Сакам да зготвам: ... помош!

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сварив 250 гр. паста, сега гледам дома во фрижидер имам една туна во парчиња, лимони, тартар сос половина пакетче од Полимарк, буковска пипер, кечап, сенф лут, кондоми. маргарин, путер, ракија, водка, сок од јаболко, помфрит замрзнат, узо, домати.
Од зачини имам и вегета, каранфилчиња, рузмарин, пире, грав во конзерва, сусам, сушен магдонос, црн бибер, ева сардина.

Кажувајте што да искомбинирам од овие работи за ручек?
Мене ми фаќа умот да направам крем салата од туна со тоа што ќе ја измешам туната во пастата и додадам тартар сосот, лимон и малку маслиново масло.
Има некој идеја дали да ставам и сенф и кечап внатре?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693

Сенф може, кечап немој. Туната со кечап не е некоја убава комбинација особено што кечапот знае да има киселкаст вкус, а ќе имаш плус лимон.

Е, и исцеди ја туната од маслото за да не биде многу мрсно за јадење. А и немаш потреба од дополнително маслиново да ставаш, доволно ќе е туната што ќе пушти.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Сварив 250 гр. паста, сега гледам дома во фрижидер имам една туна во парчиња, лимони, тартар сос половина пакетче од Полимарк, буковска пипер, кечап, сенф лут, кондоми. маргарин, путер, ракија, водка, сок од јаболко, помфрит замрзнат, узо, домати.
Од зачини имам и вегета, каранфилчиња, рузмарин, пире, грав во конзерва, сусам, сушен магдонос, црн бибер, ева сардина.

Кажувајте што да искомбинирам од овие работи за ручек?
Мене ми фаќа умот да направам крем салата од туна со тоа што ќе ја измешам туната во пастата и додадам тартар сосот, лимон и малку маслиново масло.
Има некој идеја дали да ставам и сенф и кечап внатре?
Маслото од туната во пастата оди многу убаво, не е премногу мрсно. Плус сенф, лимон и зачини, ако имаш нане или оригано, овие што ги спомна не ми одат некако, освен биберот и магданосот. Кечап никако.

Вака ачик отвараш апетит на интернет, а на ручек не викаш, м?
Ако, ако, да си знаеме .... :(
 
L

Luki Junior

Гостин
Сварив 250 гр. паста, сега гледам дома во фрижидер имам една туна во парчиња, лимони, тартар сос половина пакетче од Полимарк, буковска пипер, кечап, сенф лут, кондоми. маргарин, путер, ракија, водка, сок од јаболко, помфрит замрзнат, узо, домати.
Од зачини имам и вегета, каранфилчиња, рузмарин, пире, грав во конзерва, сусам, сушен магдонос, црн бибер, ева сардина.

Кажувајте што да искомбинирам од овие работи за ручек?
Мене ми фаќа умот да направам крем салата од туна со тоа што ќе ја измешам туната во пастата и додадам тартар сосот, лимон и малку маслиново масло.
Има некој идеја дали да ставам и сенф и кечап внатре?
Туна, црн пипер, маслинки, кромитче, лук, 2 френки, малко кашкавал, и маслиново масло, вегета...

Сечеш кромидо на лентички и луко исгмечен, го пржеш 2-3 минути да омекне, со малку маслиново масло... Сецкаш 2те френки (може и 3), ставаш ги да омекнат малко... Сецкаш маслинките и заедно со туната (ако е од конзерва ја цадеш од водата/мрснината) и ја ставаш и неа да се попрже 1-2 минути у тавата.... Откоа се ќе се соедине и размеша убаво, (некаде 5 минути целото заедно) ставаш пастата, ставаш малко магданос и вегета, размешуваш, рендаш кашкавалче/пармезан и сервираш....

Брзо лесно и едноставно... Маслинките помешани со туна ќе те праат да се осеќаш како да си на море... :):):)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Туна, црн пипер, маслинки, кромитче, лук, 2 френки, малко кашкавал, и маслиново масло, вегета...

Сечеш кромидо на лентички и луко исгмечен, го пржеш 2-3 минути да омекне, со малку маслиново масло... Сецкаш 2те френки (може и 3), ставаш ги да омекнат малко... Сецкаш маслинките и заедно со туната (ако е од конзерва ја цадеш од водата/мрснината) и ја ставаш и неа да се попрже 1-2 минути у тавата.... Откоа се ќе се соедине и размеша убаво, (некаде 5 минути целото заедно) ставаш пастата, ставаш малко магданос и вегета, размешуваш, рендаш кашкавалче/пармезан и сервираш....

Брзо лесно и едноставно... Маслинките помешани со туна ќе те праат да се осеќаш како да си на море... :):):)
Луки, на ваков рецепт доваџам без покана, оп-труп, така да си знаеш. :rolleyes:

Знам, знам, садовите јас ќе ги мијам. :X3:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Луки ти изгледа не виде што имам јас во фрижидер погоре. :)
За жал мои пријатели малку покасно се јавивте, а не беше време за чекање.
Планирав исто како што споменав крем салата од туна да искомбинирам, но кога ја барав туната најдов едно парче колку 200 гр. биено овчко мариовско сирење што ми го даде еден роднина за душа дури ја носев старава со тетка ми на гробишта кај дедо ми во Мариово пред некој месец и не можев да оддолеам.
Го зедов сиренцето, го изрендав во фусили пастата, лут кечап и го смачкав набрзинка како што бев гладен.

Фала на сите за добрите намери и помошта...pearl жалам, касно те видов иначе преку DHL ќе напраевме нешто.

Ајде живели

L

Luki Junior

Гостин
Луки ти изгледа не виде што имам јас во фрижидер погоре. :)
Каков е тај фрижидер без маслинки... o_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_O
Каква е таа кујна без кромид, лук и зачини... :cautious::cautious::cautious::cautious::cautious::cautious:

Оти само тија работи фалат за мојо рецепт.... Гледаш и оти и сиренце си имал... :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Каков е тај фрижидер без маслинки... o_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_Oo_O
Каква е таа кујна без кромид, лук и зачини... :cautious::cautious::cautious::cautious::cautious::cautious:

Оти само тија работи фалат за мојо рецепт.... Гледаш и оти и сиренце си имал... :)
Џимриска кујна...:P
Маслинки заборавам да си купам, лук не јадам, а од кромид имам киселини.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ај некој шо глеал вкусот на традицијата последниве епизоди да ми помогне околу еден рецепт :)
Праеше Алачки интересен леб со малсинки, па ако некој го има запишано би била ептен благодарна ако го сподели :love:
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
448
Поени од реакции
278
Замолувам некој што знае рецепт за добар дресинг(поготово за во цезар салата) ... состојки и начин на приготувавање
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Замолувам некој што знае рецепт за добар дресинг(поготово за во цезар салата) ... состојки и начин на приготувавање
2 мали лажици Worcestershire сос ( го имаш во сите поголеми маркети )
4 големи лажици павлака
2 големи лажици мајонез

Сите состојки се мешаат додека не се добие еднолична смеса. Јас овој дресинг го користам за Цезар салата и е едноставен, а убав. Состојките се за две лица, по потреба зголемувај или менувај по сопствен вкус.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Замолувам некој што знае рецепт за добар дресинг(поготово за во цезар салата) ... состојки и начин на приготувавање
Ти треба:
2 лажици сенф
2 лажици павлака
1 лаж. мајонез
1 лаж. оцет
малку сол, лимонов сок, неколку капки бело вино и малку масло
Се ова убаво измешај и после уживај во цезар салата :)
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
448
Поени од реакции
278
2 мали лажици Worcestershire сос ( го имаш во сите поголеми маркети )
4 големи лажици павлака
2 големи лажици мајонез

Сите состојки се мешаат додека не се добие еднолична смеса. Јас овој дресинг го користам за Цезар салата и е едноставен, а убав. Состојките се за две лица, по потреба зголемувај или менувај по сопствен вкус.
имам експериметирано,но ете како ова твоето не!...инаку знам само дека сенф е задолзително за добар дресинг
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
имам експериметирано,но ете како ова твоето не!...инаку знам само дека сенф е задолзително за добар дресинг
Додади и една лажица сенф, па после секое правење веќе ќе знаеш кој вкус највеќе ти одговара. Јас во дресингот за Цезар не ставам сенф зошто пилешкото го пржам со сенф, па така компензирам со вкусот. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom