Најинтересни места за излегување

Член од
26 февруари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Локација
Skopje
Здраво, овде може сите да оставите предлози за најинтересни, најромантични места за излегување со партнерот. Каде вие најчесто одите кога сакате да бидете сами, каде си поминувате најубаво и слично. Во последно време врската почнува да ми станува монотона, немам кола а времево не е баш топло за прошетки па сите предлози се добредојдени а ќе му се најдат и на некој друг. Поздрав до сите
 
Најинтересно место - кај мене дома.

Ако врската ти станува монотона, не треба да бараш изговор во кола или журки. Самите сте си криви што ви пропаѓа. Јас кога сум со драгата дома, си поминуваме добро дури и кога тоа е едноставно гледање филмови, готвење нешто ново или едноставно излежување по цел ден. Не ти треба фенси дискотека за да ти биде забавно, само треба да ти е убаво и пријатно друштвото. Ако тоа го немаш, џабе и во Дизниленд да отидете, нема да ви биде ко што треба.

Затоа ако се грижиш за врската, гледај да внесеш новитети кои не зависат од локација туку од самите вас. Најдете заедничко хоби, тоа е најлесниот начин да ја убиете монотонијата.
 
14 години има ..
 
Чим е монотоно, внесете си нови работи што порано не сте ги праеле, нема везе искачањето со тоа. Јас и девојка ми најчесто сме или кај мене или кај неа, кога сакаме да бидеме сами и ни треба интима. Она најчесто експериментира со кулинарски способности, а ја симињам филмови за гледање и си уживаме.:icon_mrgr: Водно е исто фино место за прошетка коа сакаме да се изолираме од др и да бидете сами. Не мора со кола, потстоплено е времето сега ќе попешачите малце, само што дојдов од кеј.:D Доста зависи и што ја интересира девојка ти, каков тип е ти најдобро си знаеш тоа. Имаш поспецифични кафичи како Њу ејџ некои од тој тип, не знам дали би сакала такви? Пр. девојка ми не е тип што сака дискотеки,па идеме во ресторани, кафани, највеќе маалски прошетки и кафичи. Плус блиску живееме и во маало имаме тениско игралиште, играме тенис, куглање, танцови со вежби (не ми текнува како се вика моментлано) ехее колку работи, хобија нови можете да си најдете само прашање е дали двајцата уживате кога сте заедно па да ви бидат интересни работите што ги правите, местата кај што идете ?
 
Доста интересно место би била Арапската таверна Аладин во ГТЦ...и дај не изигравајте Hitch-ови тука, предложете место за искачање и тоа е тоа...бреее све советници за брак сте станале ц ц ц
 
Дечки, темава не е во љубовни совети, само предлози за места е наведено, ваљда дечкото си знае што не му штима во врската^^ just sayin
Иначе Нана си е исто чил местенце, како Аладин, ама се зависи до вкусот на девојчето. Изненади ја со салеп, некоја вечера и некој скромен гест на внимание. Девојка не може да остане рамнодушна на тоа.:pipi:
 
батали водно бе,недај Боже џандари те фатат,казна ќе јадеш :P... ако толку сакаш да се изненади девојчето,без разлика колку години има...еве можеш дома да ја викнеш,да и приредиш нешто убаво,или да отидете до некој кафич у маало,ама што е попразен,за да нема многу луѓе околу вас... или на крај краева у кафанче,ресторанче,на ручек вечера.... веруј ќе се изненади...и бај д веј,што и да одлучиш,кога ќе дојде (дали кај тебе,дали у кафич итн итн) купи и подари и една ружа
 
Чим преминува во монотона вас не ви требаат мирни места него забавни барем јас така мислам. Тргни романтика и тишина на страна, кажи по кои места сега се движиш за соодветна насока.
 
Места? Доколку би одбрал имагинарно место на кое би излегол со мојата љубена...
-Дождливо време во комбинација со кафуле кадешто ќе пијам чај со нејзе за подоцна да се засолниме на некое место да не не врне. Претежно, Лондон атмосфера.
Музиката у кафулето може да биде нешто у оваков стил

Али питање на моментално расположение е:P
 
батали водно бе,недај Боже џандари те фатат,казна ќе јадеш :P... ако толку сакаш да се изненади девојчето,без разлика колку години има...еве можеш дома да ја викнеш,да и приредиш нешто убаво,или да отидете до некој кафич у маало,ама што е попразен,за да нема многу луѓе околу вас... или на крај краева у кафанче,ресторанче,на ручек вечера.... веруј ќе се изненади...и бај д веј,што и да одлучиш,кога ќе дојде (дали кај тебе,дали у кафич итн итн) купи и подари и една ружа
И јас мислам слично... а најмногу ми се допадна моментот со изненадувањето (може и цветче од двор скинато на крај краева, важно е да се сети типот :giggle:)
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 02:16 ---
На мене ми е најубаво во Аrabesque на пример :love:
 
Чим преминува во монотона вас не ви требаат мирни места него забавни барем јас така мислам. Тргни романтика и тишина на страна, кажи по кои места сега се движиш за соодветна насока.
Не мислиш дека би требале да разговараат околу врската и да откријат каде е проблемот, па да се обидат да го решат? Такво нешто не се прави во дискотека, таму можат вечерта само да заборават на проблемите и да си поминат убаво, но проблемите пак ќе бидат присутни следниот ден и ич нема да се помали.

Секако, ова го викам за во случај да беа во сериозна врска, а не детски симпатии оти некој горе спомна некакви 14 години, не знам..
 
Јас не видов проблеми во врска, него монотонија. Монотонија со разговор не поминува туку со луди дешавки да се потсетат на енергијата и да ја разгорат страста.
 
Но монотонијата не е проблем туку симптом. Со тоа што таа ќе се разбие не значи дека проблемот е решен. Не можат секој ден да излегуваат на нови места и така цел живот да тераат. Некогаш ќе мораат да седнат и да се обидат да сфатат каде е коренот на проблемот, што ја произведува таа монотонија и за жал тогаш обично се добиваат оние лошите вести, дека љубовта згаснува, дека едниот партнер губи интерес за другиот и така натаму. Sucky situation..
 
Јас не видов проблеми во врска, него монотонија. Монотонија со разговор не поминува туку со луди дешавки да се потсетат на енергијата и да ја разгорат страста.
Не е лошо и тројка да се проба за да се разбија монотонијата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom