Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
nikoj ne te tera da se soglasuvas so toa , ednostavno vo vrska so toa sto razgovaravme treba logicki da se razmisluva
Можеш логички да размислуваш ако е лигоката во прашање, а не верата. Со логика, никој не отркрил никаква вера.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:18 ---
sekoj covek grevot si go nosi ,sinot ne go nosi grevot na tatkoto nitu pa tatkoto od grevot na sinot,.
И што е овде „логично„?
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:19 ---
kade sto i navede tekst od biblijkata pavle do rimjanite , stozerot na denesnoto hristijanstvo.
Типично исламски став: Св. Ап. Павле е творец на христијанствотото.
Логично, нели?...:icon_lol:
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:21 ---
vo islamot galeku od toa deka e tatko na grevot adam,;moralniot grev nee nasleden , nitu pak deligiran
А од каде се појави гревот, ако не од првиот човек?...
И што е тоа „морален„ грев? Значи дека посто и „неморален „грев?....:unsure:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И што да му правиме на тој грев, дури и да е само личен, но не и колективен и не и наследен?...
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:24 ---
A со духовна ?
Духот ја прима верата, која е објавена од Небесата, а логиката ги отркива само нештата од овој Свет.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Можеш логички да размислуваш ако е лигоката во прашање, а не верата. Со логика, никој не отркрил никаква вера.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:18 ---

И што е овде „логично„?
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:19 ---

Типично исламски став: Св. Ап. Павле е творец на христијанствотото.
Логично, нели?...:icon_lol:
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:21 ---

А од каде се појави гревот, ако не од првиот човек?...
И што е тоа „морален„ грев? Значи дека посто и „неморален „грев?....:unsure:
ako ti napravis grev stoe vinoven tvojot sin za toa sto ti si napravil grev ? ednostavno islamot ja otvrla ovaa teza , na veruvanje ,no vo toa vie veruvate , tokmu taka pavle e najkontrovrznata licnost vo hristijanizmot, osnovopoloznik i kreator na denesniot hristijanizam, sprotivno od isusovata poraka , ne znaci deka vie taka mislite , grevot pred se e moralna kategorija taa nee ontoloska.ako adam napravil grev sto se vinovni drugite?zosto da grevot bide nasleden, sto toa sto adam napravil grev?
moze li da mi objasnite sto pretavuva helenizmot.?
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 20:23 ---
И што да му правиме на тој грев, дури и да е само личен, но не и колективен и не и наследен?...
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 19:24 ---

.
eve ti kako hristijanin kako gi gledas ovie bibliski testovi;
pavle do rimjanite 5;12 14
stariot zavet; ke gi prezemam od biblijata za da ti bide pojasno

Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние, кои не згрешија со сличен престап како Адам, кој е слика на Оној кој доаѓа.
pavle do rimjanite 5;12 14

Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. ezekiel 18;20

А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство! marko,10;14
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
tokmu taka pavle e najkontrovrznata licnost vo hristijanizmot,
Бреее, а Мухамед, сигурен сум дека е срцка од чоек, така?...
Дај, биди посериозен...
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 20:52 ---
ako adam napravil grev sto se vinovni drugite?
Другите се виновни ако не се очистат од гревот, кој цел човеков род го наследи од Адама.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 20:55 ---
moze li da mi objasnite sto pretavuva helenizmot.?
Хеленизмот е компилација од цивилизациските достигнувања од елините и од античките македонци, која Алкександар тхе греат, ја ширеше на териториите под негово освојување и окупација, ама тоа е надвор од темава.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 20:56 ---
o

Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние, кои не згрешија со сличен престап како Адам, кој е слика на Оној кој доаѓа.
pavle do rimjanite 5;12 14

Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. ezekiel 18;20

А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство! marko,10;14
За ваква „скоковита„ компилација од стихови од Стариот и Новиот Завет, можат да Ти позавидат и протестантите...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Здраво Eisenhorn,
Недостигот на брз одговор (или одговор воопшто) може да се должи на следниве причини:

1. Прашањето не го погодува интересот на форумџиите до кои што е упатено прашањето. А ако не им е интересно, не гледам зошто би го одговарале, бидејќи никој не е платен да одговара и затоа и не се чувствува обврзан да го направи тоа.

2. Можно е да луѓето до кои што е адресирано прашањето (во случајов христијаните) да немале направено подлабоко истражување на таа тема. Никој паметен не сака да истресе одговор од ракав. А од друга страна и не се сите теолози, ниту пак сите ја имаат темелно истражено Библијата па да можат да даваат солидни одговори за се и сешто.

3. Има и такви кои се сомневаат во мотивите на оној што прашува. На овој форум циркулирале еден куп „прашувачи“ кои што не прашувале за да дознаат, туку само за да провоцираат, за да се исмејуваат, за да се надмудруваат, да понижуваат и сл. Тие обично поставуваат десетици (па и стотици) прашања, нестрпливо го чекаат одговорот (демек за да ги фатат на финта) и обично се жалат дека нивните прашања не се одговорени (и покрај тоа што не ги интересира одговорот). Општо зборам тука, воопшто не мислам на тебе тука, бидејќи тебе не те ни познавам. Мудрите соговорници обично не сакаат да трошат од своето драгоцено време за да одговараат на таквите.

А може да има и други причини, не е ова исцрпна листа.

Мене темата ми е интересна, но искрено немам време за дискусии на форумов и ако навистина те интересира темата ( и ставот на христијаните), би те советувал да најдеш некој христијански извор со кредибилитет: теолог на библиски студии (не мислам тука на некој поп што едвај ја научил „Оче Наш“), некоја добра книга на оваа тема или пак најлесно некој сериозен сајт кај што се обработува таа тема (имаш многу на англиски, само глеј да не биде некој тинејџерски блог)
Од она што ја на брзинка шарнав на гугл, еве ти една добра анализа од познатиот апологетски портал „Answers in Genesis“:

http://www.answersingenesis.org/articles/2007/02/02/feedback-bible-slavery

Еве нешто кратко и од центарот за христијанско-апологетско истражување:
http://carm.org/slavery

И на двата сајта можеш да најдеш изобилство на материјали кои што одговараат и објаснуваат одредени потешко разбирливи делови од Библијата и христијанството општо.
Се надевам ова ќе ти бидат (тебе и на другите) добри водилки за во иднина.
Поздрав и секое добро!

Ај добредојде назад Чорбаџија :)
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Може некој од христијаните да објасни како од христијански аспект гледа на скулптурите од многубожците на плоштад?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Може некој од христијаните да објасни како од христијански аспект гледа на скулптурите од многубожците на плоштад?
Многу едноставно: дел од нив се идоли, особено „огноносецот„, кој е персонификација на паднатиот ангел Деница.
„Коњаникот„ е исто така идолатриски предмет.
Дел од нив се во функција колективното сеќавање од македонскиот народ, од неговата поблиска или подалечна историја.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Може некој од христијаните да објасни како од христијански аспект гледа на скулптурите од многубожците на плоштад?
Едноставно како на украс. Ништо посебно од сликите на ѕид обесени во домовите или вазните за на маса или завесите. За вкусовите од уметнички аспект на друга тема.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Многу едноставно: дел од нив се идоли, особено „огноносецот„, кој е персонификација на паднатиот ангел Деница.
„Коњаникот„ е исто така идолатриски предмет.
Дел од нив се во функција колективното сеќавање од македонскиот народ, од неговата поблиска или подалечна историја.
Конечно да дадеш реален одговор. :)
А зошто тогаш Македонија со мнозинско христијанско население го одобри тоа?
Или барем некој од црковните органи да изезеше и да кажеше дека се многубожци и идолатриски предмети,и дека тоа се спротиствавува на христијанските учења?
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 22:25 ---
Едноставно како на украс. Ништо посебно од сликите на ѕид обесени во домовите или вазните за на маса или завесите. За вкусовите од уметнички аспект на друга тема.
Атеистички гледано,така е :)
Јас побарав христијански одговор,и по можност цитат од библија.
Добив реален одговор од мики. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
И исламот се спротиставува на христијанските учења, па црковните органи ништо не рекле во однос на тоа, нели? Или пак не презеле...
Доволно библиски и христијански според мене!

П.С. Абе што е филмот со муслимани што поставуваат провокаторски прашања за да си ја покажат верата како најдобра во држава каде што христијани се најбројни и се смета државата за христијанска?
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Зошто атеистички? Во Библијата е пишано да не се прават идоли на богови/божества и да не им се клањаме на таквите. Јас лично, (а верувам и кај другите е така) скулптурите не ги гледам како идол со божествена моќ, нит им се клањам нит нешто посебно внимание им посветувам освен како ставени за украс и привлекување внимание на туристи. Мене лично ич не ми се допаѓаат, кичерајски ми изгледаат и пренатрупано.
 
А бе брату,јас 40 страници на прашања за исламот одговарам само провокативни прашања,ред е малку и јас да поставам прашања,и овие што ги поставувам се повеќе реални одколку провокативни.
Не опкружуваат и не засегаат сите,наши пари се трошат за споменици кои се спротивни и на христијанските и на исламските учења,требаше христијаните како мнозинство барем да се изјаснат,јасен став да се даде за тоа.
Не може од една страна да се осветуваат сали,камен темелници на гаражи.. а од друга страна да се прават скулптури на многубожци.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 22:40 ---
Зошто атеистички? Во Библијата е пишано да не се прават идоли на богови/божества и да не им се клањаме на таквите. Јас лично, (а верувам и кај другите е така) скулптурите не ги гледам како идол со божествена моќ, нит им се клањам нит нешто посебно внимание им посветувам освен како ставени за украс и привлекување внимание на туристи. Мене лично ич не ми се допаѓаат, кичерајски ми изгледаат и пренатрупано.
Е убаво си кажа што е пишано.. да не се прават идоли на богови/божества..
јас затоа и прашав Зошто се прават,ако пишува да не се прават.
или ајде.. ако не можеме да го спречиме правењето,зошто барем не излегоа со став дека тоа е погрешно туку ќутат цело време.
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
...
Не опкружуваат и не засегаат сите,наши пари се трошат за споменици кои се спротивни и на христијанските и на исламските учења,требаше христијаните како мнозинство барем да се изјаснат,јасен став да се даде за тоа.
.......
Не се сеќавам дека некој од ИВЗ излезе јавно да каже дека скулптурата на Скендер-Бег е спротивна на исламското учење? :rolleyes:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Не се сеќавам дека некој од ИВЗ излезе јавно да каже дека скулптурата на Скендер-Бег е спротивна на исламското учење? :rolleyes:
Во ред,се слагам јас со тебе.. и го очекував ова за скендербег.
Јас прашав зошто во мнозинско христијанска држава се дозволуваат скулптури,ај да се христијани па ќе разберам некако,ама многубожци се тоа е најтрагично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom