Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Си го пробал, има добар вкус, добро се меша? Моментално го земам Елит Веј-от до Дајматајз ама скоро 1000 ден е поскап од овој ама па перверзии е
Една доза имам пробано само, со вода мешан - одличен е! И плус во обична чаша беше мешан, со лажица. :) Воопшто не остануваат грутки.
Дали е подобар од Дајматајзот незнам, досега немам пиено никаков протеин и затоа неможам да ти кажам кој има подобар вкус, а и не ми е важен вкусот воопшто, поважно ми е тоа внатре што се наоѓа. 1000+ ден. само за вкус, не би дал, принцези сме или билдери!? :D

Од оваа фирма го имам пиено и Critical Mass гејнерот. Задоволен сум. Се' што пишуваше на пакувањето, така и бидна. Креатинот во него страшно го осетив, малку и ме зачуди со ефектот, бидејќи дотогаш немав пробано креатин. Одлично се меша, одличен вкус и со вода и со млеко. Масни наслаги мислам дека не ми создаде, стомачните си продолжија да се познаваат, а накачив на килажа (веројатно повеќето вода од креатинот). Гасови и проблеми со стомакот немав воопшто.
 
@Gjoroski дали го имате гејнеров на залиха, исто така сакав да земам некој креатин монохидрат па кој би ми го препорачал, на маса сум (170 цм;66 кг)
 
@Gjoroski дали го имате гејнеров на залиха, исто така сакав да земам некој креатин монохидрат па кој би ми го препорачал, на маса сум (170 цм;66 кг)
Има и мало и големо пакување. Во него имаш и креатин. Ако до сега немаш користено креатин воопшто, нема да имаш потреба од дополнување.
 
Или малку поедноставна и попрегледна математика:

Mutant Whey (2270gr)
- 39.68 ден. за доза во која има 22гр. протеин
- вкупно дози во паковање: 63
- во 2700гр. прашок кој чини 2500 ден. има вкупно 1387.22гр. протеин

California Fitness® 100% Whey Protein (2270gr)
- 42.6 ден. за доза во која има 24.20гр. протеин
- вкупно дози во паковање: 69
- во 2700гр. прашок кој чини 2940 ден. има вкупно 1664.67гр. протеин

Dymatize Elite Whey Protein Isolate (2270gr)
- 45.47 ден. за доза во која има 24гр. протеин
- вкупно дози во паковање: 73
- во 2700гр. прашок кој чини 3320 ден. има вкупно 1757.42гр. протеин

И кога веќе ја спомна Лабрада :)
- 179.5 ден. за доза во која има 40гр. протеин
- вкупно дози во паковање: 20
- во 1300гр. прашок кој чини 3590 ден. има вкупно 800гр. протеин

Проклета била таа Лабрада, што чудо ќе беше тоа маме му ебам... магичен прашок да не има внатре што ќе ни стави 10кг мускул за 20 дена! :)
2270грама прашок не 2700
 
Дали некој го користел овој производ
http://www.bodybuilding.com/store/sv/xtend.html
Ме интересира ако некој го користел како е задоволен од истиот и дали се продава некаде кај нас?
Јас го користев ама се зафрнкав што го земав за време на маса така да не приметив некоја позначајна разлика па му го продадов на еден дечко од формуов. Во продукотот имаш цитрулин она што забележав е дека имав повеќе енергија за време на тренинг т.е. можев подолго време да вежбам без да се изморам. Сега на пролет планирам да најдам некој сличен продукт зошто Екстенд неможам да го најдам нигде и за време на дефиниција да го користам кога би имал повеќе корист од него.
Ако некој знае каде има Екстенд нека пише.
 
Се продава креатин монохидрат 500гр. заинтересирани-те нека ми пишат во пп за цена.
 
Овој моментално е најисплатлив whey протеин на пазарот кај нас:

BigMan Multy-Phase Whey
- 52 ден. за доза во која има 34,7гр. протеин
- вкупно дози во паковање: 47
- во 2270гр. прашок кој чини 2450 ден. (+ гратис шејкер) има вкупно 1641гр. протеи
Еве еден мој пост, колку за споредба: http://forum.kajgana.com/threads/bodybuilding-suplements.54942/page-42#post-5642683

@Hellsing
Тие плавите вреќи се Critical Mass (гејнер), а има уште еден протеин од истата фирма, но во плави вреќи, тој е 82% чист, би требало да е поскап тој.
Ми стигна протеинов штом ќе го пробам неколку дена ќе пишам коментар. Сега за сега е дефинтивно најефтиниот веј, 1,5 денари по грам протеин излегува.
 
Да ве прашам сигурно некој има купено тука Optimum Nutrition Gold Standard Whey 100%, барам низ Македонијава и сегде е различна ценава, ми треба паковање од 2,27кг кажете кај продаваат и цена по можност па да видам кај е најниска цената, на едно место бараат 4500 за 2,27 :D :D.
 
Да ве прашам сигурно некој има купено тука Optimum Nutrition Gold Standard Whey 100%, барам низ Македонијава и сегде е различна ценава, ми треба паковање од 2,27кг кажете кај продаваат и цена по можност па да видам кај е најниска цената, на едно место бараат 4500 за 2,27 :D :D.
Таа е цената, претерано е знам. Најди си друг протеин најубаво. Не е толку златен па да растеш ко тесто за погача.

Sent from my LT22i
 
Таа е цената, претерано е знам. Најди си друг протеин најубаво. Не е толку златен па да растеш ко тесто за погача.

Sent from my LT22i
Најдов на една страница македонска демек 3600-3700 е негде цената само чекам да ми вратат и треба да се јавам Битола има една нова продавница демек таму поевтино било се, ако пак цената се врти околу 4000 ќе си продолжам на Myofusion.
 
Американциве за 2000 ден. земаат колку ние за 4000 зато на сите прегледи викаат многу квалитетно и ефтино а кај нас бубрег треба да вадиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom