Mini е во сопственост на BMW.

Фиат и Крајслер се врзаа откако крајслер се скара со Мерцедес, мада мислам дека не развиваат мотори заедно.
 
Е и? Да им дадат златен медал? И ајфон беа први шо го напраја тач скрин екранот па никому ништо.

Те молам просветли ме... кои се тие компании?

Нека кажи некој шо има разлика измеѓу мене и тебе. Освен годините. Мотор е да го ебам, сите работат исто, сите изгледаат исто, конструирани се од Ото Дизел. Толку од заедничкото. Ако почнам да ти набројувам колку разлика има, ќе ти прочади глата. Еве чисто за инфо, прво и основно, Пежо има поставеност на моторот обратна од онаа на Мерцедес. Мерцедес е задна, Пежо предна влеча. И се понатаму е различно.

Ела, на кој сакаш CDI ќе му туриме 3 литри вода во резервар да видиш дека одма ќе настани квар. Ако сака и нов нека е. Тоа 200.000 настануваат кваровите, се рекла казала муабети, од типот утре можи ќе врни дожд. Можи ни 100.000 нема да изоди ако се вози на лошо гориво, можи ќе изоди 400.000 без мака. Многу фактори влијаат на издржливоста на дизелот.
И што сакаше да кажеш?
Кај колите плаќаш за квалитетна пластика, дизајн, подвозје суспензија....а тоа со моторите и менувачите повеќе не вреди да се гледа. Тоа е, сите одат исто, сите трошат исто, плус минус 500 грама.
А тоа за 3 литри вода...пробај стај 3 литри киселина. Така 100% ќе го расипеш и најдобриот мотор:)
И еве, кажи ми што има разлика помеѓу моторот на митсибуши колт и мерцедес а класа.
 
И што сакаше да кажеш?
Кај колите плаќаш за квалитетна пластика, дизајн, подвозје суспензија....а тоа со моторите и менувачите повеќе не вреди да се гледа. Тоа е, сите одат исто, сите трошат исто, плус минус 500 грама.
Горе долу, ако прајме муабет за возила од иста класа... да. Го плаќаш логото, пластиката и електрониката која не е ништо од чисто курчење. Е сега дека моторите и менувачите се исти, не се. Дека Мерцедес А класа можиш да споредиш со Поло... види која е цената на едното споредено цената на другото, ѕирни шо се има Мерцедес како сериска/опрема што се доплаќа... ќе ти стани јасно.

А тоа за 3 литри вода...пробај стај 3 литри киселина. Така 100% ќе го расипеш и најдобриот мотор:)
Никој не ти става 3 литри киселина во резервоар... за разлика од тоа, кај нас 90% од дефеците на CDI системот се заради вода во горивото - читај не ни чини горивото. И сите производители ја заобиколуваат гаранцијата на делот за вбризгување на дизел горивото.
Па после одиме со моментот како CDI-то не чинело. Како се отепаа од возење на запад без дефеци?


И еве, кажи ми што има разлика помеѓу моторот на митсибуши колт и мерцедес а класа.
Иха, тргнувајќи од поставеноста и моќноста на турбината (во новата А класа имаш 2 турбини, механичка и електрична, електричната се пали на ниски вртежи и ја надополнува механичката за да се намали турбо дупката), па се до распоредот на палење на цилиндрите (1432 е кај мерцедес). И да користат иста електроника за палење, гарант дека имаат различен софтвер кој што го контролира целиот мотор. Така да муабетот дека "сите се исти" не држи вода.

Еве конкретно ќе ти дадам друг пример, cdi на мерцедес, 220. Го вградуваат како 200 CDI, и како 220 CDI. Се работи за истиот мотор, идентичен, 2190 и нешто цм кубни зафатнтина, единствена разлика има во главата и турбината, па во моделот w203 200CDI испорачува 85KW, 220 CDI испорачува 105KW. Исти се? Не се исти.... блокот и радилицата им е ист, се останато е различно. Почнувајќи од клипови и клипници (кај посилниот треба поцврсти матерјали за изработка поради поголемата компресија), па се натаму... јасно дека и системот за контрола на гориво е различен. Вака физички надворешно гледано можи исто да ти изгледа, заправо, можи и да нема разлика...
 
Чисто за споредба за изгледо... 2та са на БМВ,
м52б28ту 2800 ццм 6 цилиндара 193 којна
95079445_1_1000x700_prodam-motor-bmw-m52b28tu-na-e46-e36-e39-s-proverkoy-moskva.jpg


М52Б20ТУ 2000 ццм 6 цилиндара 150 којна

32029150.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom