Каков спорт да се избере?

  • Креатор на темата Креатор на темата SAVA
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе заврши негде во некоја провајлија ,не за друго дека ние убави патишта имаме
Може планински прво да испракса велосипедизам па после по патиштата овие дупки нема ни да ги приметува.Така барем че отр`пне на македонската патна инфраструктура
 
Да пишев 40год., можеби немаше да бидам изненаден, но не ја сфаќам причината зошто?
Дај некое образложение.

Свесен си дека на твоја возраст веќе навлегле длабоко во тие води? И на 16 години има што се бават професионално, но тие почнало од 6-7 годишна возраст. Едноставно, неможеш да бидеш ти професионален во било кој спорт. Си треба вежбање, кондиција, искуство. Ти што имаш од ова? Сакаш да те земе некој и притоа да ти дава пари од нецел месец тренинг? И да му умреш на терен? Касно ти е веќе. Можеш само рекреативно да се бавиш. Јас би ти препорачал велосипедизам, па ќе можеш прво да тренираш сам, без никој да те обврзува и да направиш една тура околу Македонија.
 
Да пишев 40год., можеби немаше да бидам изненаден, но не ја сфаќам причината зошто?
Дај некое образложение.

затоа што да почнеш сега најмалце 2 години ти требаат за да станеш добар во тој спорт а уште сигурно 5-6 да успееш на професионален план ;) така даа....
 
не иде ова вака бе..
Неможе на тебе кога ќе ти текне, да побараш совет на форум и со тој совет одма професионалец да станеш.
Треба од мали нозе да се почне, за да се достигне некое ниво со кое би бил конкурентен во професионализмот на твојот спорт. Најди си друга работа. А можеш викенди да си се фозикаш со точачето и да си водиш здрав живот.
 
Прво што треба да знаеш е тоа што професионално занимавање со спорт односно твојата професија да биде спорт значи тоа да ти обезбедуваш доволно потребни средства(парични) за егзистенција односно да живееш од спортот. Поради тоа со ваков систем во нашава земја индивидуалните спортови по дифолт отпаѓаат. Незнам колку си запознаен но скоро сите индивидуални спортови во земјава се на работ на егзистенција. Поради тоа мое мислење и мој предлог ти е да се фокусираш на некои од "водечките" спортови т.е најдобро платени спортови во земјава а тоа се Баскет, Ракомет и Фудбал. Со малку талент, напорна работа и "добра глава"(да не леташ у облаци дека си ѕвезда, да не те маваат парите во глава, инт.) успехот, односно твојата цел да заработуваш од спортот е достижна.
Од друга страна тренинзите за овие спортови се многу полесни и поинтересни за разлика од одредени индивидуални спортови. Бројот на тренинзи во овие спортови(зборам за про спорт) ти се не повеќе од 8-9 плус утакмици зависно од периодот.
Се најдобро!
Е баш тоа мене ми е проблем, кога морам со некого да соработувам (n).
 
Возраст, висина, тежина и колку кеш може да одвоиш месечно?
Што те интересира највеќе?
 
затоа што да почнеш сега најмалце 2 години ти требаат за да станеш добар во тој спорт а уште сигурно 5-6 да успееш на професионален план ;) така даа....
Добро братче, јас не реков дека без тренинг ќе постигнам успех и не знам што. Прашав дали може
некаде да се спортува во некој клуб , онака мислам легално со некоја лиценца со која можеш да учествуваш во некој натпревар .
 
Возраст, висина, тежина и колку кеш може да одвоиш месечно?
Што те интересира највеќе?
19 god. 170 - ина cm. 70kg. за кеш не знам колку. Да речиме дека атлетика.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 13:01 ---
lol , може аххахах (y)
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 13:02 ---
Strelashtvo. Mozes da pocnes koga sakas, ako si talent ke te bide.
Со добар оптички нишан :D.
 
Ај па и за мене предлог нешто: 20 години, 187 висина, 90 кг, крупна градба кеш шо може месечно да се одвојува 2 000 ден.? ( P.S. предлог за спорт, Секси Огласи друга тема :P )
 
затоа што да почнеш сега најмалце 2 години ти требаат за да станеш добар во тој спорт а уште сигурно 5-6 да успееш на професионален план ;) така даа....
Ќе спортуваме и почекаме , толку време поминало па и тие години ќе поминат ;).
 
Ќе спортуваме и почекаме , толку време поминало па и тие години ќе поминат ;).

...амма сепак тешко...освен ако имаш повеќе пари за фрлање за индивидуални тренинзи и за опрема да си купуваш....иначе тешко...можеш во секој случај да почнеш во некој клуб кај шо имаат сениори амма дали ред ќе фатиш за игра некогаш...иначе од кој град си?
 
Здраво. Сакам да се занимавам професионално со спорт, но не знам каков спорт да изберам.
велосипедизам, атлетика или некој друг. До сега се немам занимавано со никаков спорт. Тоа не значи дека јас не спортувам, спортувам ама рекреативно дома се разбира. Па не знаам како да
почнам. Мислам велосипедизмот и атлетиката би биле идеални за мене , со оглед на тоа дека имам 70kg. , или препорачајте друг спорт кој би бил идеален. Ако има некој на форумов што се занимава професионално или некој професор, или било кој што знае повеќе нека пиши и какви категории има,
колку пати тренинг во неделата, колку пари е учество во клуб, лиценца за возење, до која возраст може да се запише член во некој клуб и т.н.:D
Батка ако не си спортувал досега ништо единствено шо можи да те бидни е оди тепај се малку. Ако стварно имаш желба за 2-3 години можи да стекнеш добро знаење на пример ММА или нешто слично. Али ако сакаш да се спремниш за толку кратко време треба секој ден да вежбаш ден теретани, ден стандардни тренинзи и секој ден да се туриш од мавање на вреќа и скокање на јаже за да стекнеш брзина, издржливост и кондиција а со тренинзите со добар тренер и техника. Инаку за овие другите се е без врска немаш време ни за фудбал, ни за бакскет ниту ништо. Или оди аикидо. Евентуално трки со коли и такви срања ако имаш 20-30 илјади евра да вложиш и да почуствуваш адреналин. Сум се тркал со коли али на овие драг трки, али ако успееш да се квалификуваш во оние кои се тркаат на рели и ако те бива таму нема граница голема на годините макар што секаде се потребни рефлекси кои до кај 30 години ги имаш, после то ко на мртов коњ се рефлексите.
 
Оди ракометен голман, ја тоа би ти го препорачал, а и не е нешто што му се потребни многу години за да се свати оваа карактеристика, батали го фудбалот, деца од 10 години вежбаат а ретко кои испаѓаат од Македонија, ама ако си голманче можеш да се пикнеш некаде многу полесно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom