По крајот на концертот, диригент скокнал во публика

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
dirigent.jpg


Диригентот Панко Панкероски го завршил синоќешниот настап со оркестарот на македонската филхармонија во Домот на АРМ со кршење на диригентската палка и спектакуларен скок во публиката.

Откако го дал и последниот такт, Панкероски при последните тонови на композицијата „Болеро“ од Морис Равел ја фрлил својата палка на подот и почал да ја гази.

„Публиката беше изненадена, бидејќи не е навикната на такви краеви на концертите на класична музика, а вистинското изненадување уследи кога диригентот зема залет и од бината се фрли во првите редови на публиката. Луѓето го прифатија, а диригентот на рацете на публиката стигна дури до петтиот ред, каде што беше спуштен на земја“, изјави еден од очевидците со кои разговаравме.

Културологот Перо Спасески вели дека скопската културна сцена не памети олку моќен музички настап и проценува дека настапот на македонската филхармонија ќе биде прогласен за концерт на годината.
„Порано Јонче Христовски го фрлаше палтото или мавташе со него, на театарските претстави некои од глумците им се закануваа на средношколците кои правеа врева, но ова е нешто сосема поинакво, вистинска револуција“, изјави Спасески.
 
Каков катил народ сме,добро што не го пуштиле доле да се испокрши.
У киното у Велес се има десено таква дешавка. Имаше една група во раните 90те пееше песни против топилница. И публикава стои пеачов прилично дебел се залетува и во истиот момент публикава се трга и комплетно ласта се мава од метро и пол висина. Станува, се забришува и ја праи ништо не ми е:pos:
Истово и на Канго му се има десено во 90те.
Али диригент да рипне немам видено:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom