Здраво, овде може сите да оставите предлози за најинтересни, најромантични места за излегување со партнерот. Каде вие најчесто одите кога сакате да бидете сами, каде си поминувате најубаво и слично. Во последно време врската почнува да ми станува монотона, немам кола а времево не е баш топло за прошетки па сите предлози се добредојдени а ќе му се најдат и на некој друг. Поздрав до сите
Доста зависи и што ја интересира девојка ти, каков тип е ти најдобро си знаеш тоа. Имаш поспецифични кафичи како Њу ејџ некои од тој тип, не знам дали би сакала такви? Пр. девојка ми не е тип што сака дискотеки,па идеме во ресторани, кафани, највеќе маалски прошетки и кафичи. Плус блиску живееме и во маало имаме тениско игралиште, играме тенис, куглање, танцови со вежби (не ми текнува како се вика моментлано) ехее колку работи, хобија нови можете да си најдете само прашање е дали двајцата уживате кога сте заедно па да ви бидат интересни работите што ги правите, местата кај што идете ?
... ако толку сакаш да се изненади девојчето,без разлика колку години има...еве можеш дома да ја викнеш,да и приредиш нешто убаво,или да отидете до некој кафич у маало,ама што е попразен,за да нема многу луѓе околу вас... или на крај краева у кафанче,ресторанче,на ручек вечера.... веруј ќе се изненади...и бај д веј,што и да одлучиш,кога ќе дојде (дали кај тебе,дали у кафич итн итн) купи и подари и една ружа
)