Имам еден голем проблем во последно време ама врска немам како да го објаснам, малце е покомплицирано.
Уште од мал сум имал проблеми со кондиција, лесно сум се уморувал колку и да сум спортувал.
Имав шум на срцето ама со тек на време се изгуби.
Проблмот со кондицијата остана ист...
Значи не сум некој којзнае каков спортист, ама за денешниов начин на живеење пак може да сум каже дека сум физички активен.
Не возам кола, често одам пешки, скоро секоја вечер удираме долги прошетки, активен навивач, кога е добро времето обавезно сум на игралиште кај мене, играме воглавно баскет итн...
Е сега последниве месеци откако завршив факс седам дома (класика) и за жал преку ден немам некоја физичка активност, и тоа што си работам е во седечка позиција...
Последниве 2-3 недели за да надоместам одиме активно на Водно, д крст или до средно. Се заморувам бајаги после средно (т.е. не е онака умор да неможеш воздух да земеш, него срцево ќе ми искочи и мора да правам пауза), ама со паузи искачувам до врв по стрмните патеки. За надоле шпринтаме и не се осеќа многу заморот.
Скоро сите што доаѓаат до кај мене во маало а се од други населби кога ја искачуваат една угорница неможат воздух да земат
По тоа можам да оценам дека горе-доле имам кондиција колку и секој просечен 20+ годишњак...
Значи пешачење неми е проблем, можам цело Скопје да го поминам и да не се уморам, сум осдел по којзане колку километри на ден, ама проблемот е кога трчам на пример, одма се уморувам.
Проблемот почна да ми се јавува пред година дена негде...
Почна да ми пречи кога во автобус има гужва. Не дека на други не им пречи, ама осеќав како да неможам воздух да земам, погадно чувство амин.
А и на отворен простор, по стадиониве ми смета кога сум опкружен со луѓе од сите страни, затоа скоро никогаш не стојам во средина...
Пред некои 4-5 месеци една вечер почнав да с е гушам во спиење. Се разбудив испаничен и срцево уште толку ми залупа од што бев исплашен.
Дента бев на утакмица вон Скопје, па уште толку полошо ми беше...
Од тогаш од време на време слична приказна ми се случуваше навечер, исклучиво навечер.
Си легнувам, неможам да заспијам, почнувам да се гушам, заспивам малку, се гушам, се будам нагло и од паника срцево ќе ми искочи.
Еден период по нова година ептен се интензивираше, се до една вечер, кога апла неможев да земам воздух.
Губев и плунка, имав потреба да голтнам плунка пошто осеќав дека ми стои во грло, а уствари немав ништо. Плус срцето ме стегаше од време на време тој ден.
Се јавивме во брза помош, рекоа се е на психичка база.
Дека сум испаничен од срцето што ме стегало и ми рекоа да стегнам дијазепам.
Се напив и заспав во 8 сабајле...
Реков чим е на психичка база, одам на лекар за да ми потврдат дека не е некоја болест.
Правев ЕКГ и давав крв и крвната слика и ЕКГ-то ми беа одлични...
Некој период бев добро, ама почна пак да ми се случува истото навечер.
Во последниве неколку дена пак ми се интензивираше. Целиот сум стегнат у пм, неможам никако да се опуштам, земам воздух ама исто како да не земам. Неможам да објаснам
Вчера пак си легнувам, заспива, се будам испаничен целиот, си вика смири се ајде ништо не е, а го осеќаш срцето чука 200 на саат.
Имал ли некој сличен проблем
Ептен се осеќам глупо, претпоставувбам дека е нешто на психичка база
Нешто највеќе што сум мрзел на нервна база да боледуваш од нешто, свесен сум сам ама неможам да се опуштам...
Може па некои проблеми приватни ме јадат од внатре
Али и тоа нервоното доаѓа од некој страв да не се работи за некоја болест.
На нет што и да прочитам, било кои симптоми кон рак водат
Можно ли е да има некои запушувања на некои канали?
Што ми проверија со крвната слика? Треба ли некои додатни испитувања?
Може ли да е некоја бактерија?
На каков лекар треба да одам воопшто?
Има ли врска исхраната, пошто да бидам искрен не се хранам којзнае колку здраво...
Во итна помош викаат само наервна база, таа матичната ми вика супер си, а пак имам проблеми...
Бајачка да не е решение у пм