Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова е иницијатива до Уставен суд, за дневната ефтина тарифа, која утре планирам да ја поднесам. Ако имате некаков предлог да го поправам текстот - повелете со предлог:
Би ми било мило Струмикс да го погледа овој текст
......................
До Уставниот суд на Република Македонија, Скопје
Од Смрт за зони и пајак возила, Форум Кајгана Скопје
Предмет: Иницијатива
Поднесувам иницијатива за поведување постапка за оцена на уставноста и законитоста на член 1, од ТАРИФЕН СИСТЕМЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НАТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈАНА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИБр. 01- 1309/1, кој на 30.07.2012., година го донесе Регулаторната комисија за енергетика и кој е објавен во Службениот весник на Република Македонија број 97/12 на 31. 07. 2012,
Со овој член е укината дневната ефтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Потрошувачите приклучени на ниско напонската електрична мрежа се прогласени за тарифни потрошувачи и ако такви не постојат според Законот за енергетика. Занемарено е дека сите купувачи на електрична енергија се квалификувани купувачи кои по сопствен избор купуваат струја.
На потрошувачите и снабдувачите со електрична енергија во Република Македонија, кои одамна ги договорија и уредија своите односи околу ниската и високата тарифа на електрична енергија им се наметнуваа одредбите спротивни на нивната волја и на одамна постигнатиот договор. Со тоа, со подзаконски акт им е ограничена слобода, да слободно ги уредуваат меѓусебните облигациони односи.
Затоа предлагам Уставниот суд да ја прифати оваа иницијатива и да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на овие одредби, во однос на одредбите од член 3, точка 44 и член 82, став 1, од Законот за енергетика; членовите 3 и 4 од Закон за облигациони односи и член 8 од Уставот на Република Македонија.
Образложение:
Според член 82 став 1 од Законот за енергетика Службен весник на Република Македонија број 16/2011 сите купувачи на електрична енергија се квалификувани купувачи и воопшто не предвидено постоење на тарифни потрошувачи. Во членот 3 од Законот за енергетика е даден појмовник. Под број 44 од овој појмовник е наведено дека квалификувани купувачи се оние купувачи кој купуваат енергија по сопствен избор.
Постоење на две тарифи за електрична енергија е долго присутно во Република Македонија. Пред да се донесе член 1 кој е предмет на оваа иницијатива, Граѓаните користеа ефтина струја во времето од 13 до 16 часот и од 22 до 07, секој, работен ден, а во недела од 00 до 24 часот. А односот помеѓу ниската и високата тарифа беше еден спрема два. Овие договорни одредби, во идентичен облик. потекнуваат од 1985 година, а пред тоа постоеја други слични договорни одредби.
Во 1985. година, Представниците на договорните страни, производителите и потрошувачите на електрична енергија, организирани во Собранието на СИЗ за енергетика на Македонија, се договорија да дневните ставови за висока и ниска тарифа бидат следни:
„ Поголемите дневни ставови (ВТ) се пресметува електричната енергија испорачана во траење од 12 часа дневно и тоа од 07 до 13 часот и од 16 до 22 часот, во периодот за зимско мерење на времето, а од од 8 до 14 часот и од 17 до 23 часот, во периодот за летно мерење на времето.
По помалите дневни тарифни ставови (НТ) се пресметува електричната енергија испорачана за времето од 13 до 16 часот, и од 22 до 07 часот, во периодот на зимско мерење на времето, а од 14 до 17 часот и од 23 до 08 часот во периодот на летно мерење на времето.
По помали дневни тарифни ставови (НТ) се пресметува електричната енергија испорачана во недела ( од 0 – 24 часот)
Меѓу поголемите дневни и помалите дневни тарифни ставови се утврдува односот 2:1. “
Во врска со овој договор на производителите и потрошувачите на електрична енергија, Собранието на СИЗ за енергетика на Македонија на седницата одржана на 28 февруари 1985 година, донесе Одлука за измени и дополнување на тарифниот систем за продажба на електрична енергија. Овие договорни одредби е внесен како член 4 од оваа Одлука, која е објавена во Службениот весник на СРМ број 15/1985.
Кон овие договорни одредби, договорните страни се придржуваа речиси три децении, сметајќи дека: Hoc servabitur quod initio convenit, legem enim contractus dedit. Се додека Регулаторната комисија не го донесе овој подзаконскиот акт кој е предмет на оваа иницијатива. Со него е практично укината помалата дневна тарифа и тоа е направено, без согласност на договорните страни и на штета на договорната страна на потрошувачите.
Слободата е основно природно човеково право. Naturalia iura civilis ratio perimere non potest.
Затоа предлагам да се изврши оцена на уставноста и законитоста на член 1 во однос на следниве одредби:
Член 3 точка 44 и Член 82 од Законот за енергетика Службен весник на Република Македонија број 16/2011, кои гласат: Член 3 точка 44 гласи – Квалификуван купувач е купувач кој купува енергија или природен гас од производители, снабдувачи или трговци по сопствен избор и Член 82, став 1 – Сите купувачи на електрична енергија се квалификувани купувачи на електрична енергија.
Членовите 3 и 4 од Закон за облигациони односи : Службен весник на Република Македонија број 18/01 год. Кои гласат: Член 3 – Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи. Член 4 – Учесниците во облигациониот однос се рамноправни.
И член 8 од Уставот на Република Македонија во следниве ставови: ( темелни определби) основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот; владеењето на правото; и слободата на пазарот и претприемништвото;

Во Скопје на 21. 02. 2011. Подносител: Смрт за зони и пајак возила
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Смрт за зони и пајак воз. секако дека ќе го погледнам, но потребно е малку време, ова е сериозна работа.
Ако нешто сметам дека не е во ред, или треба да се надополни, ќе Те известам по ПП.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Знаев дека вака ќе заврши цела церемонија на протест. Дури не се ни потпишав па не згрешив. Затоа што лагано се одби и тој некој си водач таму го однесе протестот кај опозицијата се со цел да добие партиски предзнак и задуши. Планирана работа.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
партиски или не протестот е за доброто на сите ...
Тешко Македонска глава да сфати нешто. Се у партија им се очите, партија на газот да им истетовираат. Кај нас не е битна идејата и целта, битно е кој дошол на протест и од која партија е. И само тоа слушаш партија, партија, партија....
 
B

babsyy

Гостин
Парното поевтинува

Новите пониски цени ќе важат од утре. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Мартовските сметки што ги испорачува Балкан енерџи груп ќе бидат пониски за 14,24 проценти.

Граѓаните пак кои се приклучени на мрежата на Скопје Север од март ќе плаќаат за парно греење цена пониска за 13,45 %.

Во известувањето на регулаторите нема информација за барањето на балкан енерџи за продолжување на загревањето во вечерните часови.

Според регулаторите намалувањето на цената на топлинската енергија е поради падот на вредноста на природниот гас. Канал 5 веќе информираше дека само од јануари до сега природниот гас поевтини за 17%./M.Д.

Извор: Канал 5
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве еден сатиричен текст во кој се вели:
Едвај собраа 10 илјади потписи, а наспроти нив неброени илјади паразити. Душата на системот. Си плаќаат струја важно. А паразитот е најдобар гласач, да повториме. Да не се заборави. Мислам, да се воведе паушал и за струја. Зошто ти се дома тие лустери, машини за перење, сијалици, штекери... за мадро да седат? За курташак? Така да им врви времето? Па тие се таму за да трошиш, ебате тоа простиот.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=6&vest=1561
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631

и официјално потврдено во Македонија има најмногу овци

http://ekonomski.mk/?p=31521
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера, случајно, во паркчето, во близина на Зелен Пазар ја сретнав Госпоѓа Зорица Димовска 16E73C7E02C3BB4B99202E826AD22E16.jpg
Многу се израдував на таа средба.
Кратко поразговаравме... Се согласивме дека е време да се продолжи со Протестите АМАН.
Сеуште ние плаќаме најскапа струја.... Ние имаме и „ индустриска тарифа “.... Ние плаќаме „ ангажирана моќност “..... Споредете ги сметките
Уставниот суд, веќе 10 месеци не ги разгледа иницијативите за правилата по кој Топлификација праќа фактури на исклучените...,
Уставниот суд не ја разгледал и иницијативата од пост # 856, погоре на оваа страница
Има и други работи
Нас политичарите не омаловажија и навредија....
Но ние сме уште тука - Nos summus hic...
Какво е Вашето мислење за ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Важно, важно, важно!!!
На дневниот ред на 15 Седница на Уставниот суд, закажана за 24. 04. ( следната среда ), како 8. точка на дневниот ред ставена е иницијативата која ја постирав во # 856 на истава страна. Да видиме дали Уставниот суд ќе ја врати ефтината тарифа:
Еве што пишува во дневниот ред:
8. Член 1 од Тарифниот систем за изменување и дополнување на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на тарифни потрошувачи бр.01-1309/1, донесен од Регулаторната комисија за енергетика на 30 јули 2012 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/2012
Реферат У.бр.26/2013
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес е одржана седницата на Уставниот суд за која пишував во # 866.
Иницијативата не е прифатена.
На Сител е јавено
На денешната седница Судот расправаше, но не поведе постапка или пак отфрли иницијативите за уште десетина закони и подзаконски акти.
http://www.sitel.com.mk/ustaven-sud-ukina-odredbi-od-chetiri-zakoni

Телма има поопшитен напис во кој, меѓудругото. се вели:
Укинувањето на дневната тарифа за евтина струја не е спротивно на уставните начела, констатираа уставните судии и не поведоа постапка за тарифниот систем за електрична енергија, донесен од Регулаторната комисија во јули минатата година.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=26456

Телма го завршува написот со;

Ова беше последната институционална можност за промена на тарифникот. АМАН организираше граѓански протести и собра над 13 илјади потписи за измена на Законот за енергетика, но Собранието го одби предлогот. Сега очекува одлука и за тарифникот за топлинска енергија, кој предвидува да плаќаат и оние граѓани кои се откажаа од централното парно греење.
--- надополнето: 24 април 2013 во 18:23 ---
За истово известуваат и , Канал 5, Тера телевизија, Тајм МК, Дејли МК, Република МК, 24 вести и други
https://www.google.com/search?q=УСТАВНИОТ СУД НЕ ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА ТАРИФНИКОТ НА ЕВТИНАТА СТРУЈА
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Ова е иницијатива до Уставен суд, за дневната ефтина тарифа, која утре планирам да ја поднесам. Ако имате некаков предлог да го поправам текстот - повелете со предлог:
Би ми било мило Струмикс да го погледа овој текст
......................
До Уставниот суд на Република Македонија, Скопје
Од Смрт за зони и пајак возила, Форум Кајгана Скопје
Предмет: Иницијатива
Поднесувам иницијатива за поведување постапка за оцена на уставноста и законитоста на член 1, од ТАРИФЕН СИСТЕМЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НАТАРИФЕН СИСТЕМ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈАНА ТАРИФНИ ПОТРОШУВАЧИБр. 01- 1309/1, кој на 30.07.2012., година го донесе Регулаторната комисија за енергетика и кој е објавен во Службениот весник на Република Македонија број 97/12 на 31. 07. 2012,
Со овој член е укината дневната ефтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Потрошувачите приклучени на ниско напонската електрична мрежа се прогласени за тарифни потрошувачи и ако такви не постојат според Законот за енергетика. Занемарено е дека сите купувачи на електрична енергија се квалификувани купувачи кои по сопствен избор купуваат струја.
На потрошувачите и снабдувачите со електрична енергија во Република Македонија, кои одамна ги договорија и уредија своите односи околу ниската и високата тарифа на електрична енергија им се наметнуваа одредбите спротивни на нивната волја и на одамна постигнатиот договор. Со тоа, со подзаконски акт им е ограничена слобода, да слободно ги уредуваат меѓусебните облигациони односи.
Затоа предлагам Уставниот суд да ја прифати оваа иницијатива и да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на овие одредби, во однос на одредбите од член 3, точка 44 и член 82, став 1, од Законот за енергетика; членовите 3 и 4 од Закон за облигациони односи и член 8 од Уставот на Република Македонија.
Образложение:
Според член 82 став 1 од Законот за енергетика Службен весник на Република Македонија број 16/2011 сите купувачи на електрична енергија се квалификувани купувачи и воопшто не предвидено постоење на тарифни потрошувачи. Во членот 3 од Законот за енергетика е даден појмовник. Под број 44 од овој појмовник е наведено дека квалификувани купувачи се оние купувачи кој купуваат енергија по сопствен избор.
Постоење на две тарифи за електрична енергија е долго присутно во Република Македонија. Пред да се донесе член 1 кој е предмет на оваа иницијатива, Граѓаните користеа ефтина струја во времето од 13 до 16 часот и од 22 до 07, секој, работен ден, а во недела од 00 до 24 часот. А односот помеѓу ниската и високата тарифа беше еден спрема два. Овие договорни одредби, во идентичен облик. потекнуваат од 1985 година, а пред тоа постоеја други слични договорни одредби.
Во 1985. година, Представниците на договорните страни, производителите и потрошувачите на електрична енергија, организирани во Собранието на СИЗ за енергетика на Македонија, се договорија да дневните ставови за висока и ниска тарифа бидат следни:
„ Поголемите дневни ставови (ВТ) се пресметува електричната енергија испорачана во траење од 12 часа дневно и тоа од 07 до 13 часот и од 16 до 22 часот, во периодот за зимско мерење на времето, а од од 8 до 14 часот и од 17 до 23 часот, во периодот за летно мерење на времето.
По помалите дневни тарифни ставови (НТ) се пресметува електричната енергија испорачана за времето од 13 до 16 часот, и од 22 до 07 часот, во периодот на зимско мерење на времето, а од 14 до 17 часот и од 23 до 08 часот во периодот на летно мерење на времето.
По помали дневни тарифни ставови (НТ) се пресметува електричната енергија испорачана во недела ( од 0 – 24 часот)
Меѓу поголемите дневни и помалите дневни тарифни ставови се утврдува односот 2:1. “
Во врска со овој договор на производителите и потрошувачите на електрична енергија, Собранието на СИЗ за енергетика на Македонија на седницата одржана на 28 февруари 1985 година, донесе Одлука за измени и дополнување на тарифниот систем за продажба на електрична енергија. Овие договорни одредби е внесен како член 4 од оваа Одлука, која е објавена во Службениот весник на СРМ број 15/1985.
Кон овие договорни одредби, договорните страни се придржуваа речиси три децении, сметајќи дека: Hoc servabitur quod initio convenit, legem enim contractus dedit. Се додека Регулаторната комисија не го донесе овој подзаконскиот акт кој е предмет на оваа иницијатива. Со него е практично укината помалата дневна тарифа и тоа е направено, без согласност на договорните страни и на штета на договорната страна на потрошувачите.
Слободата е основно природно човеково право. Naturalia iura civilis ratio perimere non potest.
Затоа предлагам да се изврши оцена на уставноста и законитоста на член 1 во однос на следниве одредби:
Член 3 точка 44 и Член 82 од Законот за енергетика Службен весник на Република Македонија број 16/2011, кои гласат: Член 3 точка 44 гласи – Квалификуван купувач е купувач кој купува енергија или природен гас од производители, снабдувачи или трговци по сопствен избор и Член 82, став 1 – Сите купувачи на електрична енергија се квалификувани купувачи на електрична енергија.
Членовите 3 и 4 од Закон за облигациони односи : Службен весник на Република Македонија број 18/01 год. Кои гласат: Член 3 – Учесниците во прометот слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи. Член 4 – Учесниците во облигациониот однос се рамноправни.
И член 8 од Уставот на Република Македонија во следниве ставови: ( темелни определби) основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот; владеењето на правото; и слободата на пазарот и претприемништвото;

Во Скопје на 21. 02. 2011. Подносител: Смрт за зони и пајак возила
Ако веќе си го пишувал се ова, зошто едноставно не бараш укинување на регулатоната комисија? Nullum commissionibus, nulla cephalalgia.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На страницата на Радио слободна Европа, објавено е
АМАН ја предаде битката против скапата струја

http://www.makdenes.org/content/article/24968122.html
Ова го пренесоа и други медиуми

Мислам дека оваа избрзана одлука. Сеште во Македонија струјата е поскапа од било каде. Затоа мислам дека битката треба да продолжи се до конечната Победа.
Какво е Вашето мислење околу ова?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Какво е Вашето мислење околу ова?
Мислам дека попусто ќе биде да се бориме против системот. Штом уставен не помогна тогаш ни господ не помага во оваа ситуација.
Жално за иницијативата на Аман, ама тука единствен начин да го победиш системот е единствено да го напуштиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom