На другар ми му се допаѓа девојката на којашто ѝ се допаѓам... што сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата -Rubik-
  • Време на започнување Време на започнување
Bros before hoes,bro code у кој филм живеете бе тапчовци,ве сјебаа тоа америчките филмови.Она ме свиѓа,јас ја свиѓам,што да праам сеа ако другар ми ја сака а таа него не го регистрира.Да ја одјебам у име на некаков бро коуд.Едино бро коуд си имам со брат ми пошо е моја крв и срод,другари нит ме родиле нит ме одраснале,сум имал 100 другари со кој нит сум се скарал нит ништо,со тек на време од такозвани браќа сме дошле до здраво-здраво на улица и толку.Ги респектирам луѓето со кои се дружам,али да праам жртви у стил се свиѓамe со некоја цура али не ја дирам пошо некој другар ја свиѓал,ма не ме јеби брее...
 
Добро што ја тупите толку со тој bro code? Нормално дека секој во друштво од прилика знае како функционира друштвото на кои принципи се темели истото, согласно и со нив функционира инаку не би бил дел од тоа друштво. Искрено многу глупаво ми е да барам дозвола од некого за нешто што сакам да го направам. Можам да разговарам, да видам како се чувствува другарка ми, како би реагирала, па после да одлучам што да правам, што ми е побитно, што мислам дека повеќе вреди, но да ја прашувам за дозвола не знам баш.
Инаку тука треба да се разграничат некои работи, дали првиов другар што не направил ништо со девојкава ја симпатишел само или имал и некои подлабоки чувства за типкава. Два различни моменти каде подруго треба да се реагира. Нормално дека ако другаров е заљубен во девојкава педерски е да му ја земеш пред нос без разлика што таа со него не сака ништо. Втора битна ситација, дали другаров што веќе ја смувал имал од порано некои симпатии кон неа или пак од самата ситуација што типкава што ја брка другар му го свиѓа него му се дигнало егото па мисли дека се заљубил.

Инаку конкретно за болдираното, никако не би се чувствувала. Што има да ми пречи ако мојот бивши е сега среќен со другарка ми и таа со него? А воедно јас ништо не чувствувам за него, впрочем можеби и јас имам некој друг.
Сум имала ситуација кога другарка ми сама ми го намести нејзиниот бивши кога примети дека тој има некои симптии спрема мене. Па ништо, пак сме си другарки, пак нормално функционираме.
Џабе е и да ти објаснувам пошто едноставно си женско и никогаш нема да сватиш. Женското друштво со машкото друштво се два различни поими и се неспоредливи едно со друго како по поставеност така и по функционирање.
Така да искрено тоа што го кажа за во женско друштво е сосем честа и најнормална работа.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 15:28 ---
Bros before hoes,bro code у кој филм живеете бе тапчовци,ве сјебаа тоа америчките филмови.Она ме свиѓа,јас ја свиѓам,што да праам сеа ако другар ми ја сака а таа него не го регистрира.Да ја одјебам у име на некаков бро коуд.Едино бро коуд си имам со брат ми пошо е моја крв и срод,другари нит ме родиле нит ме одраснале,сум имал 100 другари со кој нит сум се скарал нит ништо,со тек на време од такозвани браќа сме дошле до здраво-здраво на улица и толку.Ги респектирам луѓето со кои се дружам,али да праам жртви у стил се свиѓамe со некоја цура али не ја дирам пошо некој другар ја свиѓал,ма не ме јеби брее...
Тоа само кажува дека немаш вистински другари туку познаници за излегвање. На никој посебно од нив неможеш да се потпреш нити тие на тебе. Функционирате секој за себе, а сте заедно од некој заеднички интерес кој кога ке го снема, ве снемва и вас како друшто. Инаку која е логиката да се замериш или да го доведиш во непријатна ситуација некој со кој се дружуш години години за некоја си рандом женска која утре можи ке биди тука можи не, а ја знаеш одвај неколку дена или недели. Тука нешто не е во ред, или едноставно си самодоволен и себичен и ич кур не ти чуе за никој освем за себе.Има и такви типови не велам не, но и сам си кажа дека тебе всушност и не ти требаат другари туку некој од кој имаш интерес и доттогаш ке се дружите, после ке си правите здраво на улица. Инаку тоа не се другари во вистинска смисла на зборот и затоа малце ги побрка брзините.
 
Огромна е веројатноста да не осетиле другарство, огорчени се од другарите/ките или да го направиле/биле спремни да го направат тоа што е тема на муабетов.

Џабе објаснуваш. Јас ти и сличните на нам не би го направиле тоа, додека пак, некој би го направил, без око да му трепне зошто МОЖЕБИ станува збор за љубов.

А за љубоФ не се размислува многу. Еднаш доаѓа :facepalm:
 
Од кај ке имат другари кога сите им се на фејсбук, или тук таму некој за излегвање.
А друга работа побитна што е, е себичноста како личности.
Нити ослетиле нити знаат што значи тоа прв другар. Тоа за нив значи некој кој прв им пратил пријателство на фб;)
 
Peja989

А што ако од "тој" другар ти немаш место да начекаш, затоа што тој е шема во друштвото и секоја втора женска му се допаѓа, а ти малце поповлечен и никако да дојдиш на ред да си искажиш свои чувства?
Дали треба да се воздржуваш да ги искажеш своите чувства и во името на пријателството со другар ти да се бориш да го задржиш?
 
Абе добро правите вие разлика од другар до другар.
Во животот неможеш да бираш роднини и комшии, другарите и пријателите сам си ги бираш.
Ако не ти чини како другар, ке си најдиш некој со кој сте сличен, а не да се шалташ покар шемаџијата надевајки се дека ке ти фрли некоја коска.
 
Па тоа не е другарство, другарството е долготрајно како што Вие го нарекувате, неколку души.Дека си има некој броу код каде што не треба да се прекршува. Јас убаво те прашав што ако се случи ова што ти го наведов, ти ми викаш да си најдам друг другар... тоа не е нов другар туку познаник со којшто треба да помини некое време за да ти стани другар на кој што можеш да се потпреш во одреден момент кога ќе ти биде потребна било каква помош.

Зборот ми е дека нема другар кога се работи за нешто кое што ти оди во прилог, затоа што откај знаеш можеби таа е вистинската жена со којашто можеби ќе го делиш животот. :icon_mrgr:
 
Па добро де другарстото е трајно и треба време. Е сега ти што сакаш да си го губиш времето со некој познаник пошто сакаш да ти биде другар е сосем друга работа. Јас колку што сватив не сте ни слични по карактер а не пак исти.
Незнам како си го сваќаш ти другарството, ама очигледно многу погрешно го сваќаш. Неможеш ти да планираш со кој ке останиш најверен другар. Ова твоето иди дека сакаш да ти стане најверен другар пошто е шемаџија дечкото, а пошто тебе не те бива , покрај него можи и ке фатиш нешто. Арно ама кога ке фатиш ни другар ке се види ни бутур. Значи имаш само интерес нели?
За болдираното ако сметаш дека се исплаќа ризикот ризикувај, но не очекувај дека ако не ти испадна планот или ако испадни дека не била таа таа вистинската дека ке биди како ништо да не било се до следниот пат кога ке испадни вистинската. И ако е вистинската ке имаш женска но ке немаш другари барем не вистински и тогаш само господ нека ти е напомош кога ке те земи под нозе. Си слушнал за папучар зборот. Е па тоа не е ништо во споредба со тоа што тебе ке те чека во иднина. Рачунај домазет дека ке станиш.
 
Не сум бил јас во таква ситуација, но имам другар којшто му се допаѓаат сите. Тоа го нема кај нас, затоа што само тој гледа да ќари нешто. Јас сум малце подруг тип (поспецифичен, не мора да објаснувам овде не е место ). Зборот ми е беше дека вие одма би го прекшриле пријателството, а сепак дотогаш сте биле блиски другари.
Јас го сфаќам другарството кое што сме го делеле од мали со некое друго дете каде што сме се дружеле,сме играле , сме правеле глупости и сл. А сега вака како повозрасни како да си помогниме меѓусебно во одредени ситуации доколку се можи. Впрочем и многу е добро тоа што секој се обидува на свој начин да ќари нешто затоа што секој сака да си го нареди животот како што му одговара, кој сум јас или некој друг во друштвото да му кажува што да прави и по која да оди и нема тука лутење ова е сосем нормално.

Муабетот на темата е друг, доколку девојката те бендисува тебе, а тој другар ти шемаџијата и се упикува и да не можеш ти да си свршиш работа.Тука настануваат кавгите поради.... guess who? :icon_lol:
 
Ептен хипотетичка ситуација, но како што реков сам си бираш со кој ке се дружиш.
Другарството е двонасочна улица!
 
Е дупните ја двајцата, ебате другарите. Нели све се дели со другар?
 
Bros before hoes,bro code у кој филм живеете бе тапчовци,ве сјебаа тоа америчките филмови.Она ме свиѓа,јас ја свиѓам,што да праам сеа ако другар ми ја сака а таа него не го регистрира.Да ја одјебам у име на некаков бро коуд.Едино бро коуд си имам со брат ми пошо е моја крв и срод,другари нит ме родиле нит ме одраснале,сум имал 100 другари со кој нит сум се скарал нит ништо,со тек на време од такозвани браќа сме дошле до здраво-здраво на улица и толку.Ги респектирам луѓето со кои се дружам,али да праам жртви у стил се свиѓамe со некоја цура али не ја дирам пошо некој другар ја свиѓал,ма не ме јеби брее...
Епа очигледно си немал ДРУГАРИ друже.Замисли да имаш другари блиски како брат ти да сте поминале низ добро и лошо, а посебно второво пошто другарите во лошо се познаваат.
Самиот си кажа само со брат ти си имал бро код што значи си немал други вистински другари.
Во цел живот ако имаш 4-5 вистински другари е голем успех да не ти раскажувам сега приказни и да философирам за што е тоа вистинско другарство тоа животот најдобро ќе те научи.

Еве замисли ја истава ситуација тебе и на брат ти да ви се случи што би направил ти?

Не знам колку ја читаш темава проблемот е што другарот на дечково ја свиѓал девојката, а овој без да знае ја смувал позади грб и воедно вели дека ми е најдобар пријател.

Дали не мислиш дека должност му да го извести другарот вака и вака брат јас ја смував нејзе, а не да се крие зад девојчето?

Пошто биднала работата он треба да му каже на другарот, а не рогови да му набива па после може ќе се налути другаров ама ако му е најдобар другар ќе му прости по некое време.

Еве кажи ми ти дали на брат ти би му набивал рогови?
 
Не се кријам позади девојчето. Всушност, тоа и ми беше прашањето, како,кога,дали да му кажам на другарот, а не дека требало да мислам предтоа, дека сум згрешил. Тоа и самиот го знам, фала.
 
Поентата ми беше гледај од тебе да дознае пошто многу полошо е од некој трет да дознае мислам ако вистина го сметаш како најдобар другар да беше некој „обичен“ другар би рекол и не е толку страшно ама сам пиша дека бил најдобар, а за другарство доверба,почит и достоинство се едни од најважните особини.

Кажи му ти можеби ќе се налути човечки е па остави му простор и освен ептен ако имал чувства(што чисто сумњам пошто кажа дека она ништо немала со него) ќе ти прости за брзо време се зависи од карактерот.
 
Не се кријам позади девојчето. Всушност, тоа и ми беше прашањето, како,кога,дали да му кажам на другарот, а не дека требало да мислам предтоа, дека сум згрешил. Тоа и самиот го знам, фала.

Уште не си му кажал бе?

Како што си бил маж да ја муваш, биди маж и кажи му.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom