Со ова првото не се сложувам баш, затоа што на 2 тактно скутерче со замена на стандардниот со било каков спортски издув ќе добиеш на старт и поинаков звук у позитивна смисла, а со ролни ако стави полесни секако ќе ја изгуби крајната али ќе добие уште појак старт, секако за да добиеш нешто прво треба да се откажеш од нешто, а во овој случај тоа е крајната брзина, сега зависи него што му е побитно, тоа со федер на ламела и мали федерчиња на ламела во горниот пост му кажав дека ќе му страда стандардната ламелата и ќе треба некоја подобра да си земе и тоа ќе го кошта + 50 евра, ако сака евтино да си пројде нека го земе алспухот и едни ролни и нека си тера, за алспуси сум слушнал дека во внатрешниот дел имало некоја стаклена волна сеа колку е точно незнам.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 01:02 ---
Скоро неосетно ке е колку ке биде подобар стартот. Земи прогуглај најди дијагами со криви и слично... Другар ми сакаше за Nexus-от да земе Akrapovic од 400 евра, ама на снагата од 22.5 коња кои ги има му додава само уште нецел коњ, на моментот скоро па ништо не му качи, па излезе наисплатливо ( додека звукот е така брутален, што ти се чини како некој V od 800 кубика

). Добро ајде што викаш Nexus e 4 тактен, а ова е 2 тактно, па може да има некој ефект, бидејки кај 2 тактните мотори притисокот кој се јавува при издув игра и контра улога т.е го зголемува притисокот на воздух во цилиндарот, како турбината кај колите, мада на 5 коња тоа е незначително различно.. Друга е прикаската со 2 тактни мотори од 125 или 250 кубика, како што има кај кросевите, тие и така се бесни, ова ке им е плус само... За звук не правиме муабет, секако дека ке е различен со секој различен издув, бидејки секој издув има различна геометрија... Да во внатрешноста има стаклена волна, има и напречни прегради/ѕидови во самиот лонец и они заедно со волната го креираат т.е придушуваат звукот... Исто како кај лонец на ауспух на кола...
Со тој алспух нема да му биде ракета ама ќе има подобар старт и звук за разлика од стандардниот, а за тоа дека се комбинираат 3 тешки 3 лесни ролни сум слушнал но некој кажуваат дека е лага и дека не е баш така како што се збори.