Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
Недела пријателска со Вардар најверојатно последна за Тетекс добра припрема пред натпреварот со металург
 
Вардар - Тетекс утре у 14:00 у Маџари кој е заинтересиран за идење нека пише на официјалниот ФБ профил на Војводи Тетово
 
Вардар - Тетекс 0:2 на полувреме. Ка ќе знае некој конечен нека пише.

Стрелец на двата гола Филип Петковски. Каква незналица, а колку има среќа тоа е чудо еј :D И у прво коло против Хоризонт он ни го пикна, он никаква ситуација :D
 
Кој е шампион, а кој „фенерџија“? Пораз на Вардар во генералката од Тетекс (1-2)
Во уште едно свое бледо, анемично, издание нешто слично како и низ поголемиот дел натпревари во подготвителниот период Вардар со нов пораз, овој пат од Тетекс од 1-2 денеска на стадионот „Борис Трајковски“ ја заокружи генералната проба пред стартот од пролетниот дел од шампионатот.

Во натпревар во кој „вардарци“ одиграа нешто поагресивно во вториот дел, Тетекс до победата дојде уште во првото полувреме со двата гола на Филип Петковски во 13. и во 45.минута од средбата, а Србинот Александар Петровиќ со шут од околу 16 метри во 90.минута успеа само да го ублажи поразот.

Тетекс почна во далеку подобар ритам со контрола на средината од теренот што резултираше со погодокот со глава на Петковски во 13.минута по центаршутот на Деспотовски. Во 45.минута Вардар имаше убава можност за израмнување, но по нафрлањето на Ѓоргиев, Португалецот Педро Бонифацио беше прекраток, за да веднаш потоа на спротивната страна следи казната и повторно гол со глава на Филип Петковски по нафрлањето на Мицевски.

Во второто полувреме со влегувањето на Аце Стојков далеку подобра игра на Вардар. Веќе во 58.минута Стојков имаше убава можност но Манчевски го одбрани неговиот удар, а Костовски потоа промаши празен гол по одбиената топка. Во 78.минута Остоја Стјепановиќ не реализираше и удар од белата точка за „црвено-црните“, откако Секуловски бранеше со рака по шутот на Хименез во својот шеснаесетник, па во една таква ситуација сосема беше јасно дека ќе следи нов пораз за четата на Никола Илиевски – Џиџи. Во самиот финиш Петровиќ со удар од 16 метри само го ублажи поразот.
Izvor Ekipa.mk
Prvenstvoto ni pocnuva vo nedela kaj Metalurg od 15 casot ! Vojvodi ce se ide li ? Barem 1 kombe da idemo ,na Teteks sega smo mu najpotrebni..Na domasen teren vo slednite 6 natprevari nemozemo da go bodrimo taka da na gosti nesmeeme da ne ideme...
 
ова е тој Тетекс што сакамо да го гледамо момците изиграја доста добра 2та гола за Тетекс ги даде Филип Петковски добро завршена последната контролна
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 11:42 ---
Prvenstvoto ni pocnuva vo nedela kaj Metalurg od 15 casot ! Vojvodi ce se ide li ? Barem 1 kombe da idemo ,na Teteks sega smo mu najpotrebni..Na domasen teren vo slednite 6 natprevari nemozemo da go bodrimo taka da na gosti nesmeeme da ne ideme...
ќе идемо ќе има 1 бус организирано
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 12:05 ---
Има настан на официјалната ФБ страна од Војводи Тетово
и натрепаварот се игра од 14:00
 
Беа вчера Захариевски и Васоски да ве скенираат али мислам дека ако играте како вчера ништо не ги спасува.
 
Беа вчера Захариевски и Васоски да ве скенираат али мислам дека ако играте како вчера ништо не ги спасува.
Беше вчера на утакмица?
Ај ако си бил и ако не те мрзи нормално, кажи нешто нешто за утакмицата :)
 
Ајде, те поштедија СпортЕфе :D

Абе според клипов искочи дека Вардар бил боље а Тетекс со две шанси тепал, а усвари у прво не мрднаа нашиве играчи нема се овдека фалат уште некој шанси и плус вие имавте контри во второ полувреме ама вашите играчи многу лошо ги изиграа, да беа поснаодливи и да подаваа ќе ни дадевте како ОФК 5 гола ама вашите ќе ја земе еден трча сам и се заглавува баш ми текнува Боби имаше две три такви шанси да подаде одма и ваш играч да искочи во одлична шанса ама он ја носи топката и нашите го стигаа и ви пропаѓаа шанси така.
 
Недела 12:00 Жена парк
карта и превоз 100 денара + гратис карта за Македонија - белгија
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 23:03 ---
Недела 12:00 Жена парк
карта и превоз 100 денара + гратис карта за Македонија - белгија
 
Ајде да га стресемо малку Автокоманда у недела. Последното гостуење таму против Скопје беше едно од најинтересните, добра забава имаше :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom