Има разединување меѓу исламските учењаци.
Појак став е дека Куран не се учи на гробишта,како прво.
Второ,исламски став е дека човек во гроб си ги носи само своите добри дела,а не тоа што оџата ќе му го пее после неговата смрт
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Трето,само во три случаи неговите добри дела не престануваат и после неговата смрт,а тоа се: Да посадил јаболкница или било кое друго овошје од кое луѓето ќе јадат,се додека тоа дава плодови,нему му се пишуваат добри дела.
Да изградил селска/градска чешма или нешто кое е општо добро,па се додека тоа се користи..нему му се пишуваат добри дела.
и најбитно,да оставил добар пород,односно неговите деца да се добро воспитани и насочени верски,да живеат исламски,како што ги научил татко им/мајка им,и тие да се молат за него/неа.
Она што оџата ќе го испее на денот на погребот,став на исламските учењаци е дека нема многу да му биде од помош.
Но за несреќа,тоа е многу распростането кај нас на балканот.
Пратеникот Мухаммед вели:
Кога човек ќе умре,тројца или три работи го следат до неговиот гроб: неговиот имот,неговата фамилија и неговите добри дела.
Две од тие три се враќаат(имотот и фамилијата) а со него остануваат добрите дела