Дали то значи дека не постои начин да се осигура профилот целосно? Затоа што мене сигурно ИД ми е исто, а си сменив адреса, лозинка и ми стига заштитен код на мобилен, а пак некој ми влегува :/
Не ти влезел, туку пробува да влезе во профилот. Ако имаш активирано јавно корисничко име (примерот со ime.prezime), тогаш нема начин да го осигураш профилот целосно. Дури мислам и дека може да се логираш со мобилниот број што ти е поставен за пораки/известувања.
Еве неколку совети за поголема безбедност:
1. Промени го мобилниот што ти е ставен на фејсбук, ако имаш друг број стави го тој или некој број од брат/сестра.
2. Нова имеил адреса со голема лозинка (стави букви, бројки, специјални карактери итн) и внимавај на сигурносното прашање, не ставај нешто што мислиш дека некој твој познаник би можел да го одговори.
3. Активирај https пребарување.
4. Активирај известување при најава (на мобилниот да ти стигне порака секогаш кога некој ќе се најави од нов/непознат уред).
5. Избриши ги сите познати/запомнети уреди од претходни најава (остави го само оној од твојот компјутер).
6. Избриши ги сите активни сесии од коишто си најавен.
7. Промени ја лозинката на фејсбук и исто како и за мејлот, стави некоја поголема (со 10+ карактери), нешто уникатно што тешко би можело да се погоди (не ставај датум/година на раѓање, име на некој член од семејството, штознам омилен филм, песна итн). Стави нешто уникатно што би било доста тешко да се пробие.
Привремени (дополнителни) мерки на претпазливост:
7. Активирај ја опцјиата за најава со код т.е. при секое најавување на мобилниот да ти стигне код којшто ќе треба да го внесеш за да се најавиш.
8. Следи ги сите најави и обиди за најави на твојот профил. Ако ја активираш опцијата под број 4, при секое логирање на меилот ќе ти пристигне порака со информации за логирањето како и ИП адресата. Провери ја твојата тековна ИП и сите останати/непознати запиши ги некаде, за во случај ако ти биде пробиен профилот да можеш да пријавиш во полиција/дирекцијата за заштита на податоци.
(
https://www.facebook.com/settings?tab=security)
Едит: не само што мислев, туку сигурен сум дека може да се најавиш преку мобилниот. Еве сега пробав и успешно се логирав.
Друго што заборавив да ти напишам е да го направиш профилот достапен само за пријателите (
https://www.facebook.com/settings?tab=privacy). Сите објави/албуми со слики прилагоди ги да бидат достапни само за пријателите, а не јавни (public).
Исто во делот за пребарување, можеш да наместиш кога ќе го пишат твоето име/презиме или број во search делот да неможе билокој да го пронајде твојот профил. Можеш да наместиш тоа да го прават само пријателите и/или пријателите на твоите пријатели.
Уште еден едит:
Биди сигурен дека кај сите мејлови/броеви што ти се поставени за профилот е сетирана опцијата “Only me“.(види на сликата подолу). Да не случајно си заборавил тоа да го наместиш, па сега некој си игра хакер.
Ако имаш некакви проблеми при подесувањето на овие работи, слободно пиши ми тука или во пп, па ќе средиме.
