Na rubu znanosti

  • Креатор на темата Креатор на темата bookfan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.512
Поени од реакции
2.471
Значи претпоставувам дека сите ја знаете емисијата „Na rubu znanosti“. Го ставив и насловот како што е и оригиналното име на емисијата на хрватски јазик, бидејќи не знам како би било најдобро да ја преведам на македонски јазик.
Најчудно ми беше што гледам дека нема отворено тема за оваа емисија. Секој што ја гледал знае дека е одлична. Обработува теми поврзани со нло, духови, тајните организации, алтернативна археологија, трудовите на Никола Тесла... Со еден збор се' што е интересно.:vozbud: Премиерно е прикажана во 2002 година и се' уште се емитува. Иако сега гледам дека моментално нема на HRT (ако не сум во право нека каже некој). Водител е Крешимир Мишак.
Еве го и логото:
nrz.jpg
Еве и неколку емисии каде што можете да се запознате и директно со емисијата, оние коишто не ја знаат, а може и да погледнат и тие што ја знаат, нормално. :)
Можете да си побарате на youtube и за други епизоди, за најразлични теми...
 
има бе како нема..баш некни гледав..во Понеделник оди кај 23 часот некаде
 
Живееш изгледа некаде каде на диво се емитува HRT:D
Ние регуларниве не гледаме.

Добра (контраверзна) програма која во последно време емисијата е под сериозни критики, посебно со (не)научни тези за аутизам, сида, парапсихологија ...
Секогаш научниците ќе бидат контрапродуктивни за она што го научиле по книга, а за тоа има друга(и) објаснувања, а тоа е она што не дели од науката и реалноста.
Мене лично секогаш ме интересирале овие теории. Да погледнеш од другата страна на завесата, да ја перцепираш областа да речеме на парапсихологијата за која никогаш нема да има некаква научна теорија.
Интересно нема што, а реалноста поинаква. Новинарот ќе пишува се и сешто само да остане во зенит со цел да си ја зачува програмата, при тоа некогаш нема да бира средства кои преминуваат во трач. Лично критики до новинарот не до емисијата, за ваква и слични програми треба цела екипа од "забегани" научници. Еден единствен смртник кој ги истражува сите области од како се вели на работ на науката, би рекол е обичен трол.
Кај нас табу тема, на нашиве телевизии нема екипа да одработи слични теми.
 
Многу интересна емисија, ја препорацувам. Имам многу делови изгледано на интернет.
 
Добар момак е Крешо има интересни теми и гости. Имам гледано доста емисии. Под критика е од страна на некои професори и доктори, зашто ја постави темата и даде инфо за Соларната јога, како алтернативен начин на лекување. Знам нешто читав имаше проблеми ама не знам дали сега е на ХРТ или го тргнаа. Инаку на youtube има достаа емисии кој сака може да си гледа.
 
Живееш изгледа некаде каде на диво се емитува HRT:D
Ние регуларниве не гледаме.

Добра (контраверзна) програма која во последно време емисијата е под сериозни критики, посебно со (не)научни тези за аутизам, сида, парапсихологија ...
Секогаш научниците ќе бидат контрапродуктивни за она што го научиле по книга, а за тоа има друга(и) објаснувања, а тоа е она што не дели од науката и реалноста.
Мене лично секогаш ме интересирале овие теории. Да погледнеш од другата страна на завесата, да ја перцепираш областа да речеме на парапсихологијата за која никогаш нема да има некаква научна теорија.
Интересно нема што, а реалноста поинаква. Новинарот ќе пишува се и сешто само да остане во зенит со цел да си ја зачува програмата, при тоа некогаш нема да бира средства кои преминуваат во трач. Лично критики до новинарот не до емисијата, за ваква и слични програми треба цела екипа од "забегани" научници. Еден единствен смртник кој ги истражува сите области од како се вели на работ на науката, би рекол е обичен трол.
Кај нас табу тема, на нашиве телевизии нема екипа да одработи слични теми.
Водителот на емисијата, Крешимир Мишак, кого го нарекуваш обичен трол, е еден од најомилените и најпопуларни хрватски новинари. Дипломирал новинарство на Универзитетот за политички науки во Загреб, а покрај со новинарството се занимава и со музика и пишува СФ. Емисијата на рубу знаности успешно опстојува веќе 11 години. Повеќе од 5 години работи на подготвување на новата документарна емисија Djeca sunca која требеше да почне да се емитува на ХРТ од Септември 2012 (лично не сум гледал нити една емисија). На рубу знаности не е емисија спремена само од „еден единствен смртник“, туку зад неа стои цел еден тим, а покрај тоа низ оваа декада на емитување низ емисијата поминаа еден куп гости меќу кои и професори, доктори на науки и сл.
 
Кога кај нас вакви емисии. Кај нас или турски/шпански/индиски серии, вести или политички програми. Немам гледано некоја нова емисија за наука во последниве 10тина години, ако не ги рачунате оние француските на МТВ снимани пред да се родам.
 
Го имавме Миленко Неделковски. The next best thing кога се работи за теми слични на тие што се обработуваат во Na Rubu Znanosti.

Само Миленко веќе последниве година две го дрви со возикање џипови наоколу и политика, не третира веќе теми од типот кои Na Rubu Znanosti ги третира.
 
Кога кај нас вакви емисии. Кај нас или турски/шпански/индиски серии, вести или политички програми. Немам гледано некоја нова емисија за наука во последниве 10тина години, ако не ги рачунате оние француските на МТВ снимани пред да се родам.
Па тоа е, за жал. Кај нас главна тема е политиката. Серииве од Истокот им се врв на сите, како да немаат никакви погледи, и немаат.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 15:38 ---
"На работ на науката" - вака :D
Абе знам и јас така, али сепак, оригинален наслов, си е оригинален, да не згрешам во преводот подобро вака.
 
Ве молам да не ги ставате во ист кош Миленко Неделковски и Крешимир Мишак, зашто се два различни света.

Научниците не му се баш наклонети на Мишек и сметаат дека со емисијата се промовира квази-наука. Имаше и петиција не за укинување на емисијата, туку барање да не биде дел од научно-популарната програма.

Емисијата е бренд и апсолутно е неважно дали е во рамките на научно-популарна или во забавната програма.

Таквите емисии и книги се потребни, зашто кај повеќето научници инспирација кон одредена област била баш некоја, да речеме, полу-научна информација, спакувана во овој формат.
 
Не се ставени во ист кош како новинари, туку содржински емисиите какви им се (или беа, во случајов со Миленко).

Инаку да напоменам, и квантната механика важеше како квази-наука, па еве сега е една од поомилените на младите надежни научници. Друго, само затоа што не се прифатливи некои тези од страна на пошироката научна и интелектуална јавност, не значи дека не се точни. Зборам во случајов со Мишек е неговава емисија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom