Верски вести III

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.463
Џамијата „Мехмед Бег“ во Берово ќе добие ново минаре
Понеделник, 18 Февруари 2013 12:01
Почна изградбата на ново минаре за градската џамија „Мехмед Бег“ во Берово. Изградбата на минарето е во согласнсот со измените на Деталниот урбанистички план и за него е добиено одбрение за градба од надлежните органи.

На пригодната свеченост по тој повод,покрај верниците од Малешевијата, присуствуваа и Поглаварот на ИВЗ во Република Македонија Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, претставници од Амбасадата на Република Турција во Скопје и гости од Турција.
Новото минаре ќе има висина од десет метри, а неговата изградба е овозможена со финансиска поткрепа во вид на приватна донација од турски донатори. Рокот за завршување на изградбата на минарето е до крајот на март годинава.
Градската џамија „Мехмет Бег“ во Берово била изградена во периодот од 1863 - 1864 година, а до сега е реновирана повеќе пати.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Премин на Бискупи на Ислам е причина за оставката на Папата

Саудискиот истражувач кој се занимава со компаративна религија Исам Мудир објавил на твитер дека вистинските причини за оставка на папата која ја разниша католичката заедница, е тоа што е изгубена страница од Старо евангелие во кое што е спомнато името на Пратеникот Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, како и дека моментално тројца бискупи го кријат своето преминување во Ислам, а тој уште не ги открил нивните имиња.
Бискупот кој е одговорен за исчезнувањето на наведената страница отишол во Јужна Африка, во земјата на Ахмед Дидат, кој бил заслужен за неговото прифаќање на Исламот, наведува Исламмемо.
Саудискиот истражувач барал да разговара со званичниците на Ватикан бидејќи неверува дека болеста е причината за оставката на папата, бидејќи папата бил и претходно болен, но недавал оставка.Во врска со тоа Исам и порано наведувал дека 35 бискупи и званични лица преминале на ислам, но тоа Ватикан го негирал. Во тоа во Ватикан се премолчувало повеќе од 6 години што Бенедикт според Исам Мудир неможел да го истрпи.
Мудир додава дека Бенедикт се обидувал да го прикрие преминот на ислам на бројни бискупи со константни изокренувања за фактите за Пратеникот на Исламот. Документот кој го спомнува името на Пратеникот на Исламот е загубен, заради тоа папата се отргнал од позицијата поглавар на Римокатоличката црква. Мудир ги повикува интелектуалците да го истражат овој случај.

Акос ба
www.povikkonvistinata.org
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

добро бе муки бар да беше ова од некоја друга страна ке веруваме ама од странава со пропаганди
повикконвистината мислам незнам што да кажам

заборавиле да споменат и дека исус кажал дека ке дојдат многу пророци лажни после него
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
добро бе муки бар да беше ова од некоја друга страна ке веруваме ама од странава со пропаганди
повикконвистината мислам незнам што да кажам

заборавиле да споменат и дека исус кажал дека ке дојдат многу пророци лажни после него
ОД МОДЕРАТОРОТ:
Темава ќе служи како збирка на послени случувања од областа на религијата но не и за дискусии!
Несакам да бидам казнет за понатамошна дискусија, темата ја постирав поради тоа што јас му верувам на тие кои ја прикажаа веста. А за друго за скоро можеби и на други веб страни ќе се прошири истава вест. Па зашто јас да му верувам на вестите против исламот кои се прикажуваат, можеби и тие се лага како што моменталнои сите христијани ќе мислат дека оваа вест е лага? Затоа ова нека биде мој последен коментар за да не добиеме казна од модераторот, за дијалог вече си водиме дијалог на местото заслужено за дијалог. ;)
 
sekako
moze da se izbrisat komentarive
samo kazav deka mene ovaa strana ne mi e verodostojna
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Истото го кажав на темата прашања за исламот... И таму реков дека никој не напаѓа држава бидејќи мнозинството таму верува во овој или оној бог. Небитно е тоа... сосема небитно. Војни од секогаш се воделе и ќе се водат уште долго само заради една работа...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Истото го кажав на темата прашања за исламот... И таму реков дека никој не напаѓа држава бидејќи мнозинството таму верува во овој или оној бог. Небитно е тоа... сосема небитно. Војни од секогаш се воделе и ќе се водат уште долго само заради една работа...
Темава ќе служи како збирка на послени случувања од областа на религијата но не и за дискусии!
Како што кажав погоре секоја вест која заслужува вниамание за дисусија ќе се отвори тема за неа, за да не стане ова место хаос од се и сешто!

Од модераторот.
Поздрав.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.463
Кај Смилковското езеро ќе се гради црква во спомен на петмината убиени

Текст: Макфакс
Македонија | 23 февруари 2013

Ќе се гради црква кај Смилковското езеро, на местото каде свирепо беа убиени четирите млади момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и рибарот Борче Стефковски од Црешево на 12 април минатата година.
Месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче во општина Гази Баба иницираа изградба на Македонска Црква „Светите четириесет маченици - Младенци“ како траен спомен за убиените.
„Црквата во основата ќе биде 150 м2 со уреден парк од 6.000 м2, а околу црквата ќе има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма ЖИКОЛ, за што иницијаторите изразуваат голема благодарност до ктиторот и сите донатори“, соопштуваат од општина Гази Баба.
На осветувањето ќе присуствуваат месното население од околните села, семејствата на убиените и Архиепископот Охридски и Македонски со свештеници од Скопската епархија на Македонската Црква - Охридска Архиепископија.
Судскиот процес за грозоморното убиство што ја потресе цела земја почна на 20-ти декември минатата година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Судењето се снима визуелно и тонски со две камери. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, им се суди во отсуство.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
кажи нешто ако има жиро сметки за донација или било што др за изградба
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Днес беше избран и интронизиран новиот бугарски патриарх - Негово Светеjшество патриарх Неофит
Достоен - достоен,достое, достоен
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Повеќе од 50 проценти од свештениците во Католичката црква се хомосексуалци

26.02.2013 | 18:36
Извор: Точка
Во интервју со новинарката Кристина Аманпоур од CNN, поранешниот свештеник Марк Дауд, кој и самиот признал дека е хомосексуалец, изјавил дека една половина, ако не и повеќе од свештениците се хомосексуално ориентирани и тоа го оценил како "темпирана бомба во Католичката црква".

"Од една страна, црквата не учи дека привлечноста кон истиот пол, е на некој начин своевидна болест, пореметување, тоа се зборови на кардиналот Ратзингер од 1986 година. Од друга страна знаеме дека барем 50 проценти од свештениците се хомосексуално ориентирани и ги привлекува истиот пол", изјавил Дауд.

Потсетуваме, Ватикан вчера објавил дека шкотскиот надбискуп поднел оставка, еден ден откако еден британски весник ги објавил обвиненијата за децении долгото недолично однесување кон свештениците. И италијанските весници минатиот викенд ги објавиле највалканите извештаи за хомосексуалноста и уцените во црковната хиерархија, потсетува CNN.

"Кога имате тајни, има и шанса за уцена и манипулација. Хомосексуалците се масивно застапени во црквата", вели Дауд, кој денес се бави со новинарство.

Познатиот ватикански новинар Марко Полити ги отфрлил тврдењата на Дауд, нарекувајќи ги ѓубре. Тврди дека информациите за постоење на хомосексуално лоби, кои биле објавени минатиот викенд во италијанските списанија "La Repubblica" и "Panorama", се неточни и дека никој не го видел тајниот извештај на Ватикан.

"Овде во Ватикан постојат кардинали кои имаат љубовни афери со жени и мажи. Но тоа го кријат. Тие се либерали или конзервативци, но сигурно не делуваат како хомосексуално лоби", заклучил Полити.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.463
ВИДЕО: Жената на која и беа отсечени носот и ушите со нов лик
Среда, 27 Февруари 2013 19:40
Авганистанката Ајша Мохамадазаи на која и се отсечени носот и ушите бидејќи се обидела да побегне од присилниот брак во кој била малтретирана. Фотографијата со нејзиното уништено лице го обиколи светот.

Ајша живее во САД каде направи пластична операција со која и е реконструирано лицето.
- Секој ден бев злоупотребувана од страна на сопругот и неговото семејство, вели Ајша.
Раскажала дека постојано размислувала за бегство. Еден ден побегнала, но ја фатиле и ја сместиле во затвор на пет месеци по што судијата пресудил да се врати кај својот сопруг.

Таа ноќ ме одведоа во планините. Не знаев што се случува. Ми ги врзаа рацете и нозете. Таму имаше уште луѓе, талибанци. Ми рекоа дека како казна мора да ми ги отсечат носот и ушите, и тоа и го сторија, раскажува Ајша.

Покрај ова нејзино страшно искуство таа им порачува на жените со сличен проблем навреме да реагираат и консултираат со надлежните органи и нокогаш да не се откажуваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom