Диети за зголемување килажа

Месо, гејнер и теретана. Значи минимум 100 евра месечно да имаш само за тоа и ќе се здебелиш.
За 100 евра може само месо и јајца да си купи,каде се изворите на јаглехидрати,здрави масти,каде е гејнерот,каде е месечната членарина за теретана:)
 
За 100 евра може само месо и јајца да си купи,каде се изворите на јаглехидрати,здрави масти,каде е гејнерот,каде е месечната членарина за теретана:)
Нема потреба од толку, ваљда сака да стане атлет не билдер. А да, малце се кога ќе видиш 100 евра како и да е, али тука е и јадењето од мајка му/баба му (значи тоа си е башка) лол.
--- надополнето: 22 февруари 2013 во 23:28 ---
Немам толку пари за фрлање на месечно. Да ја пензионирам сега желбата или што? :)
На жалост, да. Немаш друг начин јебига.
 
Океј, официјално се откажувам тогаш од целта за кревање тежина и дефиниција :). Немам толку пари на располагање, очигледно.
 
Немам толку пари за фрлање на месечно. Да ја пензионирам сега желбата или што? :)
Батали тоа, следи го или тоа ја што ти го реков, или погоре Hellsing
 
Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.

Најсигурно ти е да си броиш калории, освен ако не ти е замарање.

Прво пресметај си колку трошиш дневно за егзистирање:

http://www.bmi-calculator.net/bmr-calculator/

после додај си 250 калории над тоа (месечно 250*30 = 7500, а 7000 калории е 1 кг) и мери се секоја недела на вага, ако нема прогрес за 2 недели зголеми +250 и така натаму.

Ова ти е најсигурно, јас за 2 месеци кренав 1 кг и тоа темпо ми е таман.

Еве ти пример исхрана за еден ден:

WTwx7PX.png

Ако не вежбаш не ти требаат толку протеини, замени ги со повеќе јаглехидрати.
 
Прерачунав кога некој може да ослабне и 20 и 30 кила зошто јас да не можам да се здебелам за 12 кила... после ќе се мислам како да ги задржам
Зедов вага, го наполнив фрижидерот и оставите за овошје и зеленчук и почнав
Ама овие три дена резултатите се.....
Имав 52,4кг завчера 53,1кг вчера и поразителни 51,7 денеска
Зошто кога јадам како стока и немам штетни навики?

Пробал некој друг со сила да се здебели?
 
Како бре успеа за еден ден да ослабеш 2 кила? o_O
 
можда ми треба недигитална вага од оние старите
ама каде и да ја ставам толку покажува

сега напрајв upload со два тоста и кисело млеко,,, ми е срам да се сликам за фејсбук
 
Прерачунав кога некој може да ослабне и 20 и 30 кила зошто јас да не можам да се здебелам за 12 кила... после ќе се мислам како да ги задржам
Зедов вага, го наполнив фрижидерот и оставите за овошје и зеленчук и почнав
Ама овие три дена резултатите се.....
Имав 52,4кг завчера 53,1кг вчера и поразителни 51,7 денеска
Зошто кога јадам како стока и немам штетни навики?

Пробал некој друг со сила да се здебели?

Ти се собрало првите 2-3 дена може во WC не си била :P
Се шалам, еден другар е многу слаб и не знам што не проба за да се здебели, дури и апчиња купуваше за апетит ама не успеа пак си остана таков... Сега и една другарка ми кажа дека на здрав начин ќе се обиде да се здебели, ама искрено не сум се видел убаво со нејзе од тогаш за да знам дали постигнала некој ефект... Доколку ја видам ќе ја прашам и ќе ти кажам и на кој начин успеала...
 
да надополнам, ПРЕМАЛАТА ТЕЖИНА (а немаш здравствени проблеми) НЕ Е ПРОБЛЕМ, НАПРОТИВ, БЛАГОДЕТ Е!!!
што се' не би дал да можам да имам 20кила помалку, .... ееееее, мераци.
 
Аман, до кога со ваквите теми. Ова не е палтото, ќе го закачам на закачалка, па ќе го откачам... не се дебели преку ноќ. Нити пак се слабее.

Мислиш? Сега ќе видиш дека можам
па макар и завршила на токсикологија :) што сака нека биде :pipi:
 
Хх ова не се вика Обратна диета . За да се поправиш,ти треба да пиеш по едно пиво на ден,почни по една таблета шумачи па после по таблета ипол на ден за да ти се зголеми апетитот и со се јади овошје и зеленчук.И секако,вежбај и пред вежбањето јади благо псоле вежбањето јади 2-3 белки од јајца сматени со една банана.Немора да се ставаш строго на протеини,лошо е за бубрезите,но не ставај се и на масти,уште полошо.Држи рамномерно јаглехидрати и протеини :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom